Тамарче
Ако одам во Битола..
Да мислам дека насловот на темата кажува се:
Во случај на грешка, ја признавате ли грешката, или вешто сакате да го прикриете пропустот?
Можете ли да се соочите со грешките свои?
И кога ќе се соочите со грешката, имате ли доблест да ја прифатите одговорноста и да признаете дека грешите?
Колку често пропустот го префрлате на друг човек?
Колку сте доблесни да признаате дека вие сте ја направиле грешката, да се извините и да побарате уште една шанса?
Ги оправдувате своите грешки, живеете со мотото “Кој работи греши“?
Грешките ги прифаќате како секојдневие-составен дел од работата или пак како неуспех?
Грешките се причина за разочарување или дополнителен мотив да се биде подобар?
Ох колку ми е тешко да признам грешка. Ептен. Некогаш дури сама се убедувам дека не сум крива јас, дека тоа било игра на околностите, дека јас сум жртва, бла, бла.
По некое време, ко ќе видам дека залудно се лажам и дека ми е многу тешко на душата, си признавам. Ја признавам грешката, и ја прифаќам одговорноста (ок, не секогаш).
Да се извинам? Хм.. Ако сметам дека го заслужиле извинувањето, да, ќе се извинам. А втора шанса? Барам да.
И да. Грешките се секојдневие, грешките се неуспех, грешките се слабост. Како сакаш речи исто ти се фаќа.
Грешките се причина за разочарување или дополнителен мотив да се биде подобар?
Некогаш се разочарувам в крај и немам сили да продолжам понатаму.
Ама после то, си се тешам некако и продолжвам понатаму.
И дефинитивно. Некогаш знаат да бидат совршен мотив за да се стане подобра личност.