Иванов, Керим или Бошкоски?

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

За кој кандидат ќе гласате?

  • Ѓорѓе Иванов

    Гласови: 123 34,4%
  • Срѓан Керим

    Гласови: 101 28,2%
  • Љубе Бошкоски

    Гласови: 63 17,6%
  • незнам (или нема да гласам)

    Гласови: 71 19,8%

  • Вкупно гласачи
    358
Статус
Затворена за нови мислења.
Со таква проста машина како тебе човек не вреди и да проба да дебатира.
А јас сум толку симпатичен дебелко и просто си ги обожавам Македонија и Македонците, особено Егејците.
Зашо бе пиленце? Па јас со најмили зборови ти се обраќам! Шо ти фали сега. Симпатичен си ми шо да праам. Буцко тој најмил :pos2:
А дијалог не можеш од причина што немаш аргументи.
Факт: до сега све антимакедонци имавме на местото претседател,
Факт: Ѓорѓе Иванов навистина ќе значи дисконтинуитет, како што вика Шкарич. Дисконтинуитет во позитивна смисла нормално. Прекин на антимакедонската дејност на досегашните претсењдатели,
Факт: Ѓорѓе Иванов има доблест да те сослуша и да те послуша, ако не тресеш глупости,
и уште еден факт: Прибран си е човекот и има пријатна фаца, тоа ќе прави да им биде симпатичен на соговорниците.
 
До каков очај се паѓа кога не може никој да најде за што да јаде гомна против проф. Иванов...

Еве едно интервју на Иванов...доста интересно:

http://www.ego.com.mk/star/arhiva/broj1/3.htm
 
До каков очај се паѓа кога не може никој да најде за што да јаде гомна против проф. Иванов...

А пак ниту е спремен да му даде шанса да покаже човекот дека нема етикета на партиски војник.
Иванов е мојот избор, врз основа на неколкуте емисии што сум ги гледал во кои тој многу мудро и достоинствено се представил.

Срѓан Керим можеби да, но СДСМ свесно го избламира и навистина со вчерашната изјава на Заев го зафркна во кандидатурата.

Брат Љубе со две раце за него секогаш, но реков не и за претседател. Огромната подршка што му ја даваше народот во годините не значеа и директна политичка подршка за негова кандидатура. Со неговата желба за претседател мислам дека на виделина излезе неговата лична желба, а не вистинската потреба како голем патриот да ја претстаува Македонија како претседател.


Grujo kje go prakja Boshkovski povtorno vo HAG,mu go sprema toa pred kandidaturata ili za vreme na kampanjata.

Мислиш Хари Костов или Хари Заев или Хари Црвенковски или Хари....

Сепак далековидоста ти е кратковидна, а проценката непроценета, а желбата неисполнета :toe:
 
За господинот Љубе Бошковски немам лош збор и секоја почит за тоа што го направи за Македонија,но Претседател тешко многу.Братот треба да остане херој, а не Претседател многу голема грешка од негова страна.
Господинот Керим НЕ. Македонец за Претседател.
Господинот Иванов народен човек, не е од Кумровечката школа,човек со долга традиција и цврста идеологија. Мислам дека е добро Македонија да има ваков Претседател.
Поздрав
 
Како се јавуваат на мегдан предавниците на Македонија, тоа е чудо! Да ти се згади!

За прв пат во нашата историја имаме можност и шанса да одбереме непартиски човек, факултетски професор, баш претставник на македонската култура, а овде некои се залагаат да го ставиме Бране втор дел, другарчето од 90тите со кој шверцаа нафта и беше шпиун за германската тајна служба....

Немојте ни да почнувам за 2001, лежеше на Менхетн во изнајмен апартман од 14 илјади долари месечно на државна сметка...

Овој србски муслиман не вреди мрсул да се фрли на него за она што тој и го направи на Македонија...подобро ќе беше воопшто и да не "правеше" за Македонија. Мајмун, 20 години ме ебе во здрав мозок, и сега јас да го ставам прецедник за да направел нешто за Македонија! Абе ајде! Гит тамо, ако беше патриот и ја сакаше Македонија, нека направеше нешто досега. А НЕ ДА ГО МАЧКАШЕ ГАЗО СО МАС ДОДЕКА НИЕ ОВДЕ УМИРАВМЕ.

Како и да е, драго ми е што СДС имаат прост земјоделец за прецедник и што вчера така добро се избрба и го уништи кредибилитетот на јаничарот Керим, што повеќе нема да биде кандидат за прецедник. ВМРО не го подржува а СДС сигурно губи. Не е ненормален да оди со СДС.

Професорот Иванов ќе биде дефинитивно најголемото освежување на македонскава политичка сцена...без да го имаме Бране да ни ги кажува ставовите на Атина уште пред тие да ги оформат!

А братот најубаво да си оди и да гледа маслинки во Хрватска...Оваа Македонија нема аир од селски патриоти со печени прасиња...ни треба интелектуалец, образован на место човек...А НЕ СЛАТКАР...
 
Се потврдија анализите дека љубе бошковски ќе биде тројанскиот коњ во ВМРО... Не за џабе така на брзинка го пуштија од Хаг клетникот. Токму во исто време кога почнаа керим АНТИМАКЕДОНЕЦОТ да го рекламираат за Македонски патриот. Се си доаѓа на свое место. Само може да пушат скотовите антимакедонски. Ѓорѓе Иванов ќе биде Претседател каков што оваа земја заслужува, а со тоа конечно ќе имаме Македонец за Претседател. Не за џабе антимакедонциве овде на форумот предводени од симпатичниот дебелко ѕевчо, инстинктивно крекаат против него :pos2:

Со таква проста машина како тебе човек не вреди и да проба да дебатира.
А администраторите,еднаш за секогаш треба да покажат дека Световид,Трн у Око и Братот немаат ексклузивно право НЕКАЗНЕТО да вреѓаат било кого.
Покажуваат.

И двајцата сте банирани од темава поради меѓусебни навреди. Минатиот пат и двајцата бевте по два дена банирани од форум поради истата причина.
 
Иванов е мојот избор, врз основа на неколкуте емисии што сум ги гледал во кои тој многу мудро и достоинствено се представил.

Срѓан Керим можеби да, но СДСМ свесно го избламира и навистина со вчерашната изјава на Заев го зафркна во кандидатурата.
емисии на која телевизија тв сител која е направена со цел ПР тим на грујо
Иванов е марионета на грујо да се соочиме со фактот
а сеа гледам и канал 5 се префарба индиректно

Исто ти е дали ќе ти биде претседател и Срѓан и или Иванов

Туку ти кажи си по некоја молитва бидејќи после изборите доаѓа девалвација па ќе претураме од шупло во празно и ќе се чешаме за глава

П.С едвај ги чекам големиве патриоти што ќе речат за гвујо кога после изборите ќе дојде девалвацијата и кога убаво ќе ја осетиме на кожичката наша
 
ве молам може некој да ми објасни која е персонава, бидејќи јас не студирам правен па ми е анонимус, која во последниве денови падна како гром од ведро небо за кандидат

тие што ќе ми објаснуваат нека не бидат студенти од правен или лични познаници, бидејќи јас денев прашав една моја професорка од истиот универзитет (која е многу чесна, искрена, проф. др., без дамки на долната облека, victoria secret мислам преферира, и вистинска македонка) да ми каже кој е тој и таа ми рече "немам коментар"

па ако може некој објективен да ми го опише карактеров
 
До каков очај се паѓа кога не може никој да најде за што да јаде гомна против проф. Иванов...

Еве едно интервју на Иванов...доста интересно:

http://www.ego.com.mk/star/arhiva/broj1/3.htm

Го прочитав интервјуто, ме воодушеви во одговорите, прецизен, реален ум кој многу добро ги согледал процесите.
Она што постојано го кажувам кога сакаме да ги согледаме почетоците на проблемите на оваа држава.
Тие што се бореа за неа или завршија на голи Оток или сургун во прекуокеанските земји. Од тоа што остана се направи тоа што денеска велиме дека е држава.
Мој додаток, тоа ви е комплетниот СДСМ и добар дел од останатите политички партии.
Битно е човек кој кандидира за претседател да ги согледува процесите од реална гледна точка а не како прожектиран филм во Белград или Брисел.
 
Туку ти кажи си по некоја молитва бидејќи после изборите доаѓа девалвација па ќе претураме од шупло во празно и ќе се чешаме за глава
П.С едвај ги чекам големиве патриоти што ќе речат за гвујо кога после изборите ќе дојде девалвацијата и кога убаво ќе ја осетиме на кожичката наша

Види,види какво девојче абе аман немој не коби.

А иначе велиш девалвацијата чекат да поминат избориве и после ке не фати. Аман бре паметна девалвација изгледа и таа е партиски определена.
 
Види,види какво девојче абе аман немој не коби.

А иначе велиш девалвацијата чекат да поминат избориве и после ке не фати. Аман бре паметна девалвација изгледа и таа е партиски определена.
џагер сеа сеа не го разводнувај муабетот ти знаеш дека тој празничен буџет донесен во време на економска криза служи за ништо друго туку за одржување каква таква стабилност на денарот и финансирање на кампањите на грујо

А грујо сеа и инспектори праќа во евн кога доаѓаат избори а пред тоа уво не му чуеше.
Туку ај да се надеваме дека нема да го јадеме...
А за муабетов ако нема девалвација голема тогаш јас те частам што сакаш ако не тогаш јас одам и се молам на севишниот да направи некое чудо па да не избави

Како и да е како што реков после избори муабет ќе правиме да не испадне работата кризата целосно ќе не заобиколи па на крај испадна нема да не заобиколи.
И да девалвацијата е очигледно партиски определена особено кога некој води кампањи и го лаже народот дека подобро ќе му биде утре и дека му е подобро а кога сите сме со се попразен чеб и попразен стомак
 
А грујо сеа и инспектори праќа во евн кога доаѓаат избори а пред тоа уво не му чуеше.
Па како нема да праќа коа му го рушат семејниот бизнис со увоз на поевтина електрична енергија :toe:

По темава.
Гледам паника во редовите на дпмне :vozbud:
 
емисии на која телевизија тв сител која е направена со цел ПР тим на грујо
Иванов е марионета на грујо да се соочиме со фактот
а сеа гледам и канал 5 се префарба индиректно

Исто ти е дали ќе ти биде претседател и Срѓан и или Иванов

Туку ти кажи си по некоја молитва бидејќи после изборите доаѓа девалвација па ќе претураме од шупло во празно и ќе се чешаме за глава

П.С едвај ги чекам големиве патриоти што ќе речат за гвујо кога после изборите ќе дојде девалвацијата и кога убаво ќе ја осетиме на кожичката наша

За телевизиите чисто да знаеш тие се МТВ1, А1, Канал5, Сител, Телма итн. Човекот барем по еднаш се појавувал на сите и замисли си пред синоќа, т.е пред воопшто да биде ставен во трка за претседател, значи човекот си излегуваше како професор. А синоќа телефонски се јави само да каже дека би можел да ја прифати кандидатурата, така што твојата нервоза не држи.

За тоа дали е исто дали Иванов или Срѓан ќе бидат претседатели незнам дали е исто не сум експерт со еден збор да заклучам воден од сопствените „желби“.

За молитвите нема да си кажувам, бидејќи тие се кажуваат секогаш, а не само по потреба и по нарачка од трето лице (колега/шка од форумот).

За девалвацијата ако ја има тоа не зависи дали Иванов е маријонета на Груевски или Срѓан полтрон на БЦ, а Заев немоќно лидерче, девалвацијата ако ја има ќе ја има и со нив и без нив и со Обама за претседател и со мене и тебе и без избори и со избори...

П.С. Патриотите што ќе речат незнам т.е. ваква професија сеуште незнам, знам дека експертиве по економија треба нешто да речат пред девалвација, а такво нешто чув дека сега за сега нема да има...

На крај еве ти :smir: и немој секогаш да им веруваш на тие што сакаат преку тебе да сејат страв и да си ги лекуваат сопствените фрустрации и нивната немоќ :toe:
 
А иначе велиш девалвацијата чекат да поминат избориве и после ке не фати. Аман бре паметна девалвација изгледа и таа е партиски определена.
Девојчето сакаше да каже дека ако гласаме за кандидат од СДС, девалвација нема да има, а ако гласаме за било кој друг, одма ќе има девалвација...златна таа:pipi:
 
Па како нема да праќа коа му го рушат семејниот бизнис со увоз на поевтина електрична енергија :toe:

По темава.
Гледам паника во редовите на дпмне :vozbud:
Блазе им на оние со сиромашен дух,нивно е царството небеско...:tapp:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom