Z
zmej gorjanin
Гостин
Ајде вака прво, Аријадне и тој богаташот во четвртиот сон не умреа, пошто ако умреа ќе отидеа во Лимб. Она го бутна од зграда а и она рипна за да се разбудат кога се во слободен пад односно The Kick. Овој дел ми беше малку нејасен зошто мораа да отидат во 4 сон за да го разбудат, зошто во 3 сон не го разбудија. Моја теорија е дека Ди Каприо знаеше дека жена му ќе ја најде на 4 то ниво, и дека пак ќе проба да го убие богаташот, вака он во 4 ти сон ја испровоцира да го убие него и да отиде во Лимб а Аријадне и тој богатиот да се разбудат и да се вратат во 3 ти сон, односно Ди Каприо сакаше сам да отиде у Лимб. Ајде сега да преминеме на главното, зошто мислам дека е во реалност а не во сон.
1. За да биде во сон Коб мора да е во Лимб. Ај сега сети се што е Лимб кога објаснуваше Ди Каприо. Се будиш како човек полн со каење, кој не знае ништо за својот претходен живот, сосема сам и изгубен. Доколку ова е точно Ди Каприо не би требало да биде свесен за настаните што му се случија само од пред малце, односно не треба да биде свесен дека се буди од сон, па и да ги сонува сите ликови кои му се познати. Ако се сеќаваш Ди Каприо со жена му еднаш веќе беше во Лимб, тие таму си изградија свој свет и беа заглавени 5 декади, за тие 5 декади во Лимб беа сосема сами двајцата, не сонуваа свет полн со луѓе. Ако не се лажам и Саито во Лимб беше осамен.
2. Доколку на крајот е во Лимб, тогаш претходната сцена со Саито не би имала никаква логика. Коб еднаш се разбуди во Лимб, за да го најде Саито. Доколку ти тврдиш дека крајот е Лимб, тогаш местото во кое се разбуди Коб за да го најде Саито би било што? Не би имала никаква смисла таа сцена, па и овој го наоѓа и на крајот вадат пиштол за да се убијат и да се разбудат. За да биде така ко што викаш ти овој дел од филмот не би требало да постои, доколку не постоеше сигурен ќе бев дека Ди Каприо е во Лимб (освен ако не постои можност да скока од еден Лимб у друг Лимб)
3. Колку и да ти изгледа оваа причина глупа, ако примети на крајот кога се вртеше тотемот почна да тресе пред да падне (т.е. беше пред паѓање), видиш у соништата кога го вртеа тотемот секогаш се вртеше мирно и не даваше знаци ни малку дека ќе падне.