Изедовме 1,5 тони канцерогено пченкарно брашно

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Е ај да видиме дали Србите го користеле ова брашно...или им било само за извоз:(
 
Инспекторите џвакаат пченка на граница
Државниот инспекторат за земјоделство, на своите фитосанитарни инспектори што работат на граничните премини, уште пред два месеца им наредил да прават засилени контроли на пратките со пченка со потекло од Србија, за која српските медиуми информираа дека содржи афлатоксин, кој е висококанцероген. Освен да бараат сертификати за квалитет и друга увозна документација, на инспекторите им било речено и задолжително да ја пробуваат пченката. "Им наредив да прават т.н. органолептичка анализа, односно внимателно да ја гледаат бојата и да ја пробуваат пченката. Со џвакање, тие точно може да утврдат дали е исправна или не. Пченката која содржи афлатоксини е горчлива, а по боја е сивкава. Штом инспекторите при пробувањето не открија сомнителна пченка во Македонија, со сигурност не е увезена токсична пченка од Србија", вели Румен Стаменов, директор на Државниот земјоделски инспекторат.
Стаменов вели дека надлежните институции во Македонија за случајот со токсичната пченка од Србија молчеле досега, бидејќи не сакале да креваат непотребна паника во јавноста.

Уште пред 2 месеци :( а се пуштени во промет
Инаку си постои база на податоци за гмо, токсини, резидуи и други штетни состојки во храната.
https://webgate.ec.europa.eu/rasff-window/portal/#
И си постои закон кој вели дека и врз основа на сомневање Агенцијата е должна да забрани пуштање во промет на сомнителна храна и колку што паметам усогласени сме со ЕУ регулативите
http://eur-lex.europa.eu/LexUriServ/LexUriServ.do?uri=CELEX:32002R0178:EN:HTML
 
да е самно тоа.кујзнае и друго што јадеме и пиеме и мк фирмиве што се декларираат дека имаат хасап систем 2-3 дали имаат вистински имплементирано другото се е мк фушерај
 
Во една Германија пред некое време 11 000 деца добија труење од расипани кинески јагоди,пред тоа имаа некоја афера со отровни јајца...
Па ако таму се случува тоа можам да замислам во Мк какви се работите.:facepalm:
 
Ај, нека ни се на здравје. За ова дознавме откако го изедовме, а што не сме дознале...
 
Отишол Македонец да купи цигари и купил што купил ама кога ќе види од задната страна на кутијата пишува пушењето може да предизвика импотенција! Се вратил кај продавачката и и вика дај ми мене од тие што предизвикуваат канцер, заеби ова импотенцијава:D
 
Јадете српско брашно , пиете словенски сок , носите бугарска јакна , чистите со турска метла , сeрете во индиски нокшир и послем се чудите зашто имате мала плата :D
Купувајте домашни производи за да живеете подолго , кампања на владата 2012 г.:)
 
Овој хаос со генетски модифицираната храна во Србија го направи српската влада благодарение на корумпираните политичари во нивната партија кои земаа тешки пари од фондациите на Рокфелер за да ги уништат природните семиња и да ги наметнат генетски модифицираните на Монсанто кај селаните.Како отпор на целиов хаос се јави Никола Алексиќ првиот човек на еколошкото движење за спас на Србија и српскиот народ предупредувајќи ги граѓаните дека ако ова зло не се спречи ќе исчезне нацијата затоа што ваквата храна освен што е канцерогена научно докажано создава 100 % стерилитет кај идните генерации.Но бадијала од неговото предупредување кога малкумина од граѓаните беа свесни кога тој ги повикуваше на протести за на крај да добие тужба и затворска казна од 3 месеци.
http://www.vesti.rs/Vesti/Monsanto-pobedio-Nikola-Aleksic-osudjen-na-3-meseca-zatvora-3.html
По не знам кој пат ги информирам оние што не знаат кој е Монсанто за кој Влатко Ѓорчев јавно кажа дека никогаш не слушнал за таа фирма кога беше кај Јанко јади бурек а ми пропагира органска храна што е за секаков срам.
 
Да не мешаме сега ГМО и микотоксини од мувли. Иако јавноста и тоа како треба да се запознае со вистината и опасностите од фирмите кои прават пари преку генетски модифицирана храна.

Овде проблемот се токсините од Aspergillus flavus мувлата. Освен ако самата пченка не е генетски модифицирана, а тоа не знам дали го третираат на било кој начин нашите закони.

Избори се ближат, одлично време е да се лобира кај вашиот фаворит за локален пратеник, да се залага за неговата партија да застане позади еден закон за строга регулација ако не и забрана за генетски модифицирана храна.

Во една Германија пред некое време 11 000 деца добија труење од расипани кинески јагоди,пред тоа имаа некоја афера со отровни јајца...
Па ако таму се случува тоа можам да замислам во Мк какви се работите.:facepalm:
Абе грешки и страња се случуваат секаде, разликата е во тоа како се реагира на тоа. Таму сигурен сум летале глави (односно фотељи), дали тука некој ќе сноси одговорност -тоа е прашањето!
 
Инспекторите џвакаат пченка на граница
Државниот инспекторат за земјоделство, на своите фитосанитарни инспектори што работат на граничните премини, уште пред два месеца им наредил да прават засилени контроли на пратките со пченка со потекло од Србија, за која српските медиуми информираа дека содржи афлатоксин, кој е висококанцероген. Освен да бараат сертификати за квалитет и друга увозна документација, на инспекторите им било речено и задолжително да ја пробуваат пченката. "Им наредив да прават т.н. органолептичка анализа, односно внимателно да ја гледаат бојата и да ја пробуваат пченката. Со џвакање, тие точно може да утврдат дали е исправна или не. Пченката која содржи афлатоксини е горчлива, а по боја е сивкава. Штом инспекторите при пробувањето не открија сомнителна пченка во Македонија, со сигурност не е увезена токсична пченка од Србија", вели Румен Стаменов, директор на Државниот земјоделски инспекторат.
Стаменов вели дека надлежните институции во Македонија за случајот со токсичната пченка од Србија молчеле досега, бидејќи не сакале да креваат непотребна паника во јавноста.

Уште пред 2 месеци :( а се пуштени во промет
Инаку си постои база на податоци за гмо, токсини, резидуи и други штетни состојки во храната.
https://webgate.ec.europa.eu/rasff-window/portal/#
И си постои закон кој вели дека и врз основа на сомневање Агенцијата е должна да забрани пуштање во промет на сомнителна храна и колку што паметам усогласени сме со ЕУ регулативите
http://eur-lex.europa.eu/LexUriServ/LexUriServ.do?uri=CELEX:32002R0178:EN:HTML
Во веста пишува дека било увезено брашно, а не пченка. Дали и за брашното важи истиот начин на пробување, не верувам дека толку лесно би се познало ако тоа било заразено, за разлика од пченката. Треба да не информираат подетално, кои производи, какви производи, кога се увезени, со која дата на производство. Баш прееска гледав во Тинекс, пченкарни брашна и паленти од Србија, да видам со какви дати се. На повеќето пишуваше рок на траење до октомври или ноември 2013. (Ако не се лажам рок на употреба на вакви работи е 1 година) што значи дека се произведени ноември или октомври оваа година, а најверојатно тогаш и увезени. Стојат по рафтовите, а никој сега нема да знае да каже дали се заразени или не се.
Мислам дека треба да се повлечат сите и најмалку сомнителни производи од продавниците.
 
Еве ја прецизната вест од неколку места:
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3D7CB81A6840D046B41F0DF0EABDB1ED
http://press24.mk/story/makedonija/kancerogeno-brashno-zavrshilo-vo-makedonija
http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=09FF5B2ED81F6543998037EE0ECD182C
Значи сепак е брашното пченкарно затоа што сега за сега не постои генетски модифицирана пченица од која се прави белото брашно од Тип 400 па нагоре.Јас досега купував пченкарно брашно од луѓе што продаваат брашно на тезга во пазарите Тафталиџе и Ѓорче етров и кои имаат садници во Кочани но во иднина ке размислам дали ке купувам и од таму затоа што целото семе нашите земјоделци го зимаат од Србија а воопшто не ни знаат што е органско а што генетски модифицирано семе.
 
Не е проблемот дали пченката била ГМО или не. Проблемот е што била заразена со афлатоксин кој е производ на вид на габа која расте на пченката, ако била ГМО барем ќе била отпорна на вакви штетници.

ГМО е сосема друг проблем кој е нерелевантен за овој скандал.
Во тие видеата кои ги стави од Алексиќ, цел саат дроби празна слама за ГМО, жаби со шест нозе, бебиња со шкрги, и само 5 минути за реалниот проблем, навремено детектирање на познати опасности за кои се прогледува низ прсти за чист профит.
ГМО можеби е реален проблем, за тоа треба да се дискутира, ама афлатоксинот е најканцерогената супстанца која може да се најде во храната, а сепак се допуштило да се увезат 10 тони, после месец откако во Србија е откриено дека се заразени.

Нема потреба да ја разводнуваш темата со нерелевантни теории на заговор и завери кои btw никогаш не се разумно претставени и опишани во краток и скоцкан текст, туку секогаш се јутјуб видеа од саат време. Тие се скептиците кои треба да реагираат против реални проблеми, а наместо тоа, тие служат за потсмев кога покрај релевантните причини за делување до нивните обраќања ќе стават и хемтреилс и други глупости.
 
Рак на црн дроб е страшна страшна работа за која со конвеционална медицина нема џаре. Канцерогено брашно или канцероген воздух во држава како Македонија нема голема разлика. Што уште не е канцерогено во Македонија ?

Во Македонија има канцерогено млеко, месо, туку фама се прави кога ќе се прочита нешто а тоа што не го пишува никаде?
 
Значи контрола за онаа што влегува кај нас немаме никаква..Што држава сме боже мој мили,,,
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom