Интернетот ја убива музичката индустрија?

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Веб-сајт
www.kajgana.com
Во последно време во тренд низ целиот свет е опаѓањето на продажбата на музичките цд-а,двд-а,затварање на музичките продавници,намалување на приходот на цела музичка индустрија,а за сите тоа помалку или повеќе виновник е Интернетот.
Купувате ли музика од продавници,или исклучиво сте ориентирани на пиратерија? Мислите ли дека може цела музичка индустрија да се доведе во колапс само поради постоење на Интернетот? Поинтересно ви е да присуствувате на концерти,да си слушате музика од цд...или се тоа го правите преку Јутуб Лајмвајр и слично?
 
Поинтересно ви е да присуствувате на концерти,да си слушате музика од цд...

!?!
Ако одам на концерт гарант ќе го купам цд-то, после ќе се барам во таа гужвата.

Не!
ednooki18fu7.jpg

Ќе го спуштам клипот од youtube, каде што ќе ме има мене. Џабе ми е цел концерт.

Е сеа. Кај мене тука нема музичка продавница, па има интернет разменување.

Го правам поедноставното.
 
Нормално дека е повеќе се исплаќа пиратерија. Мене ми е во прилог да си спуштам беспари, ама на тие шо ги правеле песните и не им е. Без разлика, има музика и на интернет шо си се продава и ако не сака некој пиратерија, ете му на интернет нека си купи
.
 
Технологија, еволуција...како да ви кажам, па се има на интернет :icon_lol:
 
ЦД-ња купував порано, нормално пиратски, ама ипак ги купував, кога бев 6-7 одделение кога не беше до толку развиен интернетот. Сега исклучиво од интернет си симињам музика. Е сега дали тоа ќе доведе до колапс на музичката индустрија, незнам, времето ќе покаже.
 
Muzicarite koi vadat albumi se sekako protiv piraterijata,no na nas ni e poednostavno da simnes od net odkolku da davam 300-400 den za eden album.Neli?

Imam i jas CDinja od Eros Ramazzotti i toa original i od Bocelli no tie se retki i mn retko kupuvam osven na poklon:)
 
Само пиратерија ! И филмови и музики, па сега малце нека се навикнат и во филмската индустрија и во музичката дека не треба еден глумец да зема 10-20 милиони долари за улога или една пеачка 5-6 милиони евра за концерт.
 
Во последно време во тренд низ целиот свет е опаѓањето на продажбата на музичките цд-а,двд-а,затварање на музичките продавници,намалување на приходот на цела музичка индустрија,а за сите тоа помалку или повеќе виновник е Интернетот.
Купувате ли музика од продавници,или исклучиво сте ориентирани на пиратерија? Мислите ли дека може цела музичка индустрија да се доведе во колапс само поради постоење на Интернетот? Поинтересно ви е да присуствувате на концерти,да си слушате музика од цд...или се тоа го правите преку Јутуб Лајмвајр и слично?

1. Најнормално дека ќе биде во пад... Зошто? Дигитална дистрибуција, другарче. Што ќе ми се тие цедиња, кога може од Beatport/AudioJelly/Jono/Armada и слични, да не ги редам, да си ја доунлоадирам музиката директно на мојот компјутер, без да се замарам со одење до продавница...

2. Ај за тоа нека ти кажат Beatport и сличните сајтови, дали им е намален приходот, или ненормално рипнат. :) Им е намален на газдите на холивудските, мега издавачки куќи. Зошто? Па со помош на интернет продавниците за дигитална дистрибуција на музиката, не мора да потпишуваш за некои издавачки куќи кои ќе ти зимат огромни проценти и што ли уште не.

3. Не е виновник Интернетот, тоа е само нова технологија која може многу добро да се искористи, само што некој сеуште е заглавен во времето. Кога излегоа касетите, Големите се плашеа дека радијата ќе пропаднат. Кога излегоа видео касетите и дивидејките, Големите пак се плашеа дека луѓето нема да гледат ТВ, туку ќе гледаат само тоа што сакат, без реклами од кои Големите нема да може да се збогатуваат. Јбг, кој неможе брзо да се адаптира, ќе плаче... Старо правило.

4. Оставете настрана разните пропаганди на американските издавачки куќи дека интернетот и пиратеријата се виновни за "падот" на бројот на продадени цедиња. Интернетот е како езеро во пустина за многу, многу независни артисти, кои само преку него можат да се промовират и да издадат своја музика на поширока публика.
 
Јас сега за во Македонијава ке зборам. Мене да поубаво ми е да го имам оригинал онака убаво спакувано се ама од кај да го купам. Во Скопјево колку што знам има 2 продавници за оригинали и тие немаат никаков избор. Значи не ми останува ништо друго освен да го симнам од интернет. За од пазар такви работи на нив не им давам пари. Тука ако му кажеш на некој дека го купуваш оригинал ке ти се насмее у фаца. Не останува ништо друго освен да се послужам со пиратеријата. За во другите земји незнам што како е ама пак поекономично е од интернет да го симнеш отколку да даваш пари. Помина времето на пејачите кога од еден концерт по 10 милиони собираа.
 
Југотон и таа после него не се доволно снабдени?
 
Прашај го било кој млад надежен продуцент на музика (посебно електронската), би ти рекол дека подобро е да ми ја слуша некој музиката на интернет одколку да не го купи цедето и никогаш у животот да не слушне за мене, се додека немам платам во МТV или некоја радио станица, па да ја ми ја пуштаат музиката. Времето е едноставно такво.
 
Таа музика што ја слушам излегува исклучиво во дигитален формат или на плоча(во последно време и тоа поретко).Такада....даунлоад.А за нашите музичари мене искрено грев ми е.Кога ќе дојде време да издадат албум/компилација тоа е ради реда,немаат буквално никаков приход од тоа.А од друга страна мал пазар сме,а и бедна држава во која што ретко некој може да си дозволи да даде повеќе од 5 евра за едно ЦД :smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom