Иконите

moe mislenje e deka ikonite imaaat samo umetnicka vrednost poradi nivnata starost i verskata pocit prema niv
 
Четирите Цариградски собори во: 731, 754, 815, и 829 година ги отфрлиле иконите.

АМА ЗА ШТО ЗБОРУВАШ ТИ ЦАРЕ?!!!!!!!! КОЈИ ЦРНИ ЦАРИГРАДСКИ СОБОРИ?????!!!!! НЕ ГИ ЛАЖИ ЛУЃЕТО ШТО НЕ СЕ ДОВОЛНО УПАТЕНИ!!!!!!!!

ВО ИСТОРИЈА НА СВЕТСКАТА ХРИСТИЈАНСКА ЦРКВА НЕ СЕ ЗАБЕЛЕЖАНИ ТИЕ ИЗМИСЛЕНИ СОБОРИ!!! ДУРИ И АКО НЕ СИ ПРАВОСЛАВЕН ГОЛЕМИОТ РАСКОЛ СЕ СЛУЧИ ПОСЛЕ СОБОРИТЕ ШТО ТИ ГИ НАВЕДЕ!!!!!! БАШ МЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ ГИ НАЈДЕ ТИЕ „СОБОРИ“.



Листа на одржаните Вселенски Собори
Во Новиот Завет, во Дела Апостолски се спомнува Ерусалимскиот Собор, на кој се расправало за тензијата помеѓу континуираното одржување на еврејските правила во ранохристијанскиот период. Иако сите неговите одлуки се целосно прифатени од сите христијански Цркви и се потврдуваат на секој следен Собор, овој Собор не се вбројува во оваа листа.

Осми и Деветти Собор на некои Православни цркви

  • Осми вселенски собор - Четврти цариградски собор (879-880)
  • Деветти вселенски собор - Петтиот собор од Константинопол (1341-1351)
Собори на Католичката црква

Римокатолиците ги признаваат првите осум вселенски собори, и на тие додаваат уште тринаесет Римокатолички Вселенски Собори после Големата Шизма:
9. Првиот собор од Латеран (1123).
10. Вториот собор од Латеран (1139).
11. Третиот собор од Латеран (1179).
12. Четвртиот собор од Латеран (1215).
13. Првиот собор од Лион (1245).
14. Вториот собор од Лион (1274).
15. Собор од Виена (1311-1312).
16. Соборот од Констанца (1414-1418).
17. Соборот од Базел, Ферера и Фиренца (1431-1445).
18. Петтиот собор од Латеран (1512-1514).
19. Соборот од Тренто (1545-1563, со прекини).
20. Првиот собор од Ватикан (1870, официјално 1870-1960).
21. Вториот собор од Ватикан (1962-1965)

ЗНАЧИ ХРАБРОСТ ДА СЕ ИЗМИСЛИ НЕШТО ВАКВО УШТЕ НЕ СУМ ВИДЕЛ!!!! СВАЌАМ ДЕКА НЕМАМЕ СИТЕ ИСТИ СТАВОВИ И НЕ МОРА НИКОЈ ДА ГО СМЕНИ СВОЕТО МИСЛЕЊЕ ЗАРАДИ МЕНЕ АЛИ ОВА ТРЕБА ДА СЕ ОКАДИ ЧОВЕЧЕ :pop:
 
moe mislenje e deka ikonite imaat umetnicka vrednost i deka nekoi od niv otslikuvaat vazni slucki.... ali vo nikoj slicaj nema potreba da se baknuvaat ili ne daj boze pari da im se ostava....
 
Дека иконите имаат и уметничка вредност-имаат, неспорно. Со таков однос кон иконите, се занимаваат проучувачите/историчарие на минатите сликарски стилови.
Дека на иконите не треба да се остваваат пари-и тоа е точно. Пари (прилог) се остава во за тоа одреденето место, а не на самите икони, на кои не им требаат никакви пари.
Но, дека нема потреба да се целиваат или да се верува во нивната исцелителна/чудотворна моќ, тоа е веќе состојба на „знак прашање„ на верата која поединцот (не) ја поседува.
 
АМА ЗА ШТО ЗБОРУВАШ ТИ ЦАРЕ?!!!!!!!! КОЈИ ЦРНИ ЦАРИГРАДСКИ СОБОРИ?????!!!!! НЕ ГИ ЛАЖИ ЛУЃЕТО ШТО НЕ СЕ ДОВОЛНО УПАТЕНИ!!!!!!!!

ВО ИСТОРИЈА НА СВЕТСКАТА ХРИСТИЈАНСКА ЦРКВА НЕ СЕ ЗАБЕЛЕЖАНИ ТИЕ ИЗМИСЛЕНИ СОБОРИ!!! ДУРИ И АКО НЕ СИ ПРАВОСЛАВЕН ГОЛЕМИОТ РАСКОЛ СЕ СЛУЧИ ПОСЛЕ СОБОРИТЕ ШТО ТИ ГИ НАВЕДЕ!!!!!! БАШ МЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ ГИ НАЈДЕ ТИЕ „СОБОРИ“.



Листа на одржаните Вселенски Собори
Во Новиот Завет, во Дела Апостолски се спомнува Ерусалимскиот Собор, на кој се расправало за тензијата помеѓу континуираното одржување на еврејските правила во ранохристијанскиот период. Иако сите неговите одлуки се целосно прифатени од сите христијански Цркви и се потврдуваат на секој следен Собор, овој Собор не се вбројува во оваа листа.

Осми и Деветти Собор на некои Православни цркви

  • Осми вселенски собор - Четврти цариградски собор (879-880)
  • Деветти вселенски собор - Петтиот собор од Константинопол (1341-1351)
Собори на Католичката црква

Римокатолиците ги признаваат првите осум вселенски собори, и на тие додаваат уште тринаесет Римокатолички Вселенски Собори после Големата Шизма:
9. Првиот собор од Латеран (1123).
10. Вториот собор од Латеран (1139).
11. Третиот собор од Латеран (1179).
12. Четвртиот собор од Латеран (1215).
13. Првиот собор од Лион (1245).
14. Вториот собор од Лион (1274).
15. Собор од Виена (1311-1312).
16. Соборот од Констанца (1414-1418).
17. Соборот од Базел, Ферера и Фиренца (1431-1445).
18. Петтиот собор од Латеран (1512-1514).
19. Соборот од Тренто (1545-1563, со прекини).
20. Првиот собор од Ватикан (1870, официјално 1870-1960).
21. Вториот собор од Ватикан (1962-1965)

ЗНАЧИ ХРАБРОСТ ДА СЕ ИЗМИСЛИ НЕШТО ВАКВО УШТЕ НЕ СУМ ВИДЕЛ!!!! СВАЌАМ ДЕКА НЕМАМЕ СИТЕ ИСТИ СТАВОВИ И НЕ МОРА НИКОЈ ДА ГО СМЕНИ СВОЕТО МИСЛЕЊЕ ЗАРАДИ МЕНЕ АЛИ ОВА ТРЕБА ДА СЕ ОКАДИ ЧОВЕЧЕ :pop:

Точно. Очекував дека некој од фоурмџиите ќе ги наброи сите валидни Вселенски собори, оние од првиот миленуим, пред шизмата од 1054 г. и со тоа да ја побие произволноста околу наводните собори и наведените години, кои за мене се нешто досега невидено.

И, кој сега овде нешто кажува изворно а кој „додава„ кон изворното?
 
И, кој сега овде нешто кажува изворно а кој „додава„ кон изворното?

Изворното е Христовото учење и е запишано во писмена форма од евангелистите.Таму прецизно е опишано што бара Христос од неговите приврзаници и следбеници.
Додека тие собори што се случувале понатаму забегуваат од основата во христијанството и тука се донесувани сите тие новотарии кои се надвор од Христовото учење.
Мики Новиот Завет е изворот, а на соборите поприлично си додавале односно одземале од Библиското учење.

П.С. или ке го прифатиш Библиското учење или вселенско-соборското.
 
На Соборите, утврдени е сите суштински учења, догматите и Симболот од верата, кои се засновани на Новиот Завет, а не на нечии додавања и произволности. Токму Светите од раните векови на христијанството, кои сеуште го имале свежо сеќавањето на првото Христово пришествие, се оние кои можат сосигурност да ја толкуваат верата, а не некои кои се родени 15,16 и 20 векови по Христа и кои по принципот „распипан телефон„ сакаат да го толкуват веќе истолкуваното. Светие тоа и сакале да го псотигнат на Соборите: кристално јасно да ја избистрат верата и на наредните генерации да им оставан неизменливо учење, соборно утрвдено, кое ќе ја спречи секоја и сечија прозиволност која би се случила во иднина, а која прозиволност и слободоумие веќе се случува, од Мартин Лутер па се до сајентолозите до нашево време. И, кој сега тука нешто „додава„ на изворот? Православието кое има Апостолско преемство или некој таму и некаде, на кого му дувнало во умот дека тој, самоповиканиот, може да оформи „приватна„ заедница, која, ради „пријатен звук, ќе ја нарече Црква?
 
За да не функционираме по принципот "расипан телефон" ја користиме Библијата тоа е во случајов "централата".
Немој од христијанството да правите нешто мистично, па сега требало да има луге што ке го толкуваат, а некој ако сака да биде христијанин треба да го прифати толкувањето од тие "мангупи".Затоашто во случајов според тебе само "тие" разбираат што сакал да каже Христос.
Секој што ке го прочита Новиот Завет свака дека овие мангупи нема потреба да го толкуваат христијанството затоашто е едноставно за разбирање и е јасна неговата цел.
Под изговорот "толкување" го однесовте народот далеку од Христос.
 
ЕВЕ ГИ СОБОРИТЕ ШТО БРАТ ЕВ ГИ СПОМЕНА, ПА ЧИТАЈТЕ

Иконоборството влече корени од Павликјанската ерес, чие гледиште подоцна го прифатиле некои од епископите, заедно со византискиот император Лео 3-ти, кој го започнал и иконоборството. Лав 3-ти бил во контакт со Калифа Омар 2-ри кој се трудел да го преобрати во ислам, меѓутоа не успеал. Единствено нешто што му успеало е да го убеди дека иконите биле идоли. Во 726 год., Лав 3-ти издава едикт со кој ги забранил иконите. На тоа особено се спротивставиле повеќето теолози и монасите, поради што тој започнал гонење и страшно мачење и убивање на истите.

Како незадоволство од таа одлука, во Поранешна Отоманска Покраина Грција се дигнала буна која во 727 год. била задушена. Патријарх Герман 1-ви не сакал да го потпише царскиот декрет и дал оставка, а на негово место Лав 3-ти го поставил неговиот истомисленик патријархот Анастасиј. Папата Григориј 2-ри во својата преписка со императорот му укажал на грешката, но тој не сакал да се покае, така што, поради тоа Западниот дел од Црквата одбива да плаќа такса на Константинопол. Повторно се дига буна во Елада против таа одлука на чело со Козма, која била задушена, а тој бил обезглавен.

Лав 3-ти почнал да присоединува кон своето царство делови од Западна Европа на кои можел да стави рака. Во 731 год. Григориј 3-ти го свикал синодот од 93 епископи и се донела одлука дека секој кој ќе оди против иконите, ќе биде екскомунициран од Црквата. Во меѓувреме, секаква несреќа го снаоѓало царството на императорот – земојотреси, епидемии, муслиманите се повеќе и повеќе ја завземале територијата. Лав 3-ти умрел во јуни 741 год., а на неговото императорско место застанал неговиот син Константин 5-ти кој бил уште покрволочен поборник против иконите.

Артабасдус, кој бил женет со ќерката на Лав, гледајќи ја непопуларноста на иконоборството, се прогласува за заштитник на иконите и цар, со помош на патријархот Анастасиј, кој прво бил иконоборец, но сега повторно се вратил кон почитувањето на икоите и почнал да ги возобновува. Но, Константин 5-ти крваво му се одмаздува, а патријархот Анастасиј го принудува повторно да се врати кон иконоборството.

Во 754 год. Константин 5-ти свикал собор на кој 350 епископи биле принудени да присуствуваат, но Рим, Ерусалим, Антиохија и Александрија одбиваат да пратат претставници. Повторно била донесена одлука од страна на императорот против иконите која епискпите биле принудени да ја потпишат, а врз св. Јован Дамаскин (кој најмногу се борел за иконите и за тоа има напишано дела), ек-патријархот цариградски – Григориј и монахот Георгиј Кипарски, била фрлена „клетва“.


Наместо да се цртаат светители, црквите почнале да се украсуваат со птици, цвеќиња и овошје, така што народот се чувствувал како да се наоѓа во продавница. Поради своето одбивање да се покори на царевата одлука, монах Петар бил камшикуван до смрт на 7 јуни 763 год.; игуменот Јован бил врзан во вреќа и фрлен во морето на 7 јуни 761 год; монах Андреј Критски во 767 год. бил камшикуван и измачуван се до смрт (Акта СС., 8 Октомври.; Римски маченици за 17 Октомври) и многу други измачувани и убивани (Мартиологија, 28 Ноември). Во 766 год. Константин 5-ти дошол во судир со неговиот патријарх, поради што го обезглавил и на негово место го поставил Никита 1-ви. Козма Александриски, Теодор Антиоиски и Теодор Ерусалимски биле бранители на светите икони во заедница со Рим. Императорот Константин 5-ти умрел во 775 год, а на негово место дошол син му Лав 4-ти кој не го поништил законот на татка си, но бил поблаг и дозволил монасите во азил да се вратат, го толерирал почитувањето на светиите и се обидел сите страни да ги смири. На местото на патријарх Никита дошол Павле 4-ти кој од страв делумно го застапувал иконоборството. Но, жената на Лав 4-ти, Ирена, била почитателка на светите икони и дури додека нејзиниот маж сеуште бил жив, таа во својата соба имала икони. Кон крајот на својот живот, Лав 4-ти станал жесток иконоборец и многумина казнил, а тоа сакал да го направи и со царица Ирена, но не му успеало затоа што умрел (8 септември 780 год).

Бидејќи синот на Лав 4-ти, Конастантин 6-ти, бил на 9-годишна возраст, мајка му ја водела земјата. Таа го обновила почитувањето на иконите. Во 787 год. во Никеа бил оддржан Седмиот Вселенски Собор на кој присуствувале над 300 епископи. На овој собор, иконоборечките еретици јавно се покајале и повторно биле примени во Црквата. Во Актите на Седмиот Вселенски Собор читаме: “Овие се зборовите на иконоборците кои се вратија во Црквата. Василиј епископ Анкирски, вели: “Колку што можев, ги разгледав прашањата за иконите и се вратив во Светата Соборна Црква со целосна убеденост (дека не претставуваат идоли)”. Теодор, епископ на Мира, вели: “ Го смилостивувам Бога и вашата светост да се обединам, јас грешниот, со Светата Соборна Црква”. (пп. 41, 43 во изданието на Kazan Theological Academy).

По 27 год. повторно се појавиле оние кои не се покајале и останале иконоборци, на чело со Лав 5-ти кој бил насила ставен на власт. Најголеми поборници за иконите, овој пат, се св.Теодор Студит, патријархот Никифор (на кој императорот му го одзел чинот и го протерал, а на негово место го поставил својот истомисленик Тедот 1-ви), а папата Пасхалиј 1-ви изреагирал како и Григориј 2-ри. И во тој период многумина кои ги почитувале иконите биле протерувани, мачени и убивани. Во 820 год. Лео 5-ти бил убиен од еден од неговите генерали, Михаил 2-ри, кој го превзел престолот и го продолжил иконоборството, мачејќи многумина прави исповедници, меѓу кои и Методиј од Сиракуза и Ефтимиј, митрополит Сардски.

Потоа на власт доаѓа синот на Михаил 2-ри, Теофил, кој го продолжува делото на својот татко дури уште посвирепо. Монах Лазар бил камшикуван речиси до смрт, монах Методиј бил 7 год. затворен со насилници, Михаел Ерусалимски синкел и Јосиф химнограф биле мачени, двајцата браќа Теофан и Теодор биле удирани со 200 стапа и биле жигосани на лицето со жешко железо (Мартиологија Рим, 27 Декември). По смртта на Теофил, на негово место дошла жена му, Теодора, бидејќи син му Михаел 3-ти имал само 3 год. Теодора ги почитувала иконите и таа го започнала истиот процес како и царица Ирена. На тогашниот патријарх иконоборец Јован 7-ми му бил даден избор да ги прифати иконите или да се пензионира, а на негово место бил поставен Методиј 1-ви (оној кој бил години во затвор заради неговата одбрана на иконите). Во 842 год. биле обновени, односно потврдени уште еднаш одлуките донесени на Седмиот Вселенски Собор.

Со ова се завршуав целата историја на иконоборството во Црквата. Овој ден се слави првата недела од Великиот Пост, како победа на Православието.
 
За да не функционираме по принципот "расипан телефон" ја користиме Библијата тоа е во случајов "централата".
Немој од христијанството да правите нешто мистично, па сега требало да има луге што ке го толкуваат, а некој ако сака да биде христијанин треба да го прифати толкувањето од тие "мангупи".Затоашто во случајов според тебе само "тие" разбираат што сакал да каже Христос.
Секој што ке го прочита Новиот Завет свака дека овие мангупи нема потреба да го толкуваат христијанството затоашто е едноставно за разбирање и е јасна неговата цел.
Под изговорот "толкување" го однесовте народот далеку од Христос.

Хммм, а со своеглавото толкување на Писмото, го изнесовте народот од Црквата...и ај сеа обиди се да го вратиш таму (во Црквата).
Таман работа дека читањето на Писмото е лесна работа. На пр. протестантското токлување е така поставено, што читателот може сам да го протолкува и да смета дека токму тоа, неговото толкување, е вистинито. И сега, ако толкувањето е строго рационално, со световен, матен, помрачен, непокајан ум, како е возможно тоа и такво толкување да биде вистинито? А што ако некој член од заедницата од толкувачот, истиот стих го протолкува различно? Како тогаш тие двајца толкувачи, дел од иста заедница, ќе се согласат еден со друг? На кој јазик ќе се согласат? А да не зборувам за она „скоковито„ толкување на стиховите, каде еден стих се толкува и нелогично се надоврзува на сосема друг стих и така се чини „компилација„ од стихови и нивно толкување, која за рационалистите звучи прифатрливо, а за познавачите на изворното, светоотечкото толкување на Писмото, е згодна прилика за побивање на произволните толкувања на истото. Она кое можам да го прочитам на форумот, како „нечие„ толкување на овој или оној стих, е речиси редовно промашена работа: толкувачот ни оддаелку не ја погаѓа вистината која стои зад стихот, туку толкува непшто „по свое„. И пак
ќе речам, кој овде нешто „додава„ на изворот и кој изворот го чува во неговата чистота!?
 
Miki,многу мудруваш околу толкувањето на Писмото, тоа не е создадено од Бог за толкување туку за подучување.
Бог преку Писмото им се обраќа на сите не само на поединци, затоа ти пага во вода теоријата дека различно се толкува Писмото.
Напишано си е на македонски разбирлив јазик и нема што да се разбере во повеке варијанти.
 
Не мудрувам околу толкувањето на Писмото-истолкувано е. Но, проблемот сеупште постои: кај оние конфесии кои одново и одново го толкуваат. Лично, би ме интересирало на пример, твоето толкување на одредени стихови, ама ај, да не бидам нападен. Сигурен сум дека ти би промашил барем 100% во толкувањето.
Мојата „теорија„ воопшто не паѓа во вода-таа „терорија„ е очигледен факт и „држи вода„. Постоењето на коекави христијански деноминации е последица на нивното различно толкување на Писмото. Се додека Писмтото имаше само едно толкување, христијаните беа едно-една Црква. Денс, ги има накај 3 000 кои себеси се исповедаат за христијани, а Симболот од верата, сеуште познава „..Една, Света, Соборна и Апостолска Црква...„
 
До пред неколку години можеше да ги држите лугето во заблуда со тоа специјалните толкувачи на Писмото.
Сега состојбата е друга.Вистинските трагачи по Бог го земале Писмото и прочитаа што сака Бог да објави преку таа книга и за срека разбраа дека се манипулирани во однос на верата, што од свештениците што од тврдокорните православни.
Затоа Мики, има толку спротивни мислења од православното, Бог преку Библијата им ги отвори очите на доста верници кои беа заробени од традиционалното ритуално православно искривување на верата во Христос.
 
а Симболот од верата, сеуште познава „..Една, Света, Соборна и Апостолска Црква...„

ama ne veruvam deka toa e pravoslavnata, ili katolickata ili protestantskata denominacija.
"kade sto se dvajca vo Moe ime, tamu sum i Jas".
nema sto nekoj drug da mi go protolkuva voj stih. ne znam sto ne bi bilo jasno.
 
Иконите



Историјата на иконите


Еверејството (јудеизмот) никогаш не употребувало икони. Во светилиштето на Соломоновиот храм одозгора на ковчегот имало два херувима (2Мојс.37:7-9; 3Цар. 8:7) и херувими зашиени на скинијата (завесата) од десет платништа (2Мојс.26:1,26:8;) и по ѕидовите на храмот издлабени ликови на херувими (3Цар.6:29;). Но, Евреите никогаш не им се поклонувале на тие херувими ниту ги целивале, ниту каделе пред нив, ниту свеќи им палеле. И во просториите за собирање никогаш немале никаков лик.

До тристата година по Христа и христијаните не употребувале никакви ликови во црквите. Елвирскиот собор во 305г. во 36-тото правило ги забранил ликовите (сликани, леани, делкани)во црквите.
Свети Јован Златоуст, иако во проповедите споменува за многу современи обичаи, ништо не кажува за иконите.
Пред крајот на четвртиот век почнале да се украсуваат црквите со некои изобразби на историски личности од Библијата. Ама се уште не правеле икони.
Епифаниј, саламискиот епископ, кој умрел во 404 г., кога на старост одел за Ерусалим, во едно село на завесата на црквата видел човечки лик. Го раскинал ликот и со голем револт рекол: „Беше спротивно на Светото Писмо да виси човечки лик (слика) во Христовата црква!“.

Уметничка татковина на иконите е древниот Египет (особено погребните портрети на елинистичката епоха). Византија, како наследничка и подадена рака на Елада, е татковина на христијанскиот иконопис. Народот во сликата (иконата) гледал непосредна близина со Бог, верувал дека сликите имаат чудотворна моќ. Имало дури и свештеници кои ја стружеле бојата од иконите, па потоа ја мешале со виното за причест и така ги причестувале верниците (S.Srkulj, Povest srednjeg veka,str. 36).

Во петтиот век во црквите се почнало со правење изобразби (форми) на мачениците и нивните страдања. При крајот на шестиот век почнале да ги целиваат (бакнуваат) тие изобразби, да им кадат и да се поклонуваат пред нив. Во седмиот век направиле икони од восок, од сребро, од злато, а некои биле и леани од бакар. Во осмиот и почетокот на деветиот век (од 726-842г.) имало голема расправија за иконите. Четирите Цариградски собори во: 731, 754, 815, и 829 година ги отфрлиле иконите. Во 754г. императорот Константин Петти свикал собор во Цариград и на тој собор учествувале дури 338 епископи. Тие изјавиле дека "Обожавањето на иконите се противи на науката на Светото Писмо", притоа донесувајќи повеќе одлуки со кои се забранувало изработување на икони и нивно користење во богослужбите На овој собор исто така биле анатемисани поборниците на иконите, меѓу кои и Германус од Константинопол и Јован Дамаскин.
Но во 842г. победила партијата што се залагала за икони, под покровителството на царицата Теодора. Оттогаш досега иконите се употребуваат во Источно-православната црква.



Иконите и Светото Писмо


Ниту Исус, ниту апостолите, ниту Христовите ученици, ниту Авраам, ни Исак, Јаков, Јосиф, ниту Мојсеј, ниту Ное, ни Јов, Лот, ни Илија, Елисеј, ниту Давид, Соломон, ниту Исаија, ни Еремија, ниту кој било од големите или малите пророци, ниту кој било од Божјите луѓе спомнати во Светото Писмо не користел икони. Ниту цртале икони, ниту се молеле пред икони, ниту се поклонувале пред икони, ниту им каделе, ниту им палеле кандила, ниту ги купувале, продавале, ниту правеле каков било бизнис со икони. Апостолите имале можност да си направат на пример икона од Свети Илија, кој бил старозаветен пророк нели, но сепак такво нешто, ниту приближно на ова, не наоѓаме во Светото Писмо.
Единствена икона што е спомната во Новиот Завет е "Иконата на Ѕверот".
"Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да направат икона на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив. И му беше дадено да вдахне дух во иконата на Ѕверот така што иконата на Ѕверот да прозборува, и да направи да бидат убиени оние, кои нема да се поклонат на иконата на Ѕверот."
(Откровение 13:14-15)
"И друг, трет, ангел дојде по него, велејќи со силен глас: „Ако некој му се поклони на Ѕверот, и на неговиот лик, и прими ознака на своето чело или на својата рака, и самиот ќе пие од виното на Божјиот гнев, што е налеано чисто во чашата на Неговиот гнев, и ќе биде мачен со оган и сулфур, пред светите ангели и пред Јагнето. И димот од нивното измачување ќе се издига во вечни векови, и не ќе имаат починка, ни дење ни ноќе, оние кои му се поклонуваат на Ѕверот и на неговиот лик, и кој ја прима ознаката на неговото име.”
(Откровение 14:9-11)

Втората Божја заповед вели:
„Не прави за себе идол, ниту некаква слика (на грчки: икона) на она што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата; немој да им се клањаш ниту да им служиш, оти Јас сум Господ, Бог твој; Бог ревнител, Кој за гревовите на татковците ги казнуваа децата до третото и четвртото колено, оние, кои Ме мразат; Кој покажува милост на илјадници, кои Ме сакаат и ги пазат заповедите Мои."
(Излез 20:4-6)

Што е суштината на оваа заповед?

Забележливо е дека таа содржи три основни сегменти:

1. Забранета е изработка на ликови и слики кои ќе служат како сакрални предмети, претстави или претставители при нашето општење со Господ.
2. Забрането е да им се прават метании на вакви предмети како дел од побожноста и духовноста.
3. И конечно, Божја закана дека ќе го казни непочитувањето на оваа заповед.

Што е тоа идол или икона?

Идол или икона е произволно создаден уметнички лик на небесни или земни суштества на кои им се припишуваат религиозни својства и функции.
Во античкиот свет киповите, статуетките и сликите на разни реални или имагинарни ликови биле во масовна религиозна употреба. Така било во древниот Египет, така и во античка Грција, така и во Римската империја. Најчесто тие статуи или слики претставувале одредени богови или биле симболи на богот во кој луѓето верувале. Ваквата практика е санкционирана со првата од 10-те Божји заповеди "Јас Сум Господ, твојот Бог... немој да имаш други богови покрај Мене."
Втората Божја заповед не се однесува на создавањето други богови, зашто тоа е регулирано со првата заповед. Втората Божја заповед се однесува на недозволен приод кон вистинскиот Господ Бог.

Мојсеј толкувајќи ја таа заповед вели: „Бидете цврсто убедени во душите свои...Не вршете беззаконија правеќи си ликови вајани, секаков вид ликови на маж или жена, лик на неке животно...“итн. (Второзаконие 4:15-20) Таа заповед забранува поклонување пред нив, како и служење, односно кадење, палење свеќи (како што паганите им служат на идолите). Еверите, меѓу Боговдахновените пророци и старите христинјани блиску до апостолското време, секогаш ги разбирале тие заповеди (забраната за правење икони за поклонување), бидејќи иконите се ликови и наличја за кои зборува втората заповед.

„На Господа, твојот Бог да Му се поклонуваш и само Него да му служиш.!“(Матеј 4:10).
„Бог е дух, и оние што Му се поклонуваат, треба да се поклонуваат на Таткото со дух и вистина.“(Јован 4:24)
„вистинските поклоници ке Му се поклонуваат на Таткото со дух и вистина“(Јовaн 4:23)

Бог е дух невидлив и неопишлив. И ништо насликано нема да може да ни помогне да за да мислиме на Него или да се поклонуваме.









http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=16067&PN=1

Добро бе луге нели за овие работи се банира на форумите?!
Чорбаџија не ти е срам да копираш цели постови од други форуми?!


МОДЕРАТОРИ!
НЕЛИ Е ПРОТИВПРАВИЛНО ДА СЕ КОПИРА И ПАСТИРА ЦЕЛИ СТАТИИ ОД ДРУГИ ФОРУМИ?!
http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=16067&PN=1

?!?!?!?

ЗА ОВАА РАБОТА ЧЕКАМ ДА ПРЕДЗЕМЕТЕ НЕШТО.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom