Околу вината за пожарот: најискрено не верувам дека ова е некакво антихристијанско или антимакедонско сценарио со оглед на фактот што околу манастирот во слога и соживот живеат Македонци, Албанци и Турци. Пред камерите на А1 и Сител излегоа луѓе, христијани и муслимани, обединети во тагата за манастирот и почитта што ја чувствувале кон истиот, како и во надежта за повторно обновување на светилиштето. Нападите дека зад ова стојат Албанци не ни одат во прилог ни на нас Македонците, ни на Албанците, туку само долеваат масло на огнот, на меѓуетничката напнатост која во овие моменти (поради низа околности) е на едно незавидно ниво.