Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Дефинитивно ВМРО ДПМНЕ работи на интеграција, не во Еу, туку во некоја друга федерација која ќе си биде нивна т.е. нашка (за оние кои се у власт, не за комуњарите)
Еве ви еден цитат што денеска кажа еден драг пратеник во ЕУ од една соседна земја:
Бугарската поддршка за прием на Македонија во НАТО во последниве денови оди до таа мерка што на сите официјални разговори и средби во НАТО, бугарските претставници нагласуваат дека интеграцијата на Бугарија во НАТО, нема да биде целосна се додека во Aлијансата не влезе и Македонија.
Не би се сложил со тебе дека сите претставници од европската унија се корумпирани, но сепак секој си има право на свое мисење.Ја кога одам во кафана не му диктирам(наредувам) на келнерот, тука му нарачувам на келнерот,што за јадење , што за пиење , а ако плаќам добро и музика ќе ми пушти по кеиф. Така да за екипа која неколку години го контролирала целиот увоз на нафтени деривати на една 12 милионска земја не е проблем да си нарача тоа што сака. А јасно е дека европските дипломати се корумпирани и те како влиајат на јавното мислење во Македонија. Нарачки прима скоро секој ,за се и сешто,
најсвеж пример ти е Ахтисари кој заработи еден куфер пари за рецепт за независна држава по желба на нарачателот.
Значи бесперпективноста Јас би ја заменил со единствената каква таква перспектива, а тоа е НАТО и ЕУ, се додека нели некој кој е задолжен и платен за да изнаоѓа перспективи, не изнајде друга, издржлива и реална. До тогаш останува НАТО и ЕУ.Практично нема ни една, ни ЕУ не ни е алтернатива,зашто таму не не сакаат. Така да за друга нема да може да стане збор. Теоретски да ,има алтернатива, има моментално нема човек што може да ја спроведе. Тоа е сопствен развој без ЕУ и НАТО. Нема храброст ВМРО-ДПМНЕ за такви радикални реформи и програми, бидејќи ќе страда рејтингот, а СДСМ не се ни интесериса за било каков развој на Македонија.
Добро лоциран проблем кај партиите.Шекеринска стварно го одработи брзо и добро го изменаџира одговорот на прашалникот. Ок ама тоа не ни малку доволно за да ја сметаме за позитивец. Мора да признам дека и се почудив кога го призна поразот и му ја честиташе победата на Груевски. Тоа е стварно за поздравување. Ама гадна е на јазик многу, а и нема храброст да каже што е проблемот на СДСМ. Оттаму се гледа дека сепак ја интересира само својата кариера а не Македонија.
Претенциозно, но на моменти вистинито.
Претенциозно, но на моменти вистинито.
Не!
Македонија не е куќа составена од тули ,или торта па да се распадне. Македонија не е Југославија. Македонија е една целина со свои природни граници, кои се најизразени на север и запад. Неможе да стане збор за распаѓање,секој што ќе го спомне овој збор заедно со Македонија треба да биде наденат на кол. Македонија не е творба туку е целина, таа може да биде окупирана или некој нејзин дел да се сепарира, се тоа не нелегално. Распаѓање е опасен збор, кој асоцира на творба. Советски сојуз,Чехословачка,Југославија ........
Македонија неможе да се распадне !!!
Тој гнасен збор, се знае кој го воведе во Македонија и се знае за која цел,за заплашување и закана ........
Ниедна унитарна држава на светот не може да се распадне.
Омразаниот екс министер на Германија Тео Вајгел го доведе Бучковски, да му го дигне рејтингот као демек работи нешто.
А дечково работи, лобира за германски фирми во Македонија да добијат работа,дали ќе било тоа хидроцентрала,патишта,аеродроми итн. За тоа добива проценти од нив, и плус чиста плата од македонската влада.
Има нешто(лична причина), штом тој овака најгрубо се заканува ...........
Ok.
Во ред, мислам дека не мора толку да ми викаш
А со тоа "неможе нам нико ништа, јачи смо од судбине", се виде до што дереџе дојдовме 2001-ва година.
Така да не би било на одмет да се разгледат секакви сценарија, чисто ради превентива.
А Тео Вајгел, доколку е таков каков што го кажуваш, з'ш владава едноставно не се откаже од неговите услуги.
не би било на одмет да се разгледат секакви сценарија, чисто ради превентива.
Притоа треба да ја имаш на ум и потребата поради која сценаристите се “дале на работа“ да испорачаат ваков или онаков продукт.
За некаква си интеграција нема збор, СИТЕ сакаат изолација на Македонија.... Инаку нема да можат да ги вршат своите мафијашки бизниси...
Aj ти Гоца за да не биде само паушално напишаново, објасни ни како, под кои услови и која година тоа го направи Бранко....а за името ич гајле немај. Во наредните 4 години освен Никола, нема друг кој ќе може да го смени.... како лошите работи ги споредуваме со Бранко ? ...
... епа еве вака :
-ни го смени знамето СЕГА САКА ДА НИ ГО СМЕНИ И ИМЕТО !
Зарм не се народни пари оние кои денес ги користи Груевски за да го запере мозокот на народот ?- и да не наведувам сите методи кои ги користи против НАРОДОТ , како без да му трепне окцето не ЛАЖЕ (демек ние не знаеме што и како чинеше СДСМ да си дојди до НАРОДНИТЕ НИ ПАРИ )
Зарем нешто знае Груевски да направи, освен лукаво да ја користи она српската народна "Бриго моја преџи на другога".... еве денес ќе преговара за ИМЕТО НИ , ЗА ЧЕСТА И ДОСТОИНСТВОТО НАШЕ ...
... ајде да видиме колку ја сака МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ ! ...
Тешко е да се решаваат проблемите.
Арно рече Заев задвчера:
Големите политичари го водат народот, а малите го заведуваат.