Прашање за план на исхрана? Мојот план на исхрана е следниот: освен секојдневните оброци со мојата фамилија, јас додавам свои оброци. Најчесто јадам пилешко и сирење, понекогаш риба. После вежбање конзумирам 8-10 белки од јајца. Ден кога тренирам внесувам 190-200 грама протеини, а во деновите кога одмарам 160-170 грама. Иначе, имам 75 кг. и сум почетник(тренирам околу 4,5 месеци). Инаку од горенаведените производи( белки, пилешко и сирење внесувам околу 80-100 протеини. Останатиот дел го конзумирам од оброците со семејството. Имено во мојата фамилија јадеме 4,5 пати во неделета месо или риба, а другите денови јадеме најчесто здрава растителна храна богата со протеини(леќа исл.). Останатото го внесувам преку интегрален(нутри) леб од Житолукс и млеко или јогурт. Така за околу 500 денари неделно добивам квалитетна протеинска исхрана.
Што мислите за мојата исхрана? Дали некои поискусни членови може да ми дадат совети околу исхраната?
П.С. Конзимирам и рибино масло