Иванов, Керим или Бошкоски?

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

За кој кандидат ќе гласате?

  • Ѓорѓе Иванов

    Гласови: 123 34,4%
  • Срѓан Керим

    Гласови: 101 28,2%
  • Љубе Бошкоски

    Гласови: 63 17,6%
  • незнам (или нема да гласам)

    Гласови: 71 19,8%

  • Вкупно гласачи
    358
Статус
Затворена за нови мислења.
Јасно е зашто се откажа, реков и претходно. Керим ќе оди само доколку му е осигурана победата.
 
не можам да се помирам, ќе направам автоматски споени мислења
ова е КАТАСТРОФА

идам да се начукам и тоа со J. Walker on the rocks, омилениот на бранко
 
СРЃАН КЕРИМ НЕ ВЛЕГУВА ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ТРКА
КЕРИМ - ОДЛУЧИВ ДА НЕ СЕ КАНДИДИРАМ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

Анкетата на темава сега е невалидна
 
Мисијата на Бранко е успешна. Керим е надвор од трка. :salut:

Трн. Ама приказната има и друга верзија:

Firgo напиша:
VRMO GO KUPI KERIM. SIGURNO MU E PONUDENO AMBASADORSKA FUNKCIJA NEGDE, NA NEKOE UBAVO MESTO KADE STO KE UZIVA I NEMA DA SE ZAMARA MNOGU, A NEMA DA GI ZAMARA NITU VMROVCITE...

A KOLKU GOLEMI SANSI IMASE ZA PRETSEDATEL I POSLE DA SE OTKAZE?? ? NEMOZNO...USTVARI, MAKEDONIJA I SVE E MOZNO.
 
Невалидна е анкетава сега се откажа Керим така да сеа можете сите од сдс да ни честитате за победата некои тоа и го направија:back:џабе отваравте јузери и пишувавте за тоа колку е добар Керим за претседател на Македонија:helou:
 
Трн. Ама приказната има и друга верзија:
Еве ти ја и третата верзија:
Струмикс напиша:
Интересна идеја беше тоа со надпартиски кандидат, но премногу лошо изиграна.
Зошто интересна?
Ако се одеше на карта единство, ќе покажевме зрелост и нови квалитети пред меѓународните лицемери кои ни се мотаат наоколу, барем за Претседател немаше да се грижиме околу инциденти на изборите...
Зошто лошо одиграно?
Истрча Заев на прес со предлогот, а не се консултирал ниту со самиот Керим.
По мене, требаше да се договорат најпрвин партиите, па заедно со Керим, и така ќе беше се во ред.
На крајот, излезе само елиминација на Керим од трката.
 
Трн. Ама приказната има и друга верзија:

Можеби...а можеби и самиот Керим е свесен дека како претседател ќе треба да седи повеќе во Македонија, наместо да троши државни пари во пробисвет...во таков случај, и 2 000 000 гласачи да се за мене, а да би имал мерак на шетање и трошење народни пари низ светот, би се откажал...ама не сум јас Керим :toe:
 
Трн. Ама приказната има и друга верзија:

Еве ти ја и третата верзија:

Еве и четврта верзија во основа многу слична со третата ама кажана лично од страна на керим:

Срѓан Керим напиша:
„Се уверив уште еднаш дека на политичките партии им е поважно да прават меѓусебни аранжмани на сметка на државните интереси“

„Длабоко сум уверен дека моментот, во кој се наоѓа државата е деликатен и не сум сигурен дали политичките актери се свесни за тоа“

„ниту во еден момент немав лична амбиција по секоја цена да се кандидирам за претседател на државата, не бегам од натпревар, но сфатив дека работите се одвиваат на некоректен начин“

„Во консултација со политичките партии, која беше интензивна периодов, се случија работи, кои не беа со мене договарани, ниту со моја согласност сторени, не учествував во предлогот на СДСМ, кој беше нивен, а јас не бев ниту консултиран, ниту информиран

„Доколку бев консултиран ќе се согласев со пристапот за заеднички кандидат, бидејќи јас коректно сум соработувал и со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ, но не е во ред начинот на кој беше сторено сето тоа“

„лидерите на двете партии се среќаваат за разни прашања, па можеа да се консултираат и за ова “

Како што спомнав и порано Керим е кариерист професионалец, тој никогаш не би си го нарушил својот личен успех и улед само за да допринесе директно нешто добор за Македонија.
Од моја гледна точка најдобро е Керим како таков да продолжи со неговиот индиректен, пасивен придонес кон промоција и на македонија како пример дека од македонија сепак доаѓаат успешни, амбициозни, прфоесионални и сериозни луѓе со личен интегритет, и дека тоа укажува дека македонците нема да си го продадат идентитетот за влез во ЕУ Нато или за пари, како што тој што не си го продаде интегритетот (барем официјално) на некоја од партиите само за да има добра подршка во евентуалната негова кампања за претседател на Македонија.
 
Ke glasav za Kerim,no se povlece covekot.Pametno od negova strana,dosta mu e od ovie partiski prepukuvanje pomegu sebe.No sto ke bide so albancive?
 
POZDRAV DO SITE STO GO PODRZUVAAT POCITUVANIOT BRAT LJUBE
INAKU DENES GO DADOV MOJOT POTPIS ZA PODRSKA ZA BRATOT
sakam da prasam koga ke pocne da se sobiraat potpisi za gradonacalnici denes ne znaea vo ministerstvo za pravda vo podracnata edinica da mi kazat pa zatoa prasuvam
so dusa i srce zaBRAT LJUBE
 
Јас мислам дека Германците ќе бидат многу лути.Македонецот си ја влече жичката од поодамна да биде тврд орев таму кај што се очекува од него да биде исцеден лимон.
И после спонзорството,и после германската поддршка Груевски се потпра на неговиот сонародник и одигра убаво и сталожено-за нашиот интерес.
Веќе некое време низ Германските новини нашата држава се претставува како пресечено јаболко,албанско и македонско.Можда е преоптимистички од мене да си дозволам да проанализирам така долг процес ама сакам да ви укажам на моите видувања...
Значи,со доаѓањето на власт на ова ВМРО светската а пред се европската јавност на нас гледаше како портокалови Украинци од Балканот.Откинување на врските со комунизмот и почнување процес на европеизација(германизација). Срѓан Керим е успешен бизнисмен,некогашен потрчко на Стојан Андов кој земан под германска закрила очигледно остана со прстот во уста.Во време кога Албанија е во НАТО,Бугарија е се појака а Србија и Грција тонат најмалку што ни требаше е овој човек за Претседател.
Перфектно одиграно,и во правна и во политичка смисла на зборот.Кој ли ќе го контролираше Керим ако седнеше на фотељата?
Сигурно не некој од нашите.Дефинитивно не.Се знае чии интереси ќе му беа примарни-Европските:)
Оние Европски,кои не ја признаваат Македонија,оние европски кои сакаат да ја поделат Македонија.Врховен командант на нашата Армија мора да биде послушен или на самиот себе или на некој друг Македонец.Поинаку,во овој момент е недобитна комбинација.И како да се зафркне моќниот германски(проалбански) елемент во ф.иромот?
Ќе му речеш на Заев да,без прашање,го именува Керим за нивен кандидат.Во исто време,во име на пријателство и љубов со Меркел,Никола Груевски и покрај ангажирањата на Иванов даде ишарет на Керим дека може да влезе во “конкурсот“.Плански,смирено,мудро.И после некој ќе ми кажува дека Бране и Грујо се мразат:)
Сега остануваат отворени неколку прашања:
-за кого ќе гласаат Албанците?
-Кој ќе биде кандидат на СДСМ?
Они се важни играчи во вториот круг,и како такви мора да бидат испоштувани.Иванов е бивш социјал демократ.Ни на небо ни на земја.Убава прилика.
Уште поубава прилика е што не е медиумски фанатик како Никола.Човекот скоро и да нема искуство со камери.Тоа значи дека на подол рок Иванов е човек кој ќе ужива доверба од ВМРО.Во меѓувреме,Црвенковски ќе се обиде да го издигне СДСМ на достојно ниво и во тоа најверојатно нема да му смета Груевски.Во време кога сме во сериозна евроинтеграциска криза,потребна е централизирана власт како оваа нашата,а по неколку години ќе се врати дуалниот систем како во сите нормални држави.
 
Јасно е зашто се откажа, реков и претходно. Керим ќе оди само доколку му е осигурана победата.


Брат, на Керим ќе му се упропастеше угледот, и позадината ако отидеше сега на избори, Црвенковски, како што има дарба за уништување на своите противници, никој нема таква дарба, повеќе отколку што мислиме е моќен, сега Керим да беше кандидат, одма ќе му залепеше народот, етикета на комуњар, вака си го обели образот повторно пред народот, и рече дека нема да оди на избори.
 
``По ова СДСМ практично останува без кандидат за претседателските избори. Социјал-демократите се обидоа на своја рака да играат со Керим, а потоа не го убедија да се премисли и да се кандидира. Како што дознаваме од вчера дел од општинските активисти на СДСМ во Тетово започнале да се потпишуваат на кандидатурата на екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Вчера за ова не успеавме да добиеме официјален коментар од партијата. Можно е заеднички кандидат на опозицијата да биде Нано Ружин кого го промовираше ЛДП или во последен момент опозиционерите да се одлучат за друга личност.``

дел од текст ,денешен вечер
 
``По ова СДСМ практично останува без кандидат за претседателските избори. Социјал-демократите се обидоа на своја рака да играат со Керим, а потоа не го убедија да се премисли и да се кандидира. Како што дознаваме од вчера дел од општинските активисти на СДСМ во Тетово започнале да се потпишуваат на кандидатурата на екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Вчера за ова не успеавме да добиеме официјален коментар од партијата. Можно е заеднички кандидат на опозицијата да биде Нано Ружин кого го промовираше ЛДП или во последен момент опозиционерите да се одлучат за друга личност.``

дел од текст ,денешен вечер


Оваквите пишувања во Вечер имаат само една цел ,колку што може повеќе да му се наштети на Љубе Бошковски,не ме ни чуди сега да почнат и по ТВ оние портокаловите да мелат ,дека ете СДСМ се подпишувал за кандидатурата на Љубе Бошковски ,ама дека сепак изворите им се непотврдени и непроверени!! Само со овакви надписи не би дошло до одлевање на гласовите од владејачката партија на претседателските избори :wink:
 
po se izgleda deka, kerim gi procital namerite na, pozicijata i opozicijata vo nivnite nameri kako niven kandidat vo trkata za presedatel, pa zatoa im podelil po edna korpa, po moe mislenje ispadnal pameten igrac videl so kogo ima rabota...:baeh:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom