Инвестициски БУМ во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Хмм во Скопје не студираат само скопјани. Студентите остануваат во Скопје поради немањето избор. Така да, ако се отвори фабрика/претпријатие во Штип/Битола/Струмица/Валандово, ќе има и таму кадар. Ќе се вратат луѓето од Скопје. Колку студенти на скопскиот универзитет има од овие градови?




Па што не кажа "малце над 100 евра". Поблиску ќе беше.
--- надополнето: 1 април 2013 во 19:52 ---


Кажи ми како 40-годишен човек кој има средно образование е способен да заработи 20.000 денари?
Applause.gif
 
1. 6000 ако се грее на струја ако се грее на дрва каде што во другите градови се грејат нема да му повеќе од 2000 сметката за струја. Плус дрвото е најефтино средство за гррење. Инаку смешни ми се тие приказни неможел да преживее а се грее на струја, има интернет, има фиксен, има кабловска и вози кола.

Цел месец немаме седено во станот и ни има стигнато 1.000 ден сметка за струја. Ја у мои 24 години немам видено сметка за струја помала од 3.000.

2. Во Скопје е скоцентриран најквалитетниот кадар од Македонија , а тој најквалитетен кадар е и добро платен во спроедба со другите градови.
3.Зошто никој од вас не сака да остане во својот град да просперира. Нивите празни ви седат а децата нивни се тепаат во Скопје да работат и сл примери.

Абе ајде. Уживам јас да давам на годишно ниво пари за еден добар одмор на пат до Скопје секој ден. Уживам да патувам 2 саати на ден. Да се потам сред лето и да мрзнам во зима. Станата да бидам у бус па да ми се слошува. Да бе, овде празни места ме чекаат.
 
То стварно си оток, ти кажав сега засега не коментирам на темава. И не со тип што мисли дека знае што е Капитализам а врска нема уште живее во Социјализам(Југославија не била меур:facepalm: ). А во постот во некој делови какви глупости трескаш.:cuc:. Не вреди со тебе и сл на тебе да го трошам моето време. А за фабриките што пропаднаа тоа до бихачка ќе ги прашаш тие ја правеа приватизацијата. А тие фабрики денес ни како старо железо е прашање дали вредат а не па некој па да ги купи за да ги рестартир.Не одгововарам извесно време на реплики на темава, немам толку време колку што вие можете глупости да зборите.
Се размислувам вака од вчера и ме стави во мисла.Па вака еве пред цел форум да ти понудам колку би сакал да те плаќам да работиш за мене,Значи јас ќе ти бидам газда и јас сум шеф.Парите авансно ќе ти ги исплатам на која сакаш сметка.Размисли и јавно изрази се да ја прифатиш мојата понуда вака како капиталист.Значи во капитализмот има секогаш некој над некого така да и над мене има некој а ти ќе бидеш под мене..........................ПЕЈ да те слушнам колку ти залужаваш да те плаќам,Имам време јас за такви како тебе не се секирај
 
СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЈАНУАРИ ИЗНЕСУВААТ 29,1 МИЛИОНИ ЕВРА



getImageThumbnail.axd
На салдото на странски инвестиции во јануари годинава имало 29,1 милиони евра, објави Народната банка. Од нив, 20,1 милиони евра се акционерски капитал или реинвестирана добивка, додека 9 милиони евра се заеми од странство. Народната банка проектираше дека салдото на странски инвестиции годинава ќе прикаже прилив од околу 250 милиони евра. Владата во својата програма отиде уште подалеку, проектирајќи прилив на странски капитал меѓу 400 и 500 милиони евра.
Засега, најизвесно е дека од средината на годинава ќе почне да работи белгиската компанија за производство на автобуси, Ван Хоол, која ја завршува изградбата на фабриката во Бунарџик. Вредноста на инвестицијата според последните проценки ќе достигне до 30 милиони евра, а во фабриката ќе се произведуваат автобуси што ќе се возат во САД.
Освен тоа, годинава се очекува да започне со реализација втората фаза од инвестицијата на ТекноХозе. Според плановите на оваа компанија, се очекува да се изгради уште еден погон за производство бидејќи целиот капацитет на постоечката фабрика е искористен. Американската компанија Кемет исто така планира да го прошири бизнисот и да ја зголеми инвестицијата.
Компанијата Кромберг и Шуберт што работи во индустриската зона Жабени во Битола, годинава исто така најавува дека ќе го зголеми производството и од 150 вработени, во следните неколку месеци планира да ангажира вкупно 500 луѓе. Во фабриката на Дрекселмајер во Кавадарци моментално има вработено 700 луѓе, но од мај, кога се очекува производството да се префрли во новиот погон што се гради, бројот на вработени се планира да се зголеми на 2.000. Изградбата на втората фабрика на Џонсон Контролс во Штип исто така е при крај, така што според најавите овој погон ќе почне да работи со полна пареа од јуни годинава.


ИНВЕСТИЦИИ ВО НАЈАВИ

Познати компании од автомобилската индустрија, информатичките технологии, електроника ја разгледувале Македонија како потенцијално место на нивната инвестициска мапа, но дали нивните планови ќе се остварат и колку овие најави може да бидат база за оптимизам дека ќе ни се случи голем инвестициски циклус?!
Засега во јавноста е објавена само информацијата дека германска компанија од автомобилскиот сектор што произведува пластично-електронски делови најверојатно ќе отвори фабрика во Велес. Според информациите од владините министри задолжени за привлекување на странски инвестиции, во игра се уште неколку компании од автомобилската индустрија кои во моментов размислуваат дали да инвестираат во Македонија. Се спомнуваат фирми од Северна Америка, Јужна Африка, па дури и од Јапонија.
Од Владата велат дека сите овие компании треба да донесат одлуки за инвестиции до крајот на годинава, бидејќи според нивните бизнис планови, фабриките треба да им бидат функционални во втората половина на идната година, а дел од нив да проработат дури и во 2015 година...
Повеќе за странските инвестиции во Македонија може да прочитате во специјалната едиција "СИТЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ".
http://www.kapital.mk/mk/makedonija..._vo_januari_iznesuvaat_29,1_milioni_evra.aspx
 
Пуууууу ама економски експерти се собрале по темиве :icon_mrgr:

Три турски компании ќе инвестираат во Македонија

Нова инвестиција во Македонија од страна на три турски компании од областа на медицината кои денеска доаѓаат во Бунарџик

Вкупната инвестиција ќе биде 50 милиони евра и ќе отвори 600 нови работни места, од кои 350 во првата година од работењето.

Својата намера за инвестирање во Македонија ја изразиле на средба со директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија Висар Фида, во Анкара.

- Станува збор за компанијата Матек, која ќе инвестира околу 15 милиони евра во Македонија и ќе вработи околу 200 лица, компанијата Истем медикал која планира да инвестира околу 20 милиони евра и да вработи околу 250 лица и компанијата Тотал која исто така планира да инвестира околу 15 милиони евра и да вработи околу 250 луѓе. Сите три компании се од медицинската техника и ќе инвестираат во зоната Бунарџик во Скопје, изјави директорот на Агенцијата Висар Фида.

- Ние како Истем медикал имавме можност да се запознаеме со можностите кои ги нуди Владата на Македонија за инвестирање во земјата и видовме дека можностите за инвестирање се навистина подобри од Турција и затоа решивме да инвестираме во Македонија, наведуваат од компанијата.
 
Многу инвестиции, многу нешто. Секој ден, секој час се кажува како некоја фирма ќе отвори фабрика со 1.000 работни места. Каде се овие фабрики? И Шишеджам, и Автомобили и какво ли не, но овие фабрики ги нема уште. Божем голем бум на инвестиции, пак Македонија е на последно место во инветиции (полошо од албанија). Ако имаше инвестиции невработеноста требаше да биде 10%, а тоа е 40%. Тоа се лаги, лаги за овие многу инвестиции. Ретките инвестиции не се во фабрики, а во изградба на куќи и станови. Тоа е!
 
Многу инвестиции, многу нешто. Секој ден, секој час се кажува како некоја фирма ќе отвори фабрика со 1.000 работни места. Каде се овие фабрики? И Шишеджам, и Автомобили и какво ли не, но овие фабрики ги нема уште. Божем голем бум на инвестиции, пак Македонија е на последно место во инветиции (полошо од албанија). Ако имаше инвестиции невработеноста требаше да биде 10%, а тоа е 40%. Тоа се лаги, лаги за овие многу инвестиции. Ретките инвестиции не се во фабрики, а во изградба на куќи и станови. Тоа е!

Ko вие у Блгарија поарни да сте,ви ибам циганите.
 
Најавена нова инвестиција од британската компанија „Асенд Капитал“


Британската компанија „Асенд Капитал“, која има инвестициски планови за Македонија, денеска отвори претставништво во земјава.


На прес-конференција инвестицијата ја најавија директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида и директорот на компанијата Џастин Драмонд.
Компанијата, која се занимава со производство на еколошки препарати за чистење, прво ќе отвори канцеларија за маркетинг и регионална продажба со седиште во Македонија, а во втората фаза и фабрика која дополнително ќе отвори работни места.
Во период од 12 до 18 месеци планирано е во канцеларијата да се вработат од 100 до 150 млади луѓе од Македонија кои имаат познавања на регионалните јазици.
Како главни причини за одлуката за инвестирање од компанијата ги посочуваат деловната клима, стабилната макроекономска политика и цената на трудот.
Директорот Фида информира дека британската компанија е заинтересирана и за инвестирање во хотелиерството.
Британската компанија се заинтересирала за инвестирање во Македонија по минатогодишното роуд шоу на владини претставници во Лондон на кое биле претставени можностите за инвестирање во Македонија.

--- надополнето: 5 април 2013 во 19:08 ---
Шест странски компании ќе дојдат во Македонија
Шест странски компании веќе имаат донесено одлуки, три од нив од Турција и три мултинационални од различни држави од Европа, најави денеска премиерот Никола Груевски
05042013151046_gruevski_0402_g111.JPG%20kamen%20temelnik.JPG

- Трите турски компании деновиве заедно со директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции Висар Фида ги објавија своите намери за инвестирање. Другите три очекуваме до крајот на април или почетокот на мај, кога тие ќе одлучат да се објават нивните одлуки. Од нив дел се заинтересирани за Скопје, но дел и за внатрешноста во Македонија. Една од нив е заинтересирана за охридско-струшкиот регион, односно во таа ТИРЗ која наскоро ќе почне да се гради. Друга е определена за Велес..., изјави премиерот на прес-конференција за изградбата на подземната сообраќајница во центарот на Скопје.

Тој додаде дека покрај овие шест компании има уште најмалку толку кои се влезени во финална фаза и треба да направат избор да дојдат во Македонија или во уште една друга земја.
- Верувам дека и кај овие ќе имаме добар успех и дека во поголем дел од нив конечниот избор ќе биде Република Македонија. Активно работиме на ова. Ова е нашиот главен приоритет - привлекување инвестиции независно дали се домашни или странски, отворање нови работни места за граѓаните на Република Македонија. Тоа е главниот фокус на Владата и не случајно се ангажирани двајца министри кои специјално се занимаваат со тоа како никогаш претходно пред доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година и разгранета мрежа на промотори во 30-ина земји, истакна премиерот Никола Груевски. (МИА)
 
Многу инвестиции, многу нешто. Секој ден, секој час се кажува како некоја фирма ќе отвори фабрика со 1.000 работни места. Каде се овие фабрики? И Шишеджам, и Автомобили и какво ли не, но овие фабрики ги нема уште. Божем голем бум на инвестиции, пак Македонија е на последно место во инветиции (полошо од албанија). Ако имаше инвестиции невработеноста требаше да биде 10%, а тоа е 40%. Тоа се лаги, лаги за овие многу инвестиции. Ретките инвестиции не се во фабрики, а во изградба на куќи и станови. Тоа е!
Fabriki se otvaraat,ama ke treba uste mnogu da se otvorat za da pocne da se poznava za ekonomijata. Da ne zaboravime realno imame preku 200.000 nevraboteni,ovie investicii i zaposluvanja se pi*kin dim prema ovaa cifra. Kako i da e sekoe novo rabotno mesto e golem plus,da se nadevame deka vo bliska i podalecna idninake ima sto poveke rabotni mesta,so sto mozebi ke dojde do kakvo takvo pokacuvanje na rabotnickite plati i standard.
 
Убаво е да се инвестира и гради и сето тоа, ама мене оваа работа не ми мириса многу на арно. Не гледам некаква стратегија за развој. Се ми изгледа како обид бдп да не оди премногу надолу и да може некој кредит да се земе. И јавноста да се задоволи. А што потоа никој не знае. Ако сериозно се размилсува за некаков развој тогаш не може вечно да имаме ниски плати и да играме на таа карта. Можеби ќе се отворат неколку фабрики, но се ми се чини ќе застани таа работа, а некој голем бенефит нема да имаме.
 
Нова странска инвестиција во ТИРЗ – Тетово
Објавено: 14:32, 12/04/2013 Прегледано: 23 пати.







Европската компанија за рециклирање гуми „Инова Технологии“ ќе инвестира во Македонија во Индустриската зона во Тетово. Договорот за инвестирање е потпишан денеска од министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија Висар Фида и претставници на компанијата во Гебзе, Турција. Се очекува инвестицијата брзо да се реализира.

Компанијата е сопственик на најголемиот капацитет во Европа за рециклирање гуми преку пиролитички процес од кој се добиваат течно гориво,челична жица и тонер.

Компанијата „Инова Технологии“ практикува производствени процеси со примена на најнови технологии кои овозможуваат рециклирање гуми со целосно избегнување на загадувањето на животната средина кои инаку по природен пат имаат период на разложување од 1.000 години.

Проектот е инициран од промоторот на Македонија во Истанбул Филиз Вели и генералниот конзул Зерин Абаз.

Делегацијата ја посети и индустриската зона Гебзе Ѓузлер и индустриската комора на Коџаели, каде што се сретнаа и со претседателот на комората и претставници на компании од автомобилската индустрија. Беа договорени и посети на неколку компании во Македонија каде што домаќин ќе биде Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, изјави директорот Фида.
http://a1on.mk/wordpress/archives/135074

Нека се множат и здравје кога ќе се намали вработеноста веројатно и платите ќе рипнат ви недостиг на работна сила. Но она што под итно треба да се направи во Македонија се измени во образовниот процес особено во стручните средношколски насоки. Мислам дека полека треба училиштата да се врзуват со фирмите и да овозможуваат практична обука за време на образовниот процес.
 
30 % од 2 милиони жители не се 200.000 друже огромна грешка си... Туку се 600.000 жители...
Невработеност се пресметува како процент од невработени во однос на работноспособно насление...има и други методологии работна популација...никогаш не е на целосна популација. :)
 
Многу инвестиции, многу нешто. Секој ден, секој час се кажува како некоја фирма ќе отвори фабрика со 1.000 работни места. Каде се овие фабрики? И Шишеджам, и Автомобили и какво ли не, но овие фабрики ги нема уште. Божем голем бум на инвестиции, пак Македонија е на последно место во инветиции (полошо од албанија). Ако имаше инвестиции невработеноста требаше да биде 10%, а тоа е 40%. Тоа се лаги, лаги за овие многу инвестиции. Ретките инвестиции не се во фабрики, а во изградба на куќи и станови. Тоа е!

Има светска криза бе, нели сваќаш... Се нема пари знаеш... Споменикот на Александар вреди 10 милиони ЕВРА не ДЕНАРИ !

Бранко ја направи приватизацијата... Он е крив за сите пропаднати фабрики... А Охис ја држат луѓе од власта :pos: Какво перење на мозок чоече треба да си глуп за да те јаваат вака... Колку само потенцијал има во земјава али не се чепка и не се чепка...

И да отворена е фабрика во битола за делови знаеш? 300 луѓе се вработени... на секои 5 минути вртеше рекламата на телевизиите.. страшно нешто
--- надополнето: 14 април 2013 во 01:44 ---
Невработеност се пресметува како процент од невработени во однос на работноспособно насление...има и други методологии работна популација...никогаш не е на целосна популација. :)

моја грешка...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom