Не, зошто да убивам нешто што ме прави среќна?
Работите што не усреќуваат не треба да ги убиваме, туку да се бориме да останат такви, да не прават среќни.
Но, најчесто не ни возвраќаат со иста мера. Тогаш љубовта не убива нас.
Сум се борела да опстои каква и да е љубов, само заради среќата што ја осеќаш на кратко, колку и да боли afterwards. Вреди. Ама некогаш силите да се бориш сам за нешто што го посакуваш само ти и никој друг, се трошат. Тогаш прекинуваш да ја одржуваш љубовта меѓу вас, другиот не превзема ништо и таа сама од себе венее и умира. Индиректно си ја убил, со тоа што веќе не ја полеваш.
На сите ни се десило и ќе ни се деси. Не верувам дека има таков кој до крај издржал и дочекал да му се врати сето она за кое се борел.
Капа му симињам на тој што имал сили да се бори за љубов и ја добил битката, а не се откажал на пола пат.