Кога некој ќе се појави да аргументира и да дискутира како што треба, пак ќе дискутираме. Дотогаш, не чувствувам потреба.
Јас ќе се обидам.
Песната на која вие браќа и сестри мили и се восхитувате, ја примам со резигнираност и максимална ДЕФКОН 2 претпазливост, поради сомнителните љубовни врски помеѓу многу Мари и Прелиќи од Македонија и Бугарија (во конкретниов пример; истото важи и за северниот ни сосед), чудна љубов во која не се знае кој е покурназ од кого, како шаховска партија меѓу Спаски и Фишер, а јас сум без спознание кој е Роберт Џејмс меѓу нас....
Пишувана и пеена е на јазик кој јас ДЕНЕСКА кога живеам и велам дека сум МАКЕДОНЕЦ (а нити бугарин, нити србинн, нити цитрон, нити апачи, нити марсовец...) НЕ го разбирам, ми е туѓ и ме потсеќа на тие сомнителни љубовни врски кои не делат денеска.
Дали не можеме историјата на историчарите да им ја препуштиме, а не очи да си копаме да му ебам мајката... За факинг историски ликови кои носат контроверзи кои треба да ги решаваат други, ние ја сечеме гранката на која седиме, си копаме од земјата околу нас додека не бидеме сите на острови...
Не ја заборавајте Римската: Divide et impera.
Како ќе градиме една мултинационална држава, демократска и насочена кон интеграција во некакви сојузи - кога припадниците на мнозинскиот етнос не можат меѓу себе да живеат арно, а камо ли со некој друг?! И Мара Бунева и Зоран Заев и законот за знамињата на кур да ги качам - гледајте во што не претвориле!!!!!!
Страшно и жално.
Па дај, пуштете историја.... луѓе божји. Јас денес, 18-ти август 2008-ма година не се оградувам од делата на луѓе кои денес нема да ја добијат мојата почит иако ја заслужиле... сите херои имаат две лица, така ли беше...едното е повеќе експонирано во зависност од моментот. Почитта за нив ќе ја зачувам и ќе ја искажам во подоцнежни времиња, кога и ако се створат услови.
АМА ДЕНЕС, во овој момент велам - Јас сум Македонец, ја сакам Мојата земја и сите Македонци. Ја сакам химната на Македонија, гордо го веам Знамето на Република Македонија. Ги сакам Македонците - значи сите луѓе кои живеат во државава. Без оглед на потеклото, верата, историските верувања - верувам дека сите треба да имаме една цел или повеќе слични цели кои ќе не движат заедно и сплотено, а не со крвави очи, затнати уши и ампутиран дух.
Сме разговарале... со доста од вас... како Македонија е над се останато. Лага ли беше тоа?
Јас стојам на моето.
А другите вие... однесувајте се како Македонски Мажи.
*офтопик, ама неможам веќе да читам вакви ужасии.