Изедовме 1,5 тони канцерогено пченкарно брашно

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Значи контрола за онаа што влегува кај нас немаме никаква..Што држава сме боже мој мили,,,
Контрола на хартија постои но за да може да затвори очи пред таквата роба што влегува во Македонија мора добро да ја подмачкаш.Е сега некоја бара помалку да ја подмачкаш а некоја повеќе.Не бадијала рекле дека секој човек си има своја цена.
--- надополнето: 15 декември 2012 во 20:34 ---
Рак на црн дроб е страшна страшна работа за која со конвеционална медицина нема џаре. Канцерогено брашно или канцероген воздух во држава како Македонија нема голема разлика. Што уште не е канцерогено во Македонија ?

Во Македонија има канцерогено млеко, месо, туку фама се прави кога ќе се прочита нешто а тоа што не го пишува никаде?
Ако нема решение конвенционалната има алтернативната само луѓето прво треба да се освестат па после да ја применуваат.Бидејќи живееш во град како превентива конзумирај на гладно срце аронија или цеден лимун,јаболко или друг вид овошје,зеолит,магнезиум хлорид,еколошки мед во кој нема шекер и каде пчелите се ранат исклучиво со мед а не со шекер,јади непечени бадеми и лешници,гледај во сонце во безбедносни саати, одбегнувај месо а ако можеш целосно да го исфлиш,леб прави си дома наместо да купуваш од пекара бидејки купечкото е со адитиви,физички биди активен барем еднаш во неделата оди на Водно до горе и назад. Применувај ги сите овие работи и не се секирај за твоето здравје.
 
Изедовме 1,5 тони канцерогено пченкарно брашно :вонзем:

ене го пред канта стои, старава дома жива среќна мииброд ќе праела, едвај и објаснив дека ќе се потруеме.
 
Пченкарно, милиброд се прави со пченично.
поиа неам, спомна милиброд благо нешто не знам шо како, битно знам дека интервенирав и го спасив цело домаќинство од рак/
 
На здравје нека ни е.
 
Кога можеа да пикнат стотици или илјадници покер апарати (машини за коцкарници) без "никој да виде",зарем ова е тешко ?????? а на сето тоа министерката тогаш за машините се чудеше како влегле ?? се чудеше како е можно 2-3 шлепери полни со машини да влезат без да бидат видени ???? не ме смеј

а за ова ? ова не се машини алоо ќе умират невини луѓе,за тие проклети шо седат и лапат многу големи суми на пари,за вакви работи да пропуштат. Заразени семенски материјали пуштаат,со тоа ќе пате македонија за храна,е тоа ќе биде бетер од рецесија....
 
...ако била ГМО барем ќе била отпорна на вакви штетници.
Не.

(да не ни цитираш од рекламниот каталог на Монсанто можеби)

ГМО е сосема друг проблем кој е нерелевантен за овој скандал.
Во тие видеата кои ги стави од Алексиќ, цел саат дроби празна слама за ГМО, жаби со шест нозе, бебиња со шкрги, и само 5 минути за реалниот проблем, навремено детектирање на познати опасности за кои се прогледува низ прсти за чист профит.
Алексиќ прави повеќе штета одколку добро, на движењето за свесност за опаснистите од генетски модифицирана храна. Иако намерата му е добра.
Не е темава за тоа, иначе можам многу што да напишам. Само еден линк за тие што ги интересира малку повеќе:
http://www.naturalnews.com/036710_GMO_animal_experiments_infertility.html
 
Во еден американски игран филм што се вика The Matrix имаше една реченица што ја кажува пророчицата на девојчето “cookies need love like everything does" во превод - На колачињата им треба љубов како и на се друго. Значи за се што прави човекот како прво треба да го прави барем со малце љубов. Дали ке правиш геврек или столче, направи го со љубов.
Работам графички дизајн во една печатница, и скоро секој ден ми доаѓа некој за етикета или кутивче да му дизајнирам за некој прехрамбен производ. Се е шкарт, нема ни 2 грама природно од 100 грама во сите тие производи, дури и за медот нашле начин да го прават фалц, некоја врста на желатин, како што прават ефтин демек мармалад епа сега и медот го прават... пчелите останаа без работа. :)
А да не зборувам за црвен пипер, зачините како вегета, какао и др.
Значи луѓе не прават јадење за луѓе со љубов, се е без љубов, се прави свашта и по секоја цена за да се дојде до пари.

Друже ја работеше у магацин на познат маркет шо има продавници низ цела Македонија.

Добиваме сомнително месо од Бразил, Аргентина , Бугарија , гејлада , Холандија и Германија. Холандското и германското не се страшни , додека првото е леле мори мајко , ќе ги читирам зборовите на шефот на комората : Ој да видеш шо ти се вика мутант , коа ми го покажува месото шо треба да го складираме и транспортираме до маркетите и да го пуштиме во продажба.

Рум плочки Перфето ги продававме и ваљда уште се продават , рокот им беше поминат , па со ацетон ги бришевме датите и се пишуваа нови.

За српската пченка можам да ви кажам дека имаме многу продукти од Србија: паста, фиде, палента, царево брашно итн.

Страхотно е воа шо се дешава, страхотно ..
 
Контрола на хартија постои но за да може да затвори очи пред таквата роба што влегува во Македонија мора добро да ја подмачкаш.Е сега некоја бара помалку да ја подмачкаш а некоја повеќе.Не бадијала рекле дека секој човек си има своја цена.
--- надополнето: 15 декември 2012 во 20:34 ---

Ако нема решение конвенционалната има алтернативната само луѓето прво треба да се освестат па после да ја применуваат.Бидејќи живееш во град како превентива конзумирај на гладно срце аронија или цеден лимун,јаболко или друг вид овошје,зеолит,магнезиум хлорид,еколошки мед во кој нема шекер и каде пчелите се ранат исклучиво со мед а не со шекер,јади непечени бадеми и лешници,гледај во сонце во безбедносни саати, одбегнувај месо а ако можеш целосно да го исфлиш,леб прави си дома наместо да купуваш од пекара бидејки купечкото е со адитиви,физички биди активен барем еднаш во неделата оди на Водно до горе и назад. Применувај ги сите овие работи и не се секирај за твоето здравје.

Ти шаман да не си? Фала што ми изнакажа го знам ова имам и литература читано сега не е местото тука што всушност е ракот има интересни теории. Туку лесно е секогаш да се каже тешко е да се применува. За здравје цел живот треба човек да се однесува по тие принципи не од денес за утре и толку.
 
Алексиќ прави повеќе штета одколку добро, на движењето за свесност за опаснистите од генетски модифицирана храна. Иако намерата му е добра.
Не е темава за тоа, иначе можам многу што да напишам. Само еден линк за тие што ги интересира малку повеќе:
http://www.naturalnews.com/036710_GMO_animal_experiments_infertility.html
Токму така, тие се тие скептици кои треба да направат некоја промена и да предизвикаат некое движење, ама вакви некои дискусии за теории на завери кои ги поттикнуваат го одвлекуваат вниманието од главниот проблем, во случајов од одговорноста за увоз на 10 тони брашно, месец откако во Србија е детектирано дека е заразено.
 
Ако нема решение конвенционалната има алтернативната само луѓето прво треба да се освестат па после да ја применуваат.Бидејќи живееш во град како превентива конзумирај на гладно срце аронија или цеден лимун,јаболко или друг вид овошје,зеолит,магнезиум хлорид,еколошки мед во кој нема шекер и каде пчелите се ранат исклучиво со мед а не со шекер,јади непечени бадеми и лешници,гледај во сонце во безбедносни саати, одбегнувај месо а ако можеш целосно да го исфлиш,леб прави си дома наместо да купуваш од пекара бидејки купечкото е со адитиви,физички биди активен барем еднаш во неделата оди на Водно до горе и назад. Применувај ги сите овие работи и не се секирај за твоето здравје.
Од Битола мора да се закренам за на Водно??
Немаш некој предлог за поблиску, не за друго далеку ми е. Кој ке трапка по ладното до Скопје:).
 
А добро да ве прашам нешто, нели секој увезен производ преходно се испитува од државна инспекција во лабораторија или сл, или само печат лупаат и одобрен е увозот, па може кој што сака да бутне на пазар?
Ако постои таква инспекција треба некој заедно со увозникот од нив да одговара за ова, народ ке се затруе.
 
Интересен момент е што пред малку на гости ми беше еден другар кој вечерва бил во некој од СП Маркет продавниците. Самата продавачка го предупредила да не купува палента или брашно, зошто било од истата пратка од Србија.
Не исклучувајќи ја можноста за филмање на продавачката, не треба да се исклучи моментот дека дел од загрозените производи не е симнат од продажба. Не е ни чудно со оглед на околностите во државава, не се евидентира се што се разнесува/продава на маркетите ниту инспекторите се нешто претерано ажурни и детално да ја трасираат целата количина на внесено брашно. Не е чудно ни одредени количини да завршиле по пекарите по дампинг цени.

Сега не е време да се купува било што од пченка што е од српско производство. Раширете ја веста.
 
Јадете српско брашно , пиете словенски сок , носите бугарска јакна , чистите со турска метла , сeрете во индиски нокшир и послем се чудите зашто имате мала плата :D
Купувајте домашни производи за да живеете подолго , кампања на владата 2012 г.:)

Maлку офтопик, ако владата толку е заинтересирана за поддршка на домашните производители, нека не носат странски производители на автобуси да отворат фабрика со милион бенефиции и ефтини плати, а на пример домашен производител да го стимулираа со тендер за 300 нови возила за ЈСП.
Исто и домашните инвеститори нека добијат исти повластици како странските во слободните зони, секако иста плата ќе добијат работниците, дури и поголема кај домашните.
А вака декларативно е ветер во магла.
 
Има ли некаде објавено фотографии и имиња од спорните производи? Или ги боли Стојко?......труј се Македонијо и паси си трева најарно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom