Четирите Цариградски собори во: 731, 754, 815, и 829 година
ги отфрлиле иконите. Во 754г. императорот Константин Петти свикал собор во Цариград и на тој собор учествувале дури 338 епископи. Тие изјавиле дека "
Обожавањето на иконите се противи на науката на Светото Писмо", притоа донесувајќи повеќе одлуки со кои се забранувало изработување на икони и нивно користење во богослужбите На овој собор исто така биле анатемисани поборниците на иконите, меѓу кои и Германус од Константинопол и Јован Дамаскин.
Бај д веј Петре, на седмиот вселенски собор луѓето ги одобриле иконите, а во Светото Писмо Бог ги осудил. Па сега ти размисли кого ќе слушаш, луѓето или Бог?
За поточно информирање во однос на иконоборството од 8-ми век треба да се прочита историја на Византија. А кога ќе се прочита, може да се види дека оваа слика која е горе претставена нема врска со реалноста. Иконите постојат од самото појавување на христијанството, додека, пак, иконоборството се појавило кон средината на 8-ми век.
Икона од 4-ти век
Икона од 5-ти век
Икона од 6-ти век
Икона од 7-ми век
Икона од 8-ми век
Ако се водиме по овие погрешни податоци, доаѓа дека христијаните се до 8-ми век биле во заблуда и биле идолопоклоници (а со тоа се негираат и зборовите на Господ Исус Христос дека ќе ни Го даде Утешителот Кој секогаш ќе не води, до крајот на светот), а потоа се појавува некој попаметен од претходните 8-вековни генерации и решава да ја исправи заблудата. Мене ова повеќе ми личи како појава на нова ерес, а не на оправање на ситуацијата и враќање кон корените. Но, да и препуштиме на објективната, а и на црковната историја тоа да го разјасни.
Иконоборството влече корени од Павликјанската ерес, чие гледиште подоцна го прифатиле некои од епископите, заедно со византискиот император Лео 3-ти, кој го започнал и иконоборството. Лав 3-ти бил во контакт со Калифа Омар 2-ри кој се трудел да го преобрати во ислам, меѓутоа не успеал. Единствено нешто што му успеало е да го убеди дека иконите биле идоли. Во 726 год., Лав 3-ти издава едикт со кој ги забранил иконите. На тоа особено се спротивставиле повеќето теолози и монасите, поради што тој започнал гонење и страшно мачење и убивање на истите. Како незадоволство од таа одлука, во Грција се дигнала буна која во 727 год. била задушена. Патријарх Герман 1-ви не сакал да го потпише царскиот декрет и дал оставка, а на негово место Лав 3-ти го поставил неговиот истомисленик патријархот Анастасиј. Папата Григориј 2-ри во својата преписка со императорот му укажал на грешката, но тој не сакал да се покае, така што, поради тоа Западниот дел од Црквата одбива да плаќа такса на Константинопол. Повторно се дига буна во Елада против таа одлука на чело со Козма, која била задушена, а тој бил обезглавен. Лав 3-ти почнал да присоединува кон своето царство делови од Западна Европа на кои можел да стави рака. Во 731 год. Григориј 3-ти го свикал синодот од 93 епископи и се донела одлука дека секој кој ќе оди против иконите, ќе биде екскомунициран од Црквата. Во меѓувреме, секаква несреќа го снаоѓало царството на императорот – земојотреси, епидемии, муслиманите се повеќе и повеќе ја завземале територијата. Лав 3-ти умрел во јуни 741 год., а на неговото императорско место застанал неговиот син Константин 5-ти кој бил уште покрволочен поборник против иконите. Артабасдус, кој бил женет со ќерката на Лав, гледајќи ја непопуларноста на иконоборството, се прогласува за заштитник на иконите и цар, со помош на патријархот Анастасиј, кој прво бил иконоборец, но сега повторно се вратил кон почитувањето на икоите и почнал да ги возобновува. Но, Константин 5-ти крваво му се одмаздува, а патријархот Анастасиј го принудува повторно да се врати кон иконоборството. Во 754 год. Константин 5-ти свикал собор на кој 350 епископи биле принудени да присуствуваат, но Рим, Ерусалим, Антиохија и Александрија одбиваат да пратат претставници. Повторно била донесена одлука од страна на императорот против иконите која епискпите биле принудени да ја потпишат, а врз св. Јован Дамаскин (кој најмногу се борел за иконите и за тоа има напишано дела), ек-патријархот цариградски – Григориј и монахот Георгиј Кипарски, била фрлена „клетва“.
Наместо да се цртаат светители, црквите почнале да се украсуваат со птици, цвеќиња и овошје, така што народот се чувствувал како да се наоѓа во продавница. Поради своето одбивање да се покори на царевата одлука, монах Петар бил камшикуван до смрт на 7 јуни 763 год.; игуменот Јован бил врзан во вреќа и фрлен во морето на 7 јуни 761 год; монах Андреј Критски во 767 год. бил камшикуван и измачуван се до смрт (Акта СС., 8 Октомври.; Римски маченици за 17 Октомври) и многу други измачувани и убивани (Мартиологија, 28 Ноември). Во 766 год. Константин 5-ти дошол во судир со неговиот патријарх, поради што го обезглавил и на негово место го поставил Никита 1-ви. Козма Александриски, Теодор Антиоиски и Теодор Ерусалимски биле бранители на светите икони во заедница со Рим. Императорот Константин 5-ти умрел во 775 год, а на негово место дошол син му Лав 4-ти кој не го поништил законот на татка си, но бил поблаг и дозволил монасите во азил да се вратат, го толерирал почитувањето на светиите и се обидел сите страни да ги смири. На местото на патријарх Никита дошол Павле 4-ти кој од страв делумно го застапувал иконоборството. Но, жената на Лав 4-ти, Ирена, била почитателка на светите икони и дури додека нејзиниот маж сеуште бил жив, таа во својата соба имала икони. Кон крајот на својот живот, Лав 4-ти станал жесток иконоборец и многумина казнил, а тоа сакал да го направи и со царица Ирена, но не му успеало затоа што умрел (8 септември 780 год).
Бидејќи синот на Лав 4-ти, Конастантин 6-ти, бил на 9-годишна возраст, мајка му ја водела земјата. Таа го обновила почитувањето на иконите. Во 787 год. во Никеа бил оддржан Седмиот Вселенски Собор на кој присуствувале над 300 епископи. На овој собор, иконоборечките еретици јавно се покајале и повторно биле примени во Црквата. Во Актите на Седмиот Вселенски Собор читаме: “Овие се зборовите на иконоборците кои се вратија во Црквата. Василиј епископ Анкирски, вели: “Колку што можев, ги разгледав прашањата за иконите и се вратив во Светата Соборна Црква со целосна убеденост (дека не претставуваат идоли)”. Теодор, епископ на Мира, вели: “ Го смилостивувам Бога и вашата светост да се обединам, јас грешниот, со Светата Соборна Црква”. (пп. 41, 43 во изданието на Kazan Theological Academy).
По 27 год. повторно се појавиле оние кои не се покајале и останале иконоборци, на чело со Лав 5-ти кој бил насила ставен на власт. Најголеми поборници за иконите, овој пат, се св.Теодор Студит, патријархот Никифор (на кој императорот му го одзел чинот и го протерал, а на негово место го поставил својот истомисленик Тедот 1-ви), а папата Пасхалиј 1-ви изреагирал како и Григориј 2-ри. И во тој период многумина кои ги почитувале иконите биле протерувани, мачени и убивани. Во 820 год. Лео 5-ти бил убиен од еден од неговите генерали, Михаил 2-ри, кој го превзел престолот и го продолжил иконоборството, мачејќи многумина прави исповедници, меѓу кои и Методиј од Сиракуза и Ефтимиј, митрополит Сардски.
Потоа на власт доаѓа синот на Михаил 2-ри, Теофил, кој го продолжува делото на својот татко дури уште посвирепо. Монах Лазар бил камшикуван речиси до смрт, монах Методиј бил 7 год. затворен со насилници, Михаел Ерусалимски синкел и Јосиф химнограф биле мачени, двајцата браќа Теофан и Теодор биле удирани со 200 стапа и биле жигосани на лицето со жешко железо (Мартиологија Рим, 27 Декември). По смртта на Теофил, на негово место дошла жена му, Теодора, бидејќи син му Михаел 3-ти имал само 3 год. Теодора ги почитувала иконите и таа го започнала истиот процес како и царица Ирена. На тогашниот патријарх иконоборец Јован 7-ми му бил даден избор да ги прифати иконите или да се пензионира, а на негово место бил поставен Методиј 1-ви (оној кој бил години во затвор заради неговата одбрана на иконите). Во 842 год. биле обновени, односно потврдени уште еднаш одлуките донесени на Седмиот Вселенски Собор.
Со ова се завршуав целата историја на иконоборството во Црквата. Овој ден се слави првата недела од Великиот Пост, како победа на Православието.
Сега да се запрашаме кој бил во право, оние што крваво се бореле против иконите, мачеле, убивале, или оние кои почитувањето кон иконите го извршуавле без да навредат или повредат некој? Факт е дека иконоборството е ерес која произлегла од нехристијанско гледиште. Како што бил и случајот со Првиот, а и со останатите Вселенски Собори, тие работи кои биле утврдени, за време на нивното оддржување, не биле новотарии. Тоа се исповедања што постоеле од самиот почеток на христијанството. Од секогаш се заело за двете природи на Господ и за тоа дека тој е рамноправен со Бог Отецот, Отсекогаш се знаело дека Светиот Дух е третото Лице на Света Троица, отсекогаш се почитувале иконите... но тоа не било официјализирано се додека не се појавила некоја ерес од која прети опасност да се зарази и вистинската вера.