Пред некое време добив коментар ,,па може ли ти да си крива понекогаш,,...
и од мама сум го добивала истиот коментар ама не сум обрнувала внимание бидејки што се однесува до неа јас сум крива за се што ќе тргне наопаку.Но овој коментар од сосема неутрална личност го добив и ме натера да се замислам за прашањево.Не сакам да признаам дека грешам.Тешко ми паѓа тоа.На некое потсвесно ниво знам дека не сум во право но продолжувам да се инатам додека гледам дека има мегдан.Но сепак зависи и до грешката.Ако од мене се бара да прифатам некоја одговорност,и од таа грешка зависи нешто,никогаш не сум ја избегнувала,ниту вината,ниту одговорноста.Грешките повеќе ги гледам како мотив отколку како разочарување но сепак не се водам од тоа кој работи греши.