- Член од
- 24 март 2010
- Мислења
- 15.692
- Поени од реакции
- 27.325
Смени 75 со 2000 и ја добиваш еврејската страна на приказната зошто се однесуваат како што се.Ако сакаш да бараш некакви причини барај ги во 75 години окупација, во секојдневието на децата во Газа, во рушењето на нивните куќи и крадењето на нивната земја. Кога на некој ќе му го земеш достоинството и правото на живот, не може да очекуваш да седи со скрстени раце и да го гледа сето тоа мирно и сталожено. Насилството и очајот раѓаат насилство. И не, ова не е оправдување туку е чиста социологија.
Автоматски споено мислење:
На кој друг начин би направил држава во тој дел на светот?И јас го поддржувам Израел, во рамките на својата независност, како и фактот дека има право да си ги брани своите национални и стратешки интереси. Но ова не вклучува и бесконечни војни со бесконечни жртви кои траат од 1948 година. Арапите отворено се противеле од 1945 за формирање на оваа држава, сакале да биде формирала на европско тло, поточно на територија на денешна Германија која ја загубила втората светска војна. Израел се формира во ек на граѓанска војна или активна милитанстка акција, 47-48, дел од населението е прогонето, дел од имотот е купен, со цел Евреите да имаат поголем територијален посед, односно површина каде што ќе можат да се градат еврејски населби. Најголемиот дел од овие населени места, биле Палестински, каде денес во целост се заземени од Израел. Тука се прави чистка, се креира територија, на која се формира Израел. Земјишниот посед, на Евреите во денешен Израел, пред 45та, бил премал. Оваа еврејска тактика е активна и ден денес. И тоа е нешто кое не можам да го поддржам.
Рака на срце, знаат како да се борат за секој еден Евреин, каде и да е во светот, тој е државјанин на Израел. Од тој аспект, се пример за држава.![]()
