За заслужување, да си заслужил и тоа како. Само мислам дека некој ќе напише докторска дисертација на тема „ Македонскиот Д-р Менгеле„. Шала на страна, ама стварно мора да се проучи зошто го направил тоа ? Што е тоа што ги напавило тие луѓе посебни за да станат негови жртви ? Мислам дека нашиве криминолози, виктимолози, крим.психолози, психопатолози и психијатри ќе го динстаат долго...Освен ако не се самоубие.
Нема да го остават да се самоубие, доживотен затвор му е мајката...
Едит..Уште неколку мали детали...Или претпоставки...
Фатен првиот сериски убиец во земјава?
Охриѓанецот Лазо Радевски (61) ги убивал жртвите со чекан, ги колел со нож и ги закопувал на запуштени места
Горан Адамовски
Охриѓанецот Лазо Радевски (61) е убиец на уличниот дилер на девизи, Трајче Цоцески (60), кој во вторникот беше пронајден мртов во близина на автокампот „Ас“ и реката Сатеска кај Струга, соопшти полицијата. Радевски, кој го признал убиството,
е осомничен дека поради користољубие убил уште тројца охридски дилери на девизи, за што полицијата обезбедува докази. Доколку се потврдат полициските сомневања, Радевски ќе биде првиот сериски убиец во земјава. Истражен судија му одреди триесетдневен притвор.
Радевски, кој порано бил пријавуван за трговија со дрога и кражби, лично ги познавал своите жртви, од кои
поголемиот дел му биле колеги во пропадната фабрика „Застава“. Ги убивал безмилосно, удирајќи ги од зад грб, а потоа ги и закопувал на запуштени места или ги фрлал во вода. Грижа на совест немал, трупот на Цоцески го чувал 48 часа во багажникот на својот автомобил „фиат 1300“.
Како што признал самиот во полиција, Цоцески го намамил во саботата околу 16 часот во својот дуќан во центарот на Охрид. Наводно, сакал да смени евра и додека Цоцески ги пребројувал парите, Радевски му пришол од зад грб и со чекан тежок два килограма трипати го удрил по глава. Потоа со ножот „рамбо“ само ја завршил работата. Чекал да затворат другите дуќанџии, а потоа го завиткал телото на Цоцески во ќебе, ги измил трагите од крв во дуќанот и го ставил трупот во својот автомобил. Вечерта со сопругата отишол на нива за да копа лозје. Во викендичката останале до понеделникот околу 20 часот. Наредното утро го фрлил трупот во Сатеска. Тој бил суперинтелигентен и лесно се справувал кога полицијата го приведувала на разговор за да им помогне во расчистувањето на случаите. Овој пат било поинаку. Откако полицијата во подрумот од неговиот стан пронашла траги од крв на вреќа со пари, нож, чизми, ловџиска пушка и маскирна облека, Цоцески го признал делото.
Убиството го извршил за да му ги земе парите, околу 2.500 евра што Цоцески ги имал кај себе. Радевски бил технолошки вишок, бил женет и имал две ќерки, а за скромни 100 евра месечно работел во дуќанот за водовод, санитарии и железо на неговиот зет. Му требале пари и затоа, како што се сомнева полицијата, убил уште тројца дилери на девизи по охридските улици. Спиро Ставрески, кој лани беше пронајден мртов во близина на Охрид, за последен пат бил виден при разговор со Радевски. Истрагата води кон тоа дека првото убиство Радевски го извршил уште на 25 февруари 1999 година, кога беше пронајден дилерот Т.Т.. Следната година се обидел да го убие дилерот Н.М., кој успеал да се спаси и потоа, како што велат во МВР, мирувал до 2006 година, кога исчезна уште еден дилер со иницијали Р.Р., кој до ден-денеска се води за исчезнат.
Сите жртви се улични дилери со девизи, се познавале со Радевски, биле другари и колеги, а убиени се на ист начин: од зад грб со удари од тврд предмет по глава. Дознаваме дека Радевски признава само за Цоцески, за другите вели дека не ги убил. Тие што го познаваат Радевски, кој бил поранешен фудбалер и активен ловџија, велат дека со ништо не оддавал впечаток на безмилосен убиец.