Amnaesiac
Paranoid Android
- Член од
- 9 декември 2008
- Мислења
- 1.818
- Поени од реакции
- 43
Najubavo objasnuvanje ke izvlechesh sam od slednovo-eve kako razmisluva Ivanov:
Што е целта на сето тоа?
Србите велат чему све то ? Тоа значи дека треба да мислиш дедуктивно, да ја сфатиш општоста, тоа е прашањето. Политичарите се тие кои треба да ја сфаќаат таа општост, а тие што не ја сфаќаат си земаат советници. Дојде Тони Блер на власт и си го зеде Ентони Гиденс, промотор на глобализацијата, и му вели како ние сега да се снајдеме кога нема класна заснованост, нема ни работници а не сме ни заедно со синдикатот . Гиденс седна и го напиша Третиот пат , концепт како да функционира левицата во услови на глобализација. Блер сега диктира со светот! Шредер, велат дека бил багерист, завршил ноќно училиште, па факултет и станал претседател на Германија, но околу него се сите умови кои му даваат насоки.
Чаре?
Нашите политичари сé уште имаат социјалистички меналитет - ако ја " забрљаме" ќе дојде нешто како " писмото на Тито" и ќе расчисти со овие национализми, анархолоберализми, локалисти... Во денешни услови ќе дојде некоја директива, ако не од Белград, тогаш од Брисел, ќе ги стави на црна листа овие што се против рамковен договор, а против рамковен договор, според власта, се сите што се против законот за територијална организација , ќе направат црна листа... Па од кај да не исклучат веќе кога не затворија во кафез. Еден стар професор, кога студиравме ни велеше: "Е, деца, кога во една држава ќе дојдат хохштаплери, криминалци, нечесни луѓе на власт, за да не одат во затвор, државата ја прават затвор! Ние сега всушност сме во еден вид на таков затвор. "
ова да не му била докторска дисертација?
а во прилеп да не докторирал случајно?