МАКЕДОНИЈА Љубe Бошкоски најпопуларен претседателски кандидат, со фантастични 52 отсто популарност

Најголема поддршка од македонската јавност за претстојните претседателски избори, кои ќе се одржат во втората половина од март, годинава, има владејачката ВМРО-ДПМНЕ, додека најпопуларна личност за претседател е Љубе Бошкоски, објавува хрватската новинска агенција Хина, пренесува Нетпрес. Во информацијата се вели дека, според најновата анкета на меѓународниот републикански институт ИРИ, Љубе Бошковски е најпопуларен кандидат за претседател на Македонија со фантастични 52 отсто.
Највисок рејтинг, меѓу партиите има ВМРО-ДПМНЕ, со 38 отсто, а лидерот на оваа партија, премиерот Никола Груевски има 31 отсто. Втора по популарност е Демократската унија за интеграција (ДУИ), со 11 отсто, а лидерот на оваа партија, Али Ахмети има 8 отсто. Актуаелниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски, кој најави дека нема повторно да се кандидира е трет на листата со популарност од 7 отсто. Опозициската СДСМ е исто така трета по популарност меѓу партиите, со 9 отсто.
Досега, за претседателските избори официјално само Бошковски најави кандидатура. Тој во 2001 година беше министер за внатрешни работи. За случајот “Љуботен“ мина 4 години во притвор во Шевенинген, но минатово лето хашкиот суд го ослободи од сите обвиненија.
Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 15.01.2009 09:37:18
БРАТ ЉУБЕ !! Единствен од овие кој јавно кажал дека за Македонија ќе го даде и животот ако затреба, нешто што никој друг не го кажал.Па и да е лага барем убаво е да се слушне.