Во последно време во тренд низ целиот свет е опаѓањето на продажбата на музичките цд-а,двд-а,затварање на музичките продавници,намалување на приходот на цела музичка индустрија,а за сите тоа помалку или повеќе виновник е Интернетот.
Купувате ли музика од продавници,или исклучиво сте ориентирани на пиратерија? Мислите ли дека може цела музичка индустрија да се доведе во колапс само поради постоење на Интернетот? Поинтересно ви е да присуствувате на концерти,да си слушате музика од цд...или се тоа го правите преку Јутуб Лајмвајр и слично?
1. Најнормално дека ќе биде во пад... Зошто? Дигитална дистрибуција, другарче. Што ќе ми се тие цедиња, кога може од Beatport/AudioJelly/Jono/Armada и слични, да не ги редам, да си ја доунлоадирам музиката директно на мојот компјутер, без да се замарам со одење до продавница...
2. Ај за тоа нека ти кажат Beatport и сличните сајтови, дали им е намален приходот, или ненормално рипнат.

Им е намален на газдите на холивудските, мега издавачки куќи. Зошто? Па со помош на интернет продавниците за дигитална дистрибуција на музиката, не мора да потпишуваш за некои издавачки куќи кои ќе ти зимат огромни проценти и што ли уште не.
3. Не е виновник Интернетот, тоа е само нова технологија која може многу добро да се искористи, само што некој сеуште е заглавен во времето. Кога излегоа касетите, Големите се плашеа дека радијата ќе пропаднат. Кога излегоа видео касетите и дивидејките, Големите пак се плашеа дека луѓето нема да гледат ТВ, туку ќе гледаат само тоа што сакат, без реклами од кои Големите нема да може да се збогатуваат. Јбг, кој неможе брзо да се адаптира, ќе плаче... Старо правило.
4. Оставете настрана разните пропаганди на американските издавачки куќи дека интернетот и пиратеријата се виновни за "падот" на бројот на продадени цедиња. Интернетот е како езеро во пустина за многу, многу независни артисти, кои само преку него можат да се промовират и да издадат своја музика на поширока публика.