Избор за песна за Евровизија 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Philosophus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Брука за жирито што ја игнорираа песната на Симон Трпчески. Ни еден единствен поен не доби од жирито, не случајно е тоа.

Мене таа песна ми е најубава, за вас може да е просечна, но сепак не е мизерија за да остане на дното со нула бодови. И сигурна сум дека е намерно сето тоа направено. Жирито цело време имаше пристап до гласовите од публиката и после калкулираа со своите гласови за да победи Ѓоко Таневски.
Не сум пристрасна, тоа го докажа публиката со своите гласови.
 
Леле еј појма немав дека изборов за Евровизија бил:)
Сношто ко си идам од чаршија ми кажа таксистот...Слушнав некои песни сега и шознам..ко секоја година-.-
Ова шо победи не е лоша.Сепак појќе ми прает ќефој песните од Влатко Илиески и од Дарко..Ова ептен просечно ми делуват.
 
Леле Влатко Илиевски видовте ли колку пудра имаше ставено? На машко не личеше.
 
Не ми беше фаворит Ѓоко, ама како и да е, победи и завршена работа е тоа сега. Непотребно е повеќе да се оптеретуваме зошто, како, дали можеше вака или онака, сега останува да се сконцентрираме на неговата подготовка и настап во Осло во мај.
Со среќа Ѓоко и давај се од себе (дури и повеќе од твоите можности) за достојно да ја претставиш Македонија!
 
Изгледав 38 секунди од песната онака од љубопитност , можам само да констатирам дека на МТВ треба подитно да и се земе правото да организира ваква манифестација , не дека приватните телевизии ни се којзнае колку способни , но сепак мислам дека до толку лоши не се...
Навистина не заслужуваме ниту како држава ниту како народ ваков срам...

Инаку неспособноста најдобро се гледа по гледаноста , квалитетот на пријавените песни , квалитетот на жирито, квалитетот на Бината и тн...Ако вака продолжиме ништо чудно во наредните години да се пријавуват улични пејачи бидејки ваква манифестација е навреда за секој реномиран пејач,...
Согласно со условите и не е реално да очекуваме квалитетна песна со квалитетен изведувач да пратиме во Европа...А уште сега сум сигурен дека полуфиналето не го минеме ни под разно...
 
Жити мене кажи ми дефиниција за евровизиска песна?
Бар ти немаш у последниве години пропуштено и кажи ми дали победничките песни се слични една на друга?
Секоја година победува различна песна, некоја интересен настап, некоја певлива, некоја непевлива ама познат човек денса во позадина, еднаш рок метал што ти ја знам таму, друг пат фолк песна...
И од кај тоа најевровизиска била Џипси Бенд?
Да ако Елена ја пееше ќе победевме на Евросонг? Секако дека не.
Секоја година праќаме просечни песни и далеку сме од победа. Која реално не ни треба.

Не постои пример што треба да е евровизиска песна. Помина времето во 80сетите и почеток на 90сетите кога требаше да имаш квалитетна песна и добри гласовни способности.

Сега Евровизија е културно - уметнички циркуз!

Роске драга....под најевровизиска песна мислам на песна која би можела да влезе во финале, односно да направи нешто повеќе, од она што го направивме изминтиве две години.Не мислам на песна со која може да се победи...далеку било од тоа....Песните како Џипси денс, не останале не забележани, и минимум и максимум им е влез во финале, а таму со Господ напред на кој како му било пишано:smir:
 
Подобро да праќаме вакви лајт песнички секогаш, него да се резилиме со Боки 13, Ринг динг динг донг и Генгста оро.
 
Не знам дали знаевте за оваа вест. После ова добро ми се разјаснија бројот на гласовите на Белов, кој патем речено доби чиста нула од жирито.

МИТ Универзитет вети дека ќе ги плати телефонските сметки на оние кои ќе гласаат за Белов
петок, 19 февруари 2010

Пораката дека ќе бидат покриени сметките на оние студенти од МИТ Универзитет, кои ќе гласаат за Белов беше објавена на официјалната страница на Универзитетот.

Почитувани колеги, нашиот студент и ваш колега АЛЕКСАНДАР БЕЛОВ вечерва настапува со својата песна на националниот избор за песна на Евровизија. Затоа сите ние да го дадеме максималниот придонес за негов влез гласајќи по повеќе пати за него. Секој студент кој ќе донесе релевантен доказ за гласање, сите трошкови направени за ова гласање ќе Ви ги покрие МИТ Универзитет.
Оваа порака вчера кружеше на Фејсбук. Истата беше објавена и на официјалната страница на МИТ универзитетот под новости и соопштенија (http://moodle.mit.edu.mk/).

belov280.jpg


Дали навистина МИТ Универзитетот, кој на 13 февруари имаше забава во Струмица, на која пееше токму Белов, ќе ги плати телефонските сметки на оние кои го поддржале нивниот студент, најдобро ќе знаат оние кои ја послушале универзитетската управа и гласале за Белов.

Според гласовите од телевоутинг по првата полуфинална вечер, прв беше Влатко Илиевски, потоа Браво Бенд со Таа има се, па Белов со неговата Остани.

Извор
 
Ѓоко Танески!
:tapp::tapp::tapp:

До кога ќе се брукаме,стварно не знам.

Песната ја слушнав двапати и можам слободно да кажам дека е тиња.
Плус делот со раперот кога се убацуа,уште посрање.

Единствено добро нешто во песнава е солото на Дамјан Пејчиноски(се прашувам зошто прифатил тој да учествува во поп-рап-рок песна).

Разочаран сум од изборов.Не дека имаше којзнае колку подобри песни,но боље Влатко да одеше него овој.Антипатичен ми е!
Уба е песнава,не е за фрлање.. барем од ланскана шо беше од Некст Тајм сигурно подобра,ама она рапувањето или шо и да беше стварно не му требало.
 
више мислам дека на сите им е сеедно з а Евровизија,наредната година се ќе бидат дебитанти па после може и нема више да учествуваваме како тргнавме..само едно не ми беше јасно вчера како може гласовите на жирито да имаат предност пред оние на публиката...работава искочи ПУБЛИКО КОЈ ТЕ ВРТИ БРЕ!:nesvest:
 
Леле само што дознав дека иде Ѓоко Таневски инаку од што бев разочарана од изборот на песни уште првата вечер не го проследив финалето а и не ми е криво бидејќи гледам не сум пропуштила нешто важно. Ѓоко Таневски со неговата песна уште на самиот почеток не ми остави некој впечаток, впрочем ниедна негова песна не била голем хит се се нкои просечни песнички... КАТАСТРОФА!

нема да ја гледам евровизја и онака нема што да видам!

некој ми кажа дека наводно оваа година и Италија ќе настапува, не го изгледав цело Сан Ремо но уште на самиот почеток нивните песни не ми се бендисаа.
 
Во секој случај според мене подобро Ѓоко да оди отколку Влатко гавранот.
 
Рачунајте на последно место со Ѓоко и Били звер :S Грев :tapp:
 
Нема ништо полошо од она лани :smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom