TpH_Bo_OkO
Трноризец
Првото заседание на АСНОМ формира свој Президиум, кој всушност претставува прва македонска влада. Покрај претседател, Президиумот имал двајца потпретседатели, двајца секретари и 17 члена. За претседател е избран Методија Андонов - Ченто, трговец од Прилеп, за потпретседатели Панко Брашнаров, учител од Велес и Емануел Чучков (Мане Чучков), директор на гимназијата од Штип. За секретари се избрани инженер Љупчо Арсов, банкарски службеник од Штип и д-р Владимир Полежиновски(за кој пишував во потфорумот историја), правник од Кичево.
Во составот на Президиумот биле и Јован Ѓоргов, свештеник од село Дреново, Кавадаречко, Епаминонда Поп Андов, професор од Струмица, Генадие Илиев Лешков земјоделец од село Дреново, Бродско, Камбер Хасан, земјоделец од село Долни Дисан, Кавадаречко, Ацо Петровски, кројач од Скопје и Младен Ѓорѓиев Челопечки, земјоделец од село Челопек, Кумановско.
Абе „ав ав“, кај се бе твоите „јунаци“...?


