Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
Ова на кој јазик? :D
Автоматски споено мислење:

Prav e, zasto Boro sedi doma, gleda utakmica i naviva negovite da tepaat.

Za Irancite e malce podrugce. Mislam deka niv im e jasna situacijata, kaj se naogjaat i koj im se moznostite.
Мислиш дека они не гледаат дека ги бомбардираат и им гинат роднините?
Не знаат каде им е излезот?
Има ситуации кога се може и ситуации кога се мора.
Што мислиш во која се Иранците?
 
Тој што нема нуклеарно ореужје а е напанат со нуклеарно.....
блискиот исток е полн со такво оружје како одговор на нуклеарна закана од страна на Израел... викаат тоа е нуклеарка на „сиромашните“
Иако е забрането скоро секоја држава во свет тајно го има.... и смтроносно и несмртоносно....
Но и хемиско биолошкото оружје како и нуклеарното е мач со две оштрици и е оружје за судниот ден.
Па добро штом така мислиш си можел слободно да напишеш Иран.

Но работите се поинакви отколку западнве хиени ги претставуваат, малку е тешко за прифажање ама се такви.
Иран во Ирачко-Иранската војна имаше над 60.000 загинати од бојни отрови кои ги употреби ирак врз нвините сили и население.
И покрај ова тие упорно одбиваа/одбиваат да развиваат и користат хемиско и биолошко оружје а до вчера и нуклеарно.
Не знам зошто тоа не сакате да го прифатите а ги прифаќате изјавите на западниве(Биби и Клигула), дури Иран прифати и инспекција/контрола на нуклераната програма, овие другиве ништо не понудија како аргумент.
Во таа војна Германија ги обезбеди бојните отрови на Ирак а воедно и фабрика за да го произведува истото, и ден денес во Иран ја обвинуваат Германија за тоа злосторство.
Колку што знам и ден денес во Иран одбиваат развој на биолошко/хемиско оружје зошто поинакво мислење се креира...
 
Иран во Ирачко-Иранската војна имаше над 60.000 загинати од бојни отрови кои ги употреби ирак врз нвините сили и население.
Точно, но тогаш Садам Хусеин беше миленик на западот и обемно подржан во се и со сешто па и преќутно во употербата на хемиско оружје.
 
Според кој параметри се клекнати на колена?
Онеспособена (уништена) морнарица, не можа да изведат во најмала рака дефанзивни дејствија, да не зборуваме што не можат да нападнат ниту еден елемент од морнарицата што ги бомбардира.

Неможност да ги нарушат операциите на противникот, пример логистиката, камоли самите воени операции.
Познато е дека САД и Израел ги вршат мнозинството од нападите од бази што се бројат на една рака.

Буквално вчера вечер ги бомардираа сите Амерички воени бази во регионот како и Израел. А и не го разбирам тоа најмного што можат е да гаѓаат меки мети. Катар и Емиратите се комплетно на нивна милост и немилост. Хормуз е сеуште затворен и Американците не можат да се приближат на помалку од 700 км.
Хормуз не е затворен, морнарицата што требаше да го затвори е повеќето на дното.
Иран нема начин да ги сопри бродовите (инспекции, заробување екипаж, блокада) да поминат низ Хормуз.

Начинот што сега им е ефективен е гаѓање на било кој брод со дронови било каде во Персискиот Залив, најчесто во близина на пристаништата на околните земји. Од сите погодени бродови, ниту еден не е погоден во теснецот.

Базите Американците ги евакуираа пред да ја започнат војната.

Не е точно, можат само да си седат на каде што се во следните 3 месеци, да разменуваат ракетни удари и да гледаат како светската економија имплодира без енергенсите од блискиот исток. Иранците се тие во моментов кој што можат само да чекаат и да победат. Американците не се тие кои можат само да чекаат, на нив им се брза.
Прашање е само колку може Иран да издржи вакво темпо.
Со преку 1000 гаѓани цели дневно, 3 месеци ќе бидат долги за Иран, не за остатокот од светот.
А бројот на мети на кои може долгорочно да му наштетат на Иран е огромен.

На САД апсолутно им беше првичната цел да го уништат Иран, тоа што не успеаја е сосема друга работа.
Како го дефинираш ти тоа уништување?
И ако е така, зошто бомбардираат веќе 4та недела?

На Израелците е целта да ја ескалираат војната ,зошто се плашат дека Американците ќе се повлечат од истата поради како внатрешно амерички економски причини така и поради притисок од други сојузници поради нивни економски причини.

Свесни беа Американците дека влегуваат во конфликт што нема да трае 3 дена.
Показателот беше јасен уште пред војната, скоро 2 месеци трупаа залихи.,

Точно дека целта на Иран е преку цени на енергенси и сојузници да изврши притисок врз САД, во немоќност на друг начин, но конфликтот наближува кон еден месец, а го нема 300 долари барел нафта како што предвидуваа некои.

I toa go opisa - najmnogu sto mozhat e sosema dovolno. Plus, nitu se namali brojot na raketi/dronovi niti projdoa amerikanskite avioni bezbolno.
Од воен аспект... ова им е најперфектната војна што ја спровеле досега.
Едвај еден авион погоден, и веројатно неколку танкери лесно оштетени.
Србите беа далеку поефективни 99та.
Бројот на дронови/ракети испалени од страна на Иран е само начин на Иран да покажи дека сеуште има начин да возврати. Целата стратегија моментално им ротира околу тоа. Засега функционира, ќе кажи иднината колку им е одржливо.
 
Тоа што зборував вчера, Иран официјално го демантира нападот на Диего Гарсија. Јасно беше уште кога почнаа со инстантната пропаганда.

И тоа глатко ќе си помине, никој не коментира никој не бара одговорност, Епштајн екипица на форумов ни очи ни уши, исто како со северен тек, пропагандната машинерија им кажа дека Русија го уништила се насука како сомови на суво и без да уклучат бејзик логика дека вентилот е на руска страна и нема никаква логика да се они.
 
Prav e, zasto Boro sedi doma, gleda utakmica i naviva negovite da tepaat.

Za Irancite e malce podrugce. Mislam deka niv im e jasna situacijata, kaj se naogjaat i koj im se moznostite.

Не овдека нема да има навивање или ненавивање зошто сите сме во игра и никој нема да помине без тешки последици освен една шака земји. Ако Иран страда ќе страдаме сите се додека можат да го контролираат Хормуз и можат да ги ракетираат арапите. Ако ова чудо продолжи до крајот на летото, од есен натаму ќе имаме нови 90ти, а може и далеку полошо да биде зошто во 90тите барем имаше далеку повеќе луѓе кои знаеја да завршат работа.

За крај повторно го занемаруваш фактот за Иранската култура, нивната релиозност и што значи оваа војна за нив. На новиот ајатолах целата фамилија му погина, татко,мајка, сестра,зет,внуци,деца,жена. Ти мислиш дека тој човек ќе се согласи на некаков мир. Ти кажав и претходно, школото кое го бомбардираа првиот ден беше школо за деца на офицери на Иранската Републиканска Гарда. Тие офицери што ги изгубија децата мислиш ќе сакаат мир?

А моментално ИРГ го контролира Иран. И кога се во ситуација каде што може да предизвикуваат исто толку страдање колку и они што трпат. Не гледам зошто би се повлекле без исполнување на нивните барања. А нема реалност во која што Америка ниту едно од тие барања ќе прифати.

Најосновното барање на Иран е Америка да го напушти блискиот исток од секоја база. Америка ако тоа го прифати, од задутре ќе нема империја повеќе.Ова е буквално судир на незапирлива сила со непомрдлив предмет.
 
Цели две недели. Јасно на подолг период ако се одзумира на трговскиве платформи, кој трејдува одма се забележува како ги манипулираат берзите.

Само проблемот е што неможат берзите во Азија да ги изманипулираат. А таму земјите веќе чуствуваат недостаток на енергенси.
Се му е ебана манипулација со изјавите за да синовите, зетот и ресто другарчиња да млатат пари. Најмоќната држава ја води класичен алчен опортунист ако ја гледаш берзата. И со тарифите исто правеше.

Се ми отиде во црвено откако почна со Иран.:place:
 
Хормуз не е затворен, морнарицата што требаше да го затвори е повеќето на дното.
Иран нема начин да ги сопри бродовите (инспекции, заробување екипаж, блокада) да поминат низ Хормуз.

Начинот што сега им е ефективен е гаѓање на било кој брод со дронови било каде во Персискиот Залив, најчесто во близина на пристаништата на околните земји. Од сите погодени бродови, ниту еден не е погоден во теснецот.

Базите Американците ги евакуираа пред да ја започнат војната
.



И ако е така, зошто бомбардираат веќе 4та недела?



Свесни беа Американците дека влегуваат во конфликт што нема да трае 3 дена.



Бројот на дронови/ракети испалени од страна на Иран е само начин на Иран да покажи дека сеуште има начин да возврати.
Не им е потребна морнарица за блокирање на теснецот тој и така не е многу голем, дали се само дронови ич не битно, важно вршат работа и тоа многу ефтино

Да бе ги напуштија базите и повеќе милијарди вреднаите радари и опрема така ги оставија.

3 дена .... го заборави исмевањето на русите за истата работа

последниот болд ..... истото важи и за Украина.

И овва војна не е исклучок .... дека сите планови пропаѓаат после првиот испален куршум.
 
Ama deka Iran kje stanele macenici i kje lansirale uranium, toa e presmesno.
Ако ги нападнат со нуклеарно оружје, или отворено им запретат - што им преостанува друго?
Прилично сум сигурен дека ако немаат прототип на нуклеарка, секако имаат спремно „прљави бомби“ или „прљави боеви глави“ на соодветни проектили. Ова не е нешто треба да си видовит за да го предвидиш... Скраја да е да дознаеме за сигурно.
Автоматски споено мислење:

Уште пешадија носат.

Автоматски споено мислење:

Знаците и претскажувањата беа насекаде... Ријад: :unsure:








 
Сума на срушени дронови за надгледувае, и проектили испалувани врз Израел од Иран и Хезболах.






 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom