Ja убивате ли љубовта?

С

Сатори

Гостин
Ne ja ubivam, sama umira!
"Whatever dies, was not mix'd equally!", arno rekol cicko Jhon Donne. Taka i ljubovta, koga dushite ne mozat da se spojat i sozdadat celina koja ke egzistira!
No, koga ke zabelezam deka e na smrtna postela i tvrdoglavo odbiva da gi sklopi ocite e togas pocnuvam masakar! Del po del, kinam, parcosuvam! Krvavo e i boli ama nemam hrabrost da i zarijam kursum i da gi prekinam makite odednas!
Ете ова секогаш сум имала проблеми да го разберам, зошто бре не се обидеш да ја спасиш, наместо тоа ја убиваш?
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Уф, на моменти и те како уживам да ја убивам. Почнувајќи со губење на блискоста со личноста, урнување на довербата која сум ја имала... делче по делче, се додека тотално не се уништат и темелите врз кои бил основан нашиот однос.

Дем, колку звучи ова мазохистички, ама кога во во моите очи, кулата што сум ја градела ќе почне да се накривува и знам дека кога-тогаш ќе се сруши, порадо би ја срушила самата што побрзо, отколку да го чекам земјотресот да го стори тоа наместо мене.:toe:

А во поглед на следново, иако не е наменето за мене:

Ете ова секогаш сум имала проблеми да го разберам, зошто бре не се обидеш да ја спасиш, наместо тоа ја убиваш?
Сатори, има моменти кога едноставно губиш волја, ти се ствара одбивност од помислата да се трудиш да спасуваш нешто кога знаеш дека пак исто ќе заврши. Еднаш си замижал, два пати си замижал, за третиот пат веќе почнуваш да се двоумиш, а четвртиот ти доаѓа преку глава и пресекуваш.
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Зависи која љубов. Ако ми одговара, ја негувам. Ако сум во подредена положба во однос на неа, ја оставам да скапе и се фокусирам целосно на друга страна.
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
по потреба да ја убивам, али само по потреба ко ќе нема друго решение :)
 
С

Сатори

Гостин
Сатори, има моменти кога едноставно губиш волја, ти се ствара одбивност од помислата да се трудиш да спасуваш нешто кога знаеш дека пак исто ќе заврши. Еднаш си замижал, два пати си замижал, за третиот пат веќе почнуваш да се двоумиш, а четвртиот ти доаѓа преку глава и пресекуваш.
Андреа, јас не зборувам за трпење на нечии туѓи неодговорни потези, туку за ситуации кога љубовта доаѓа до крајот затоа што некој и дозволил тоа да и се случи.
Јас сега во моментов, не можам да замислам да бидам само допрена од друг човек покрај него, а не па дозволам да дојде до таква, грозна ситуација.

Не знам, мене ми е просто несфатливо, како можат луѓето да не се борат за она што е најсвето.:toe:
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
1.543
Поени од реакции
42
Ако не ми иде како што треба,ја убивам во моментот...Не сум многу чувствителна а секогаш се надевам на подобро,па затоа не ми претставува проблем да пишам - и да се ориентирам кон друго :smir:
 
~BlueBerry~

*I love my dreams*
Член од
8 јануари 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
63
Aх, сеа би рекла повеќе.... МЕ УБИВА ЉУБОВТА....
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Андреа, јас не зборувам за трпење на нечии туѓи неодговорни потези, туку за ситуации кога љубовта доаѓа до крајот затоа што некој и дозволил тоа да и се случи.
Јас сега во моментов, не можам да замислам да бидам само допрена од друг човек покрај него, а не па дозволам да дојде до таква, грозна ситуација.

Не знам, мене ми е просто несфатливо, како можат луѓето да не се борат за она што е најсвето.:toe:
Но сигурно нема да дојде до крајот поради тоа што на едниот од партнерите му текнало преку ноќ да пресече. Никој без причина не би дозволил да се случи тоа, доколку дотогаш се` било сосема во ред, нели?

Искрено, ти посакувам никогаш да не дознаеш какво е чувството откако после сите напори, вложување во врската, насочување на целото твое постоење во неа ќе добиеш еден така фин шамар и во истиот миг ќе ти се сруши се` што дотогаш си градела, ќе ти се згади од самата врска, дури и од партнерот со кој до вчера си го делела истиот кревет и безрезервно си го сакала. Едноставно, повеќе нема да чувствуваш потреба да се бориш, бидејќи во “тој“ миг, она “најсветото“ исчезнало и не останало ништо вредно на кое би се посветила.
 
Секако дека не се носат толку битни одлуки преку ноќ, ако освен, се разбира не го сакаш партнерот, но и тогаш, нешто не би било во ред.Но тоа може да потекнува дури и од психата на човекот.
Искрено, ти посакувам никогаш да не дознаеш какво е чувството откако после сите напори, вложување во врската, насочување на целото твое постоење во неа ќе добиеш еден така фин шамар и во истиот миг ќе ти се сруши се` што дотогаш си градела, ќе ти се згади од самата врска, дури и од партнерот со кој до вчера си го делела истиот кревет и безрезервно си го сакала. Едноставно, повеќе нема да чувствуваш потреба да се бориш, бидејќи во “тој“ миг, она “најсветото“ исчезнало и не останало ништо вредно на кое би се посветила.
Тоа не е убиство на љубовта, тоа е веќе одамна убиена љубов.
Се надевам и јас, искрено се надевам.
 
Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Во различни ситуации, различно. Ама најчесто јас ја убивам:nesvest:
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
17
Поени од реакции
0
некогаш се понашам толку непромислено,го барам невозможното,сакам да е по мое...а тој не сака да ме навреди или повреди и ме трпи и тера по мое. и понекогаш кога ке се сетам шо сум му правела се срамам многу и тогаш се јавува таа вина т.е. грижа на совеста зошто му правам така. и без да ми потврди знам дека ако љубовта умре јас ке бидам УБИЕЦОТ.
П.С.што значи да, признавам дека ја убивам љубовта...
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Немам толкава моќ.Не би сакала ни да ја имам.Поради љубовта многупати имам почувствувано дека се преродувам.Да, имам почувствувано и дека умирам, дека ме убива...Но таа останува да биде единственото нешто што може да ме спаси...Таа е проклетство и благослов истовремено...
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Неопходно е лудило од највисок степен за да се убие толку убава работа.
 
Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Имало моменти кога сум ја потиснувала бидејќи веројатно разумот преовладувал и ме посоветувал дека и тоа не е баш така најпаметно.
Ама sooner or later ќе сфатиш дека тоа и не било баш така најпаметно затоа што ќе испловат и излезат на површина чувствата што длабоко си ги потискал(во случајов љубовта) и тоа посилно него било кога.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom