Онеспособена (уништена) морнарица, не можа да изведат во најмала рака дефанзивни дејствија, да не зборуваме што не можат да нападнат ниту еден елемент од морнарицата што ги бомбардира.
Неможност да ги нарушат операциите на противникот, пример логистиката, камоли самите воени операции.
Познато е дека САД и Израел ги вршат мнозинството од нападите од бази што се бројат на една рака.
Хормуз не е затворен, морнарицата што требаше да го затвори е повеќето на дното.
Иран нема начин да ги сопри бродовите (инспекции, заробување екипаж, блокада) да поминат низ Хормуз.
Начинот што сега им е ефективен е гаѓање на било кој брод со дронови било каде во Персискиот Залив, најчесто во близина на пристаништата на околните земји. Од сите погодени бродови, ниту еден не е погоден во теснецот.
Базите Американците ги евакуираа пред да ја започнат војната.
Прашање е само колку може Иран да издржи вакво темпо.
Со преку 1000 гаѓани цели дневно, 3 месеци ќе бидат долги за Иран, не за остатокот од светот.
А бројот на мети на кои може долгорочно да му наштетат на Иран е огромен.
Како го дефинираш ти тоа уништување?
И ако е така, зошто бомбардираат веќе 4та недела?
Свесни беа Американците дека влегуваат во конфликт што нема да трае 3 дена.
Показателот беше јасен уште пред војната, скоро 2 месеци трупаа залихи.,
Точно дека целта на Иран е преку цени на енергенси и сојузници да изврши притисок врз САД, во немоќност на друг начин, но конфликтот наближува кон еден месец, а го нема 300 долари барел нафта како што предвидуваа некои.
Од воен аспект... ова им е најперфектната војна што ја спровеле досега.
Едвај еден авион погоден, и веројатно неколку танкери лесно оштетени.
Србите беа далеку поефективни 99та.
Бројот на дронови/ракети испалени од страна на Иран е само начин на Иран да покажи дека сеуште има начин да возврати. Целата стратегија моментално им ротира околу тоа. Засега функционира, ќе кажи иднината колку им е одржливо.