Прво: делото го признал притиснат во агол од доказите против него.(сеуште не ги признал и останатите)
Второ: пореметувањата не значат дека мора да се однесува како недај боже, туку на моменти да му се запали сијалицата, „еден глас„ да му каже дека е предодреден да го „спаси„ светот и толку...Сосема е доволно што после се, се однесува како ништо да не било, што не е одлика на нормален човек.
Трето: апсолутно,образецот може да е раличен кај сите што пак не значи дека науката не треба да се позанимава со секој посебно, а што се однесува до потенцијалните кандидати, мислам на потенцијалните жртви...значи според неговиот образец (кој сигурно на некој начин се манифестирал, само немало кој да го забележи тоа), кои биле карактеристиките на жртвите што ги правеле нив најпогодни мети за напад на таков ментален склоп.
Четврто: дисертацијата нормално си доаѓа како плод на такво истражување.
Петто: најголемите грешки што ги прават полициите во целиот свет се токму тие: се случува убиство го наоѓаат убиецот, го докажуваат делото, го осудуваат убиецот и толку. Покрај тоа што полицијата го открива убиецот, од суштествено значење е да открие зошто баш Петко Петковски станал жртва на убиството кое го извршил Рајко Рајковски итн. Кој е мотивот, кои се причините што го иритирале да го изврши делото, како ја избрал жртвата, од кој социјален слој е жртвата итн, многу прашалници кои откако ќе се одговорат ќе може да се делува превентиво за да се спречат или барем намалат таквите деликти.
П.С. Тоа е долга и широка тема и бара многу време и простор.