Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
Компарација не секогаш води кон релевантност, кон релевантност води здрав разум (натпросечен IQ) и солидна едукација!
Ама сепак треба да ги слушаш сите инволвирани страни. Џабе ти е високо IQ ако слепо веруваш само на еден наратив.

А Америка блокира се што е руско, и не убедува во тоа дека се е пропаганда, додека истовремено ни сервира сопствена, внимателно спакувана вистина.
Ако нашиот здрав разум е толку супериорен, зошто тогаш ни ги ускратуваат изворите за самите да процениме?
 
Релевантност е уствари кога имаш капацитет да ги споредиш двата наратива. :D
За споредба ти треба референтна точка, не само разгледување на двата наратива.
 
Сметам дека ова е интересно за оние што користат вокабулар како теократски фашизам и слични небулози,
Ако има некакви недоразбирања слободно побарајте помош,
Христијаните и Хезболах се обединуваат против „Епштајновата империја“
Христијаните и Хезболах се обединуваат против „Епштајновата империја“
23 март 2026 година — Првично објавено во The Telegraph, а потоа Е ОТСТРАНЕТО од нивната веб-страница, иако останува достапно преку Yahoo News.
Рас Баалбек, католички град со 6.000 жители во северната либанска долина Бекаа, во близина на сириската граница, ја покажува сложеноста на секташкиот пејзаж на земјата. Тука, христијанските жители склучиле неочекуван сојуз со Хезболах за да го заштитат своето наследство и своите животи.
Секоја година, групата поддржана од Иран му купува на градот елка, мал, но симболичен гест на солидарност.
„Односот меѓу селото и Хезболах е посилен отколку со Папата“, вели Рифиат Насралах, 60, каменолом чии мермерни саркофази се наредени по гробиштата. „Ватикан не направи ништо за нас, но Хезболах ја пролеа својата крв за да нè заштити. Папата има само молитви.
“Двајца либански војници беа во домот на Рифиат Насралах додека тој зборуваше. На ѕидот висеше распетие покрај портрет на поранешниот генерален секретар на Хезболах, Хасан Насралах. Двајцата мажи не се во роднинска врска. Сликата го доловува коегзистенцијата на католичката вера во селото и присуството на Хезболах.За време на сириската граѓанска војна, заканата што ги зближи христијаните и Хезболах доаѓаше од исток. Борците на Исламска држава нападнаа од блискиот Каср во Сирија, киднапирајќи работници и заканувајќи се дека ќе ги обезглават селаните. Либанската армија првично остана настрана. Хезболах прв одговори, испраќајќи борци и координирајќи одбранбени операции заедно со локалните жители.„На почетокот, само Хезболах и селаните се бореа против салафистите“, се сеќава Насралах. „Се боревме заедно со проектили и ракети. Многумина беа ранети, некои починаа. Речиси бев убиен од шрапнел.“Либанската армија подоцна се придружи и се смета за заслужна за протерување на ИСИС од регионот до 2017 година, но раната одбрана ја зацврсти врската помеѓу католичкото село и шиитската милиција.Денес, обновените регионални тензии ја поттикнуваат вознемиреноста во Рас Баалбек. Христијаните се грижат за нападите од сириските салафистички групи, додека Хезболах ја следи израелската активност низ сирискиот воздушен простор. Насралах е јасен во врска со своите приоритети. „Израел е наш прв непријател. Хезболах е наш пријател.“Шиитските бегалци во долината се сеќаваат на постојаните напади со беспилотни летала, воздушни напади и секојдневно насилство за време на последното примирје. Еден го опиша како „најсуров“ период од војната. Траумата го продлабочи сомнежот кон глобалните сили. „Ние сме во војна со луѓето од Епштајн“, рече бегалецот.
„Тие јадат, пржат и силуваат деца. Тие се чудовишта. Најлошото е што тие владеат со светот.“За Рас Баалбек, Хезболах не е апстрактна сила. Милицијата го бранеше селото од ИСИС, обезбедуваше медицинска нега за време на Ковид, испорачуваше електрична енергија кога генераторите беа оскудни и ги одржуваше божиќните традиции.Насралах е недвосмислен. „Како можеме ние како христијани овде да не бидеме со Хезболах? Тие ги штитат нашите цркви.
Тие се бореа против ИСИС со нас. Ни дадоа грижа, генератори, дури и елка. Како можеме да не бидеме со нив сега?“

Ако сеуште има такви на кои не им е јасно зошто Иран ги демонтира УСА базите по замјите на GCC, еве ви слика и текст зошто тоа се случува,
Автоматски споено мислење:

Џабе ти е високо IQ ако слепо веруваш само на еден наратив.
По се изгледа имаме различна дефиниција за тоа што е IQ, особено надпросечна.
 
Компарација не секогаш води кон релевантност, кон релевантност води здрав разум (натпросечен IQ) и солидна едукација!
За наша несреќа ти од овие параметри имаш.... ниту еден.
Автоматски споено мислење:

Зошто не зборувам неточни работи, тоа што го кажувам можам да го одбранам/аргументирам, и притоа не изгледам како падобранец од фудбалските подфоруми кој редовно изгледа како да не знае за што зборува на вакви дискусии?
Едно 200 пати те имаме видено на дело како си ги браниш тезите, уживај. Само последниве 10 дена имаш 500 бламови, прво со таа сликата за скромноста на ајатолахот, па за морнарицата и да не редам натаму. Мислам, ти следи си ги медиумите што ги следиш, твое право, ама не соли памет овде кој е падобранец кој не.

Кој тоа одредува дали зборуваш точни или неточни работи, самиот ти? Лорд Бебо?
 
Сите кои се на страна на Западот и Израел, а против Иран, се пресмешни со нивните демек антимуслимански ставови. Наивно и глупо.
Особено кога се има в предвид улогата на Западот во балканските војни (Косово, Босна, Македонија...), кога беше на страна на муслиманите и ги бомбардираше православните со осиромашен ураниум. Додека по војните создаде муслимански држави, на сметка на православните.
Израел во сите геополитички прашања е дел од западниот комплекс, заедно со Канада, Австралија и др.
Да се разбереме, не ве критикувам затоа што сте на страната на Израел и САД, туку кога ставате некаков божемен антимуслимански преттекст на тоа навивање.
 
За споредба ти треба референтна точка, не само разгледување на двата наратива.
Еве ја мојата референтна точка која е сведена на две морални дилеми, односно најголемите проблеми кои претставуваат предмет на судир на оваа тема:
1. Државниот суверенитет на Иран и
2. Почитување на основните човекови права

Знаеме за пропагандната машинерија на САД, не мора да одиме до Ирак, аргумент кој неколку пати се проматна и на оваа тема, еве Сирија. Наводна употреба на хемиско оружје над цивилно население без ниту еден единствен промовиран доказ. Асад беше борец, и тука имаш наследна власт што се пркоси со секоја демократска логика, но имаше стабилна држава, држава во која што се наоѓа една од најстарите христијански цркви и држава во која што се наоѓа еден од најстарите живи градови во светот. Ако ништо друго, имаше секуларна безбедна и стабилна држава. Нешто слично се случуваше и во Либија, Гадафи чувал глава од човек во фрижидер! Па силувал деца и не знам веќе таму што. Гадафи беше гад, никаков човек, но на либискиот народ беше Бог кој одеше на земјата. Имаа средена држава со висок животен стандард, сега немаат ништо. Денес двете држави се уништени, сеуште не можат да ја зауздат граѓанската војна после директниот интервенционизам од страна на САД.

Иран има државен суверенитет, тоа е неспорно. Меѓутоа имаш мал проблем кога државата врши директен терор врз своето население, тука се поставува прашањето за оправданиот интервензионализам. До некаде би се сложил. Ама САД не сака да ја смени власт и целокупниот режим, а како аргументи ги земам последните изјави на Трамп кој сфати дека наиде на тврд орев. Наративно, може да се рече дека режимот е сменет, скоро целиот политички врв го нема, ликвидиран е, меѓутоа одма на нивно место застанаа нови политички фигури кои го продолжија стариот политички наратив. Целта е да се ослабне Иран кој салата ги прави сите воени бази во својата околина. Дури и самата поставеност на тие воени бази го става Иран во дефанзивна позиција, нешто слично како Куба 1962 година.

И да, поранешен трампист сум, навистина мислев дека ќе направи сериозна политичка промена на домашно тло, поради недостатокот на пардон, ќе го сопре идиотизмот кој започна да се прелева во Европа. Во Европа започна да се буди евроскептицизмот и национализмот кој беше умрен поради либералните, социјалдемократските, лабористичките и “конзервативните“ политички партии, кои долго време лево го туркаа корнилото на бродот. И сметав дека политиката за неинтервензионизам ќе продолжи, ќе се сведеше на економски војни и санкции со цел САД да добијат што е можно поповолни трговски договори, како што беше во неговиот прв претседателски мандат. Патем, таков трговски договор и должат на Британија, тоа беше една од причините да се напушти Европската унија.

Пази, трики е со дозволемиот интервенционизам во името на демократијата, АЈС убива луѓе, цивили, кои протестираат, полицијата употребува преголема сила, дел завршуваат фатално, дел се на раб на бруталност, таквите настани се секојдневие кај вас, ако тие селективни снимки беа, пример од Иран, ќе беа екранизирани како бритално кршење на сите човекови права, живот, слобода, мисла, протест...тоа е моќта на пропагандната машинерија.

Трамп да завршеше со Мадуро, ќе имаше чиста внатрешна политичка победа. Вака, тешко. Ако ја прекине сега воената интервенција, за која не доби амин од Конгресот, односно постапи идентично како воениот злосторник Клинтон, ќе го загуби Претставнички дом, а треба и Сенатот иако тоа потешко да се случи. А најголемиот дел од неутралните гласачи ги придоби со тие политики, на напуштање на воениот интервензионализам, на пркосот на сите индустрии, пред се на фармацевстката, со благ наклон кон воено-индустрискиот комплекс, пред се за заштита на вториот амандман. Колку и да ни е нас чисто, ова прашање ужива длабока популарност во црвените држави и е точка од која ниту еден републиканец нема да отстапи.

Трамп ја заузди инфлацијата, речиси и да го реши миграциското прашање, започна да склучува трговски договори и на крај ја посра работата. Многу ја посра. И по ова прашање требаше да продолжи онаму каде што застана во првиот мандат, со мировни договори. А да останеше претседател, односно да немаше прекин во претседателскиот мандат, верувам дека ќе успееше да го реши и палестинското прашање. Веќе пласираше и неколку планови во воздух, нешто за кое сега е веќе касно. :)
 
Пак расте цената на нафтава. Ќе излезе Трамо сега ќе каже дека на шала е ова. Или ќе излезат ќе кажат дека ќе ослободат од стратешките резерви уште некој милион барел.

ќе прави пари од војнава со твитовите, златна кокошка не се коле така.
 
Компарација не секогаш води кон релевантност, кон релевантност води здрав разум (натпросечен IQ) и солидна едукација!
Ќе те разочарам троа, високо IQ не води кон релевантност и кон здрав разум. Имаш "мал миљон" примери на генијалци, со никаков допир со реалноста!
Барај друг начин да и контрираш.
Автоматски споено мислење:

За споредба ти треба референтна точка, не само разгледување на двата наратива.
Чуму?
За точно определување на една димензија ти е потребна позната референтна точка и определена точка која е добиена со мерење, студирање, усреднување од различни методи на определување.
Но истотака може да се врши компарација на две флуктуирачки или подвижни цели меѓусебно, без да имаат заедничка референтна точка. Тоест никој не ти забранува да правиш споредби дури и на два наратива или претпоставки.
Е сега, ако референтната точка е кажана и дадена од штабо, тогаш сите мои математики паѓаат во вода и ти тука си апсолутно во право.
Него што ќе кажеш ете тебе САД и нивната политика ти се референтна точка, ај да не именувам кому, ете едикому РФ и нивната политичка доктрина му е референтна точка,нема несто за споредба во тој случај?
 
Последно уредено:
Што е неточно? Венецуела ни ПВО-то не им беше извадено од хангари, ни еден куршум не испукаа. Америте само си влегоа, испукаа неколку ракети на небитни цели, и си го собраа претседателот на државата без никакви загуби. Класично предавство, договорено со елементи од власта.
Само 32 елитни кубански телохранители сите до еден изгинаа без ни еден амерички војник да биде бар ранет!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Кој би поверувал во тоа?
И тие изгледа уште пред почетокот на киднапирањето на председателот се наместени и средени а Мадуро спакуван и предаден на американците.....
Како изгледа ваква варијанта?

п.с. Видовме дека на Куба и беа предадени 32 кутивчиња со остатоците на телохранителите односно дека телата од некоја причина биле спалени
 
Последно уредено:
Ќе те разочарам троа, високо IQ не води кон релевантност и кон здрав разум. Имаш "мал миљон" примери на генијалци, со никаков допир со реалноста!
Барај друг начин да и контрираш.
Добро ете низок IQ e еднакво на релевантност, ме победивте, признавам!
(се мешат поимите се проширува таму каде не би требало, се врзуваат работите кои не би требало се врзува совест+свест со IQ, а не би треабло)
Автоматски споено мислење:

Уште еден показател (се надевам релевантен) зошто Иран врши одговор кон базите на САД во земјите на GCC,


Деновиве се повеќе се говори за некакви преговори УСА-Иран.
Денес дури имаше и објава дека УСА авионот (велат сос преговарачите) кој требало да слета во Исламабад на половина пат се вратил назад, веројатно причините за ова се во онаа што го пишува Техеран Семит (Тимес),
"Trump tried to assess Iran's readiness for a truce through a Pakistani intermediary, but received a tough response. Iran considered Whitcoff and Kushner unworthy of exchanging messages with the US through them."

Тепат “нашиве“ ама тепат и “нивните“,
..јавуваат за сериозни одговори кон ционистичкиот ентитет,
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom