Добив 2 тотално различни мислења сега
Изборот е твој кого ќе слушаш, прогуглај и спореди што ти изгледа попаметно (иако за жал баш во оваа област има повеќе глупости и небулози по интернетот, отколку корисни работи).
Ставање на мускул и кинење на сало паралелно за почетник како тебе е невозможно.
Секогаш оди од тоа што ти е примарна цел, а тоа во твојот случај е да го скинеш салото. За да го скинеш него: исфрли ги благото/џанк фуд/сокови (газирани и негазирани)/леб и истите замени ги со: јаглехидрати со понизок гликемичен индекс (еве ти листа со често користена храна
https://www.nhrmc.org/~/media/testupload/files/low-gylcemic-meal-planning.pdf?la=en или тука да си пребаруваш по вредности
https://www.glycemicindex.com/foodSearch.php), многу зеленчук (брокула, црвена зелка, кељ, спанаќ, краставици), ако не си вегетаријанец/веган месо, јајца, риба, а ако си: леќа, грав, грашок.
Цимет, куркума, чили, ѓумбир, јаболков оцет исто може да ги комбинираш за намалување на инфламација и контролирање на шеќерот.
Варијации на диети имаш еден куп, секоја си има своја комплексност/бенефити/недостатоци, твое е да одбериш што ќе ти прилега најдобро на твојот животен стил: мешовита храна само намалување на калории и додавање на екстра влакна, чисто вегетаријанска храна, кето диета, аткинс, лоу карб, циклирање на јаглехидрати како што ти опишале погоре и тн.
Кардио барем 1.5 час неделно по твој избор (пожелно микс: moderate + HIIIT) тежински тренинзи цело тело 2-3 пати неделно.
За здравје и за уште побрз ефект воведи и intermittent fasting (16-8, 18-6 или 1 или 2 * 24 часа неделно).
Откако ќе го скинеш стомакот може да разговараме за качување на мускулна маса со која ќе добиеш и убава градба, но повторно со постепено покачување на калориите, пример ако со 1700 симнуваш а со 2000 ккал се одржуваш, ќе одиш на маса со 2200-2300ккал.
За прецизни бројки ќе треба мерење на вага и тестирање неколку денови да видиш дали ќе одиш нагоре или не.
Еве ти калкулатор за калориите:
https://www.damnripped.com/tdee-calculator/
Ако не забушаваш и го следиш ова што ти го пишав, за неколку месеци ќе бидеш изделкан како што треба.