Значи вака.
1.Отвори ја страната java.sun.com
2.Потоа десно на страната ќе видиш Top Downloads дел, и ке одбереш Java SE(Standard Edition)
3.На наредната страница ке одбереш Java Platform(JDK) 8 без NETBEANS !!!
4.Одиме понатаму, потоа ке се согласиш со условите на Java т.е ќе го означиш(Accept License Agreement )полето
5. Од подолу дадените можности ке одбереш Windows x86 доколку имаш 32-битен Windows, а доколку имаш 64-битен ќе одбереш Windows x64
6.Oткако ке се симни егзекутабилниот фајл, стартувај го и инсталирај го истиот(Next..I Agree. OK бла бла бла...)
7.Откако ќе заврши инстлацијата ќе појдиш во локацијата кај шо си го инсталирал ЈDK и ќе го пронајдеш фајлот со име bin, на било кој од фајловите внатре во bin ќе кликнеш десен клик па потоа Properties и ќе го копираш делот(патеката) во Location делот ( на пример C:\ProgramFiles\Java\1.8.0\bin...ОВА Е САМО ПРИМЕР !, ти имаш сигурно друга патека...
8.Откако ќе стегнеш десен клик и Copy на истото оди и кликни десен клик на MyComputer>Properties>AdvancedSystemSetings. Потоа ќе ти се отвори ново прозорче(SystemProperties>Advanced>EnviornmentVariables. Потоа пак ќе ти се отвори ново прозорче... во делот EnviornmentVariables ќе кликнеш New... и потоа пак ќе ти се појави ново прозорче(хахаха), во полето Variable name: ќе напишеш Path а во полето Variable value: ќе и направиш Paste на горе споменатата патека(C:\ProgramFiles\Java\1.8.0\bin(твојата патека, не оваа.....) и ќе кликнеш ОК и неколку последователни ОК дури не ги снема сите прозорчина
9.Потоа оди во Start менито и во Search напиши само cmd и отвори го ComandPrompt, откако ќе го отвориш напиши javac, доколку ти се појави долг текст тоа значи дека компалјерот е во ред и дека е спремен за работа
Се надевам дека помогнав, Поздрав