Освен тоа и самиот има кажано: Разликата меѓу политолог и политичар, е како разликата меѓу криминалец и криминолог.
Но, треба да се има во предвид дека Иванов, не влага како класичен политолог, туку како експерт за политиката.
Јас , верувај, сум сигурна дека во тој човек нема трошка поквареност и расипаност и сум сигурна дека влага во тркава со чисти намери и за доброто на Македонија.
И на своите предавања, секогаш велел дека политолозите во развој треба да се држат што подалеку од партиски препукувања и дневна политика.
Но, тој човек веќе е во години и со тоа што би влегол во политиката нема што да изгуби, тој и да загуби на изборите пак ќе биде ценет како навистина голем интелектуалец.
Затоа јас велам дека треба да се почекаат кампањите, вака само може напразно да збориме. Кога ќе се пртестават кандидатите и од СДСМ и од ВМРО (нели сепак не е сосема сигурно дали Иванов ќе биде кандидат) и од другите парии, тогаш ќе може да се развива дискусија.
Па, да се бунтуваше за премиер некако ќе те сфатев, ок. Ама претседателот и самиот знаеш дека нема толку ингеренции. На пример кога беше истакнат Сашко Кедев, јас разбирав и револт и се, затоа што реално тој човек немаше врска со политика. Ниту пак се разбираше во политика. А ова е човек со навистина големи познавања. Како што реков погоре почекај да дојдат кампањите, па да има дуели, па тогаш ќе правиме процени.
Јас не сум исполитизирана. Јас воопшто и не се замарав за изборите, како што не се замарам ни за локалните, но оваа кандидатура на Иванов ја примив со воодушевување, затоа што знам дека е стабилна личност, со морал, принципи и љубов кон државава. И тоа е она што сметам дека е потребно да го има секој во државава.