Инвестициски БУМ во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Нови вработувања за информатичари, норвешката „Небб софтвер“ со канцеларија во Скопје

04/02/2013 // Пред 40 минути // ЕКОНОМИЈА // Коментирај
nebb-564x272.jpg

Со отварање канцеларија во Скопје и најава за вработување шест македонски инженери, норвешката компанија Небб софтвер, влегува во Македонија. Според министерот Веле Самак, оваа инвестиција е потврда дека и кај нас странските фирми можат да најдат квалитетен и стручен кадар.
„Првите средби со раководството на компанијата ги остваривме за време на нашето роуд шоу во скандинавските земји. Тогаш тоа сериозно размислуваше за Македонија, ја имаше зацртано во своите планови, но по презентациите и дискусиите што ги одржавме, доби поголема доверба и почна со инвестицијата“, рече Самак, кој додаде дека државата изминатиот период интензивно работи на зголемување на бројот на ИТ кадри, инженери за софтвер и хардвер.
Инаки софтверот што го изработува Небб е врвен и специфичен, за процес на контрола во неколку индустрии поврзани со суровини како нафта, гас, хартија и е наменет за западноевропските пазари. Компанијата е дел од истоимената Групација која брои вкупно шест фирми од кои пет се во Норвешка.
„Македонија не е само одлична туристичка дестинација, туку и исклучително добро место за водење бизнис. И претстои светла иднина. Покрај подготвени, добро обучени инженери, тука најдовме љубезни, пријателски настроени луѓе, гостопримство, одлична храна“, изјави за време на отварањето на скопската канцеларија, генералниот директор на Небб, Асмунд Риси.
http://faktor.mk/archives/26531
мајко мила! шест! во најава!
македонија не запира!
 
не бе, кај нас е највише. сеа ќе ти израчунаат по специјалната СДИ формула дека што и да се прави, кај нас има најмногу инвестиции и вработувања. дури и кога апсолутните бројки го кажуваат спротивното. башка, од каде тие таа информација? а? сигурно од с*****идите или некој друг што и мисли лошо на маЌедонија...
 
Што викаат Србите: Оде воз у кукуруз
И секако тоа на сител нема да го видиш/ни чуеш, ќутат како пи*ки. Битни се едно 15минутни вести за Бранко и Јани кај што му наводно врти грб:pos: Цело време гледаме здружена опозиција, на сител е разделена, распарчана.:pos:
 
Еве ви ;;пратеничко инвестициски бум’’. Фијат на пола пат до милијарда. :eek: ЛИНК.
 
Еве ви ;;пратеничко инвестициски бум’’. Фијат на пола пат до милијарда. :eek: ЛИНК.

Латас и се е можно... разбрал дека Фијат има пола милијарда, а сеуште „не слушнал“ дека исчезнаа парите на Махараџата со казината :pos:
 
Латас и се е можно... разбрал дека Фијат има пола милијарда, а сеуште „не слушнал“ дека исчезнаа парите на Махараџата со казината :pos:
Да се само пола милијарда, чекај тоа што му срушија проклетијава колку се има да се враќа...
 
Белгиски „Ван Хол“ бара работници за фабриката во Бунарџик
16.02.2013 | 15:35
Економија
Прочитано: 63
Белгиската компанија „Ван Хол“ денеска објави оглас со кој бара кадар за 35 работни позиции во својата фабрика „Ван Хол Македонија“ што ја гради во Технолошко индустриската развојна зона - Скопје 2 во Бунарџик.

Белгискиот инвеститор, кој во новиот капацитет ќе произведува автобуси за меѓународни пазари, бара работници од техничките насоки за разновидни позиции, тим лидери, заварувачи, столари, електричари, механичари, контролори, координатори, асистенти. Минимум услов за дел од работните позиции е завршено средно образование, по можност техничка насока и соодветно работно искуство, за дел одлично познавање англиски јазик, а за дел завршено високо образование.

Изградбата на фабриката за автобуси на „Ван Хол“, почна во јули минатата година, како инвестиција вредна 20 милиони евра, што треба да овозможи вработување на 400 до 500 лица. Покрај новите работни места, се очекуваат позитивни ефекти од инвестицијата и за домашни фирми што ќе имаат можност за соработка, како и зголемување на македонскиот извоз.

Белгиската компанија „Ван Хол“ одлучи да инвестира во Македонија по контактите што ги иницираше македонската Влада и реализирањето економски презентации на можностите за инвестирање во државава. При стартот на изградбата на производствениот капацитет директорот на белгиската компанија „Ван Хол“, Филип Ванхол истакна дека за успех на инвестицијата ќе се потпре на образованието на младите генерации во техничките училишта и одличните македонски универзитети и на големото искуство во производство на квалитетни автобуси што во минатото биле произведувани во Македонија.

Со реализацијата на нивната инвестиција, од зоната Бунарџик првпат ќе се извезува готов производ, технолошки високософистициран на високософистицирани пазари, кој ќе го носи знакот дека е произведен во Македонија.

Според најавите од инвеститорот, новиот капацитет на „Ван Хол“ ќе се протега на површина од 36.900 метри квадратни, а се очекува да почне да произведува автобуси во првиот квартал од 2013 година. Целта на белгискиот инвеститор е да ја реализира американската нарачка од 400 автобуси од која првите 50 треба да се извезат од погоните на фабриката веќе од крајот на 2013 година. По оваа нарачка, компанијата ќе воведе два нови модела на автобуси, а полниот капацитет што треба да се постигне е годишно производство од 400 автобуси.
„Ван Хол“ е семејна компанија за прозводство на автобуси и индустриски возила основана 1947 година. Во фабриката во Белгија вработува 4.000 лица, а годишното производство изнесува околу 1.200 автобуси и 4.000 други возила. Остварува годишен обрт од над 450 милиони евра, а над 80 отсто од производството е наменето за извоз.

http://24vesti.mk/belgiski-„van-hol“-bara-rabotnici-za-fabrikata-vo-bunardzik

Уште една инвестиција што ја нема и што не е остварена.
 
Еве го целиот оглас, односно кој профил на кадар се бара.
http://www.vrabotuvanje.com.mk/job-advert/otvoreni-rabotni-pozicii/4494
 
Македонски компании искористиле 50 милиони евра од кредитот од ЕИБ

Македонски компании искористиле половина од евтината кредитна линија од Европската инвестициска банка

Од јули, кога беше активирана кредитната линија, поддржани се 187 проекти, во вредност од 49.996.332 евра. Во Македонска банка за поддршка на развојот информираат дека во постапка на одобрување се нови 23 проекти во износ од 10 милиони евра, кои ќе се обезбедат со повлекување нова петта транша од кредитната линија од вкупно 100 милиони евра што ја обезбеди Владата од Европската инвестициска банка. Новата транша се очекува да биде повлечена до крајот на наредниот месец.

Од одобрените кредити, најголемиот дел од 40 отсто се искористени од производствени компании, 32 отсто од трговски компании, 11 отсто од секторот услуги, 4 отсто од транспортни компании и 3 отсто од хотели. Со реализација на досегашните четири транши од оваа трета кредитна линија од Европската инвестициска банка се отворени 1.314 работни места. Кредитната линија се пласира преку Македонската банка за поддршка на развојот, а фирмите поднесуваат барање кај девет деловни банки.

Средствата се достапни по субвенционирана камата од 5,5 проценти и рок на отплата од осум години со грејс-период од две години. Седумдесет проценти од кредитната линија се за малото стопанството, а 30 проценти за големите компании. Малите и средните претпријатија може да ги користат за обртни средства и за инвестиции, а големите компании може да аплицираат за проекти од областа на животната средина, претприемаштвото и иновации, енергетика, инфраструктура, индустрија и други услужни дејности.
Кредитите од 10.000 до 3,5 милиони евра ќе се одобруваат со рок на отплата осум години грејс-период од две години, а кредитите со износ од 5.000 до 667.000 евра со рок на отплата до три години со грејс-период од шест месеци. Целта на оваа и на претходните две кредитни линии е поддршка на приватниот сектор од страна на Владата, која преку нови средства се обидува да ја зголеми ликвидноста на стопанството. Со претходните две кредитни линии од 150 милиони евра беа поддржани 712 проекти на мали и на средни претпријатија што отворија 3.150 нови работни места.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22213914454&id=10&prilog=0&setIzdanie=22812
 
Makedonce makedonce

neznam koja budala ja otvori temava....ve plakaat li od partija da lepite gluposti...nemate druga rabota...

neka mi odgovori eden bilo pozicija ili opocizija..

-Koj dobiva od otvaranje stranska kompanija vo MKD....??????????
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom