Иконите

Се е ОК,но сепак,значи постои тоа,,Евангелие според Христа,,?

Нели?

Апокриф - не е докажано.
Тие книги кои се канонизирани во Библијата со сигурност се знае од кого се напишани. Писателите на апокрифните не се докажани. Во некои од апокрифните може да има и погрешни учења, но може и да има точни учења. Бидејќи не се во целост точни, затоа и се отфрлени при канонизацијата.
 
А,дали си информиран за другите прашања,кои ги поставив,дали имаш нешто чуено од тоа?

Врати се на мојот последен пост,имав некои дополни во истиот.
 
И имам уште едно прашање до тебе(со извинување до модераторот за оф-топикот):
-Дали Лазар,откако бил вратен од мртвите благодарение на Христос,дали постои некаде напис,каде Лазар го објаснува задгробниот живот?
Прашувам,затоашто некои луѓе тврдат дека откако допреле до ,,тамошниот,,живот,почувствувале таков страв, што се оддале на строги пости и одданост кон Бога се до крајот на животот.

Јас би ти препорачала таа книга, која е наречена Евангелие според Исус Христос да не ја земаш во предвид. Тоа е книга која апсолутно може да се нарече еретичка. Го опишува „животот“ на Христос, при што посебно се задржува на „Неговите“ години од животот пред да почне да проповеда и има мноооооогу ереси (страшни ереси). Затоа, не би сакала да коментирам за таа книга. А доколку сакаш да дознаеш што се случува во задгробниот живот, прочитај ги митарствата на блажена Теодора (на српски е, ама мислам дека ќе се снајдеш :))

http://www.ihtus.us/ihtus/viewtopic.php?t=85&sid=4cd751e685d33e3565f5deaee9b1e1b6

А за животот на Лазар, освен она што го има запишано во Светото Писмо, можам само да ти кажам дека тој потоа бил епископ на Кипар. Во 890 год. неговите мошти биле пренесени од островот Кипар во Цариград во храмот посветен на него кој го изгради царот Лав Мудриот. Кога после близу илјада години го откопаа Лазаровиот горб во градот Китија на Кипар, најдоа мермерна плоча со натпис: „Лазар Четиридневниот, пријател Христов.“

-Не знам дали имаш гледано документарец,каде во едно место во Русија,каде што се работело на проект за ископување на нафта или гас,работниците на тоз проект достигнале длабочина во земјата од 14км.и ненадејно започнале да се слушаат морбидни гласови од под земја.

Јас го гледав тој документарец и доколку истиот не е монтажа,гласовите се навистина морничави и не би го препорачал на сите да го гледаат.
Едноставно се слушаат илјадници гласови(писоци) и еден глас преовладува над сите нив.

Да, знам за тоа. Ги имаа звуците и на интеренет ставено, мислам дека на ју тјуб. И навистина страшно звучи.

Исто така не знам колку знаеш за наводното откривање на Ноевата арка,на планина Арарат,во денешна Турција?
Јас го имам гледано тоа чудо,навистина е застрашувачко.
Според некои тврдења,Сталин пуштил свои војски на тоа место и наредил наводната Ноева арка да биде уништена,но сепак не успеал да ја уништи докрај.

Дали си информиран за нешто од ова?

Па не е баш наводно откривање на арката. Го имам гледано документарецот (мислам дека беше од Дискавари ако не се лажам). Сите димензии се исти како што ги опишува во Библијата, но за жал, навистина Сталин ја уништи. Сега се останати само делови од арката. Инаку, тоа не е нешто ново. Ако читаш православна литература, со тој податок можеш да се сретнеш во книги кои се издадени многу пред документарецот (го имам одамна читано и не се сеќавам во која книга).

Поздрав, брат:smir:
 
Јас би ти препорачала таа книга, која е наречена Евангелие според Исус Христос да не ја земаш во предвид. Тоа е книга која апсолутно може да се нарече еретичка. Го опишува „животот“ на Христос, при што посебно се задржува на „Неговите“ години од животот пред да почне да проповеда и има мноооооогу ереси (страшни ереси). Затоа, не би сакала да коментирам за таа книга. А доколку сакаш да дознаеш што се случува во задгробниот живот, прочитај ги митарствата на блажена Теодора (на српски е, ама мислам дека ќе се снајдеш :))

http://www.ihtus.us/ihtus/viewtopic.php?t=85&sid=4cd751e685d33e3565f5deaee9b1e1b6

Јас би му препорачал на demmian да не ја зема предвид таа апокрифна книга "Евангелие по Исус", но исто така да не ги зема предвид и еретичките ткн. "митарства" - православни измислици кои ко бајаги таа Теодора му ги кажала на сон на тој Григориј - затоа што и едното и другото содржат еретички учења спротивни на учењето на Светото Писмо.
Сепак доколку demmian го интересира повеќе за митарствата, ќе му одговорам на посебна тема, или пак ќе отворам нова, а оваа ќе ја задржиме за иконите.

demmian, што мислиш ти за иконите? Дали тие треба да бидат дел од Христијанството или пак не?
Дали Христос и апостолите користеле икони? Дали Христос и апостолите се поклонувале пред икони, продавале икони, осветувале икони, бакнувале икони итн.? Што мислиш ти за ова?
 
Пред се во врска со темата. Извини ако добив погрешен впечаток али помислив дека си верник (православен) пошто гледам дека си присутен на темите поврзани со религија а сега ме збунуваш со прашањава. На кого Господ би му се поклонувал или би требало да му се поклонува освен евентуално на другите две лица од Светото тројство? ЗАШТО ВООПШТО ВАКВА ТЕМА МЕЃУ ВЕРНИЦИ?! Па имало Вселенски Собори кои уште многу одамна ги разрешиле овие работи!!!! Не сум точно сигурен на кој било решено прашањето за иконоборствто али можам и да се потрудам да најдам, само во секој случај тоа не е воопшто дилема за да ние си ги мачиме своите човечки, ограничени умови. Значи апсолутно е беспредметно и излишно да се збори за тоа!!! :toe:

А сега и друго. Прости ми за мојата неупатеност а зашто митарствата се еретички и во кој дел не се согласни со Библијата? Ако Теодора и Григориј биле свеци значи дека биле по Божјата воља и не си смислувале некојси свои работи...
 
Маркус, читај ми го мојот коментар на 3-та страна, многу добро е објаснето што сака да каже Господ со втората заповед.

Читај, може че ти се разјаснат некои работи. Еве ти линкче
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=29503&page=3

А што се однесува до Светото Предание, ќе прифатам да поверувам дека нема Свето Предание ако ми дадеш толкување, или да ми покажеш каде во Стариот Завет ја има оваа случка

Јуда 1, 9 А Архангел Михаил, кога се препираше со ѓаволот за Мојсеевото тело, не се осмели да изрече хулна пресуда, туку рече *Господ да ти забрани!*

А да не збориме за тоа што сеуште немам добиено одговор од брат Ев како тој си ги толкува стиховите: ако те соблазнува левото око, извади го... па мислам дека би можел ти тоа да го направиш.
Пишува Гопсод да те искара. Али ако требаше да се молиме на Иконите Исус ќе кажеше јасно па дури и самуот Исус ќе се молеше на нив. Али на едно место се вели правете се што правеше Исус така да стварно ми е жал.
 
А сега и друго. Прости ми за мојата неупатеност а зашто митарствата се еретички и во кој дел не се согласни со Библијата? Ако Теодора и Григориј биле свеци значи дека биле по Божјата воља и не си смислувале некојси свои работи...

Ne se spomenati nikade vo Biblijata a i Isus nikade ne govorel za niv. A sto nekoj covek si smisluval pa makar i bil svetec jas neznam. samo znam deka pobujna fantazija od covek nema nikoj!
 
demmian, што мислиш ти за иконите? Дали тие треба да бидат дел од Христијанството или пак не?
Дали Христос и апостолите користеле икони? Дали Христос и апостолите се поклонувале пред икони, продавале икони, осветувале икони, бакнувале икони итн.? Што мислиш ти за ова?

Другарче,немав време за форумов овие два дена,па не успеав да одделам време ни да ти одговорам на прашањето.
Така да-извини за задоцнувањето.
:smir:
Иначе,што се однесува до иконите во Христијанството,немам објективно гледиште за тоа,едноставно,доколку традицијата налага да има икони-тогаш јас не сум против тоа.

Не знам зошто ме прашуваш конкретно за тоа,кога постојат безброј примери за постоењето на икони кои имаат исцелителна и чудотворна моќ.
 
Иначе,што се однесува до иконите во Христијанството,немам објективно гледиште за тоа,едноставно, доколку традицијата налага да има икони-тогаш јас не сум против тоа.

А што доколку традицијата налага, а Светото Писмо забранува? Кого да слушаме тогаш? Кој треба да ни биде авторитет, човечкото предание или Божјиот Збор?

"Не ќе си правиш идол, ниту некаква слика..."
(ГОСПОД во Излез 20:4)

"А Тој во одговор им рече: „Зошто и вие ја престапувате Божјата заповед, заради вашето предание?"
(Исус Христос во евангелие по Матеј 15:3)

Не знам зошто ме прашуваш конкретно за тоа,кога постојат безброј примери за постоењето на икони кои имаат исцелителна и чудотворна моќ.

Јас би преформулирал дека постојат безброј прикаски и бајки за иконите, а не реални и докажани примери.
Но дури и да имало чуда поврзани со иконите, тоа не ни дозволува да им се поклонуваме. Кога Израелците згрешиле, Бог испратил отровни змии за да ги касаат и секој каснат умирал. (Броеви 21:4-9). Мојсеј по заповед Божја направил една бакарна змија и ја подигнал на еден стап. Секој каснат човек, кој ќе ја погледнел змијата, оздравувал. Ниедна икона не сторила досега такво чудо како таа змија. Но, царот Езекија ја уништил, затоа што луѓето и каделе. Светото Писмо го пофалува како најдобар и чесен цар меѓу сите други еврејски цареви. (4 Царства 18:3-6)

Да не заборавиме исто така и дека единствената икона спомната во Новиот Завет, Иконата на Ѕверот, исто така ќе прави чуда. Цитирам...

"И му беше дадено да вдахне дух во иконата на Ѕверот така што иконата на Ѕверот да прозборува, и да направи да бидат убиени оние, кои нема да се поклонат на иконата на Ѕверот. "
(Откровение 13:15)

Зарем не те става ова малку во мисла? Единствената икона спомната во Новиот Завет е во служба на ѓаволот и таа ќе ги прави невидени чуда: ќе прозборува и ќе направи да бидат убиени сите оние што нема да и се поклонат?
Размисли, кои ќе бидат први на мета кај оваа икона? Дали иконољубците, или пак поборниците против икони?
 
Ne se spomenati nikade vo Biblijata a i Isus nikade ne govorel za niv. A sto nekoj covek si smisluval pa makar i bil svetec jas neznam. samo znam deka pobujna fantazija od covek nema nikoj!

Е па ајде да продужиме со офф... Кажи ми да ли Христос бил човек? Да ли не треба да му веруваме и него? Или ти може и не си православен? Има вистина во твоите зборови али не можам до крај да бидам согласен. Освен тоа митарствата се кажани многу после животот на Господа.

ОН ТОПИК
Иконоборството е ОСУДЕНО КАКО ЕРЕС НА VII Вселенски Собор во Никеја во 787. година!!!! А вие кои зборите против иконите според тоа би требало да бидете наречени - ЕРЕТИЦИ! Затоа тргнете се од земни и ѓаволски мудрувања додека не ви биде касно! Имате многу литература на зададената тема а јас би ви препорачал и три пркрасни беседи на Св. Јован Дамаскин против иконоборците!!! Стварно ве молам да прочитате!!! Не е потребно ништо повеќе само на Google внесете „иконоборство“ и ќе имате доволно материјал за цел елаборат. Поздрав на сите и секое добро!!!:smir:
 
Четирите Цариградски собори во: 731, 754, 815, и 829 година ги отфрлиле иконите. Во 754г. императорот Константин Петти свикал собор во Цариград и на тој собор учествувале дури 338 епископи. Тие изјавиле дека "Обожавањето на иконите се противи на науката на Светото Писмо", притоа донесувајќи повеќе одлуки со кои се забранувало изработување на икони и нивно користење во богослужбите На овој собор исто така биле анатемисани поборниците на иконите, меѓу кои и Германус од Константинопол и Јован Дамаскин.

Бај д веј Петре, на седмиот вселенски собор луѓето ги одобриле иконите, а во Светото Писмо Бог ги осудил. Па сега ти размисли кого ќе слушаш, луѓето или Бог? :)
 
За поточно информирање во однос на иконоборството од 8-ми век треба да се прочита историја на Византија. А кога ќе се прочита, може да се види дека оваа слика која е горе претставена нема врска со реалноста. Иконите постојат од самото појавување на христијанството, додека, пак, иконоборството се појавило кон средината на 8-ми век.

Икона од 4-ти век

Икона од 5-ти век

Икона од 6-ти век

Икона од 7-ми век

Икона од 8-ми век

Ако се водиме по овие погрешни податоци, доаѓа дека христијаните се до 8-ми век биле во заблуда и биле идолопоклоници (а со тоа се негираат и зборовите на Господ Исус Христос дека ќе ни Го даде Утешителот Кој секогаш ќе не води, до крајот на светот), а потоа се појавува некој попаметен од претходните 8-вековни генерации и решава да ја исправи заблудата. Мене ова повеќе ми личи како појава на нова ерес, а не на оправање на ситуацијата и враќање кон корените. Но, да и препуштиме на објективната, а и на црковната историја тоа да го разјасни.

Иконоборството влече корени од Павликјанската ерес, чие гледиште подоцна го прифатиле некои од епископите, заедно со византискиот император Лео 3-ти, кој го започнал и иконоборството. Лав 3-ти бил во контакт со Калифа Омар 2-ри кој се трудел да го преобрати во ислам, меѓутоа не успеал. Единствено нешто што му успеало е да го убеди дека иконите биле идоли. Во 726 год., Лав 3-ти издава едикт со кој ги забранил иконите. На тоа особено се спротивставиле повеќето теолози и монасите, поради што тој започнал гонење и страшно мачење и убивање на истите. Како незадоволство од таа одлука, во Грција се дигнала буна која во 727 год. била задушена. Патријарх Герман 1-ви не сакал да го потпише царскиот декрет и дал оставка, а на негово место Лав 3-ти го поставил неговиот истомисленик патријархот Анастасиј. Папата Григориј 2-ри во својата преписка со императорот му укажал на грешката, но тој не сакал да се покае, така што, поради тоа Западниот дел од Црквата одбива да плаќа такса на Константинопол. Повторно се дига буна во Елада против таа одлука на чело со Козма, која била задушена, а тој бил обезглавен. Лав 3-ти почнал да присоединува кон своето царство делови од Западна Европа на кои можел да стави рака. Во 731 год. Григориј 3-ти го свикал синодот од 93 епископи и се донела одлука дека секој кој ќе оди против иконите, ќе биде екскомунициран од Црквата. Во меѓувреме, секаква несреќа го снаоѓало царството на императорот – земојотреси, епидемии, муслиманите се повеќе и повеќе ја завземале територијата. Лав 3-ти умрел во јуни 741 год., а на неговото императорско место застанал неговиот син Константин 5-ти кој бил уште покрволочен поборник против иконите. Артабасдус, кој бил женет со ќерката на Лав, гледајќи ја непопуларноста на иконоборството, се прогласува за заштитник на иконите и цар, со помош на патријархот Анастасиј, кој прво бил иконоборец, но сега повторно се вратил кон почитувањето на икоите и почнал да ги возобновува. Но, Константин 5-ти крваво му се одмаздува, а патријархот Анастасиј го принудува повторно да се врати кон иконоборството. Во 754 год. Константин 5-ти свикал собор на кој 350 епископи биле принудени да присуствуваат, но Рим, Ерусалим, Антиохија и Александрија одбиваат да пратат претставници. Повторно била донесена одлука од страна на императорот против иконите која епискпите биле принудени да ја потпишат, а врз св. Јован Дамаскин (кој најмногу се борел за иконите и за тоа има напишано дела), ек-патријархот цариградски – Григориј и монахот Георгиј Кипарски, била фрлена „клетва“.
Наместо да се цртаат светители, црквите почнале да се украсуваат со птици, цвеќиња и овошје, така што народот се чувствувал како да се наоѓа во продавница. Поради своето одбивање да се покори на царевата одлука, монах Петар бил камшикуван до смрт на 7 јуни 763 год.; игуменот Јован бил врзан во вреќа и фрлен во морето на 7 јуни 761 год; монах Андреј Критски во 767 год. бил камшикуван и измачуван се до смрт (Акта СС., 8 Октомври.; Римски маченици за 17 Октомври) и многу други измачувани и убивани (Мартиологија, 28 Ноември). Во 766 год. Константин 5-ти дошол во судир со неговиот патријарх, поради што го обезглавил и на негово место го поставил Никита 1-ви. Козма Александриски, Теодор Антиоиски и Теодор Ерусалимски биле бранители на светите икони во заедница со Рим. Императорот Константин 5-ти умрел во 775 год, а на негово место дошол син му Лав 4-ти кој не го поништил законот на татка си, но бил поблаг и дозволил монасите во азил да се вратат, го толерирал почитувањето на светиите и се обидел сите страни да ги смири. На местото на патријарх Никита дошол Павле 4-ти кој од страв делумно го застапувал иконоборството. Но, жената на Лав 4-ти, Ирена, била почитателка на светите икони и дури додека нејзиниот маж сеуште бил жив, таа во својата соба имала икони. Кон крајот на својот живот, Лав 4-ти станал жесток иконоборец и многумина казнил, а тоа сакал да го направи и со царица Ирена, но не му успеало затоа што умрел (8 септември 780 год).
Бидејќи синот на Лав 4-ти, Конастантин 6-ти, бил на 9-годишна возраст, мајка му ја водела земјата. Таа го обновила почитувањето на иконите. Во 787 год. во Никеа бил оддржан Седмиот Вселенски Собор на кој присуствувале над 300 епископи. На овој собор, иконоборечките еретици јавно се покајале и повторно биле примени во Црквата. Во Актите на Седмиот Вселенски Собор читаме: “Овие се зборовите на иконоборците кои се вратија во Црквата. Василиј епископ Анкирски, вели: “Колку што можев, ги разгледав прашањата за иконите и се вратив во Светата Соборна Црква со целосна убеденост (дека не претставуваат идоли)”. Теодор, епископ на Мира, вели: “ Го смилостивувам Бога и вашата светост да се обединам, јас грешниот, со Светата Соборна Црква”. (пп. 41, 43 во изданието на Kazan Theological Academy).

По 27 год. повторно се појавиле оние кои не се покајале и останале иконоборци, на чело со Лав 5-ти кој бил насила ставен на власт. Најголеми поборници за иконите, овој пат, се св.Теодор Студит, патријархот Никифор (на кој императорот му го одзел чинот и го протерал, а на негово место го поставил својот истомисленик Тедот 1-ви), а папата Пасхалиј 1-ви изреагирал како и Григориј 2-ри. И во тој период многумина кои ги почитувале иконите биле протерувани, мачени и убивани. Во 820 год. Лео 5-ти бил убиен од еден од неговите генерали, Михаил 2-ри, кој го превзел престолот и го продолжил иконоборството, мачејќи многумина прави исповедници, меѓу кои и Методиј од Сиракуза и Ефтимиј, митрополит Сардски.

Потоа на власт доаѓа синот на Михаил 2-ри, Теофил, кој го продолжува делото на својот татко дури уште посвирепо. Монах Лазар бил камшикуван речиси до смрт, монах Методиј бил 7 год. затворен со насилници, Михаел Ерусалимски синкел и Јосиф химнограф биле мачени, двајцата браќа Теофан и Теодор биле удирани со 200 стапа и биле жигосани на лицето со жешко железо (Мартиологија Рим, 27 Декември). По смртта на Теофил, на негово место дошла жена му, Теодора, бидејќи син му Михаел 3-ти имал само 3 год. Теодора ги почитувала иконите и таа го започнала истиот процес како и царица Ирена. На тогашниот патријарх иконоборец Јован 7-ми му бил даден избор да ги прифати иконите или да се пензионира, а на негово место бил поставен Методиј 1-ви (оној кој бил години во затвор заради неговата одбрана на иконите). Во 842 год. биле обновени, односно потврдени уште еднаш одлуките донесени на Седмиот Вселенски Собор.

Со ова се завршуав целата историја на иконоборството во Црквата. Овој ден се слави првата недела од Великиот Пост, како победа на Православието.

Сега да се запрашаме кој бил во право, оние што крваво се бореле против иконите, мачеле, убивале, или оние кои почитувањето кон иконите го извршуавле без да навредат или повредат некој? Факт е дека иконоборството е ерес која произлегла од нехристијанско гледиште. Како што бил и случајот со Првиот, а и со останатите Вселенски Собори, тие работи кои биле утврдени, за време на нивното оддржување, не биле новотарии. Тоа се исповедања што постоеле од самиот почеток на христијанството. Од секогаш се заело за двете природи на Господ и за тоа дека тој е рамноправен со Бог Отецот, Отсекогаш се знаело дека Светиот Дух е третото Лице на Света Троица, отсекогаш се почитувале иконите... но тоа не било официјализирано се додека не се појавила некоја ерес од која прети опасност да се зарази и вистинската вера.

„Не прави за себе идол, ниту некаква слика (на грчки: икона) на она што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата; немој да им се клањаш ниту да им служиш"
(Господ Бог во Излез 20:4-5, Светото Писмо)
 
Четирите Цариградски собори во: 731, 754, 815, и 829 година ги отфрлиле иконите. Во 754г. императорот Константин Петти свикал собор во Цариград и на тој собор учествувале дури 338 епископи. Тие изјавиле дека "Обожавањето на иконите се противи на науката на Светото Писмо", притоа донесувајќи повеќе одлуки со кои се забранувало изработување на икони и нивно користење во богослужбите На овој собор исто така биле анатемисани поборниците на иконите, меѓу кои и Германус од Константинопол и Јован Дамаскин.

Бај д веј Петре, на седмиот вселенски собор луѓето ги одобриле иконите, а во Светото Писмо Бог ги осудил. Па сега ти размисли кого ќе слушаш, луѓето или Бог? :)

Православната Црква, а и светската историја не познава такви собори за кои ти зборуваш.

Патем, според твоето учење и верување, ти не си христијанин, затоашто користиш икони, т.е. си идолопоклоник. Зошто? Затоа:

1jesus_saves.jpg

Погледни ја иконава, погледни го твојот аватар:
vcq4ol.jpg

По твоето учење ти си идолопоклоник, и не си христијанин.

Упссс, во небрано... оти го рипаш историскиот дел? Не ти одговара? Не ги лажи луѓето и тука, а од друга страна цела икона за аватар.:vozbud:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom