Идиотизам во сообраќајот

  • Креатор на темата Креатор на темата ice_cube
  • Време на започнување Време на започнување

ice_cube

The SexX.
Член од
16 јули 2008
Мислења
2.240
Поени од реакции
309
Дали ви се случило некоја гадна случка, каде што ни криви ни должни ќе сте настрадале?
Мене ми се случи ова денес и ме инспирира за темава. Идам јас од Железничка главните семафори и вртам накај мостот ,,нов’’ на железничка. И тука има уште едни семафори, на кои беше зелено и си цепам ја со 50-60 со веспата. Како што идам, една будала на црвено кога излета, да не закочев сеа немаше да го пишувам ова. Ја му се дерам, го пцујам ова она ама џабе, типот си глеа напред и ич око не му трепнува дали ќе ме згазеше или не.

А еве сега да не биде дека ја сум светец, да кажам како јас го имам загрозено сообраќајот:pipi:

Идеме ја и татко ми(ја со мотор он со мотор) кај Алкалоид коцката што е накај керамидница. И идам сеа ја да го помианм него(што многу ретко се случува) и фино лепо си фаќам од лева страна. А да не видам дека во тој момент не’ поминувал некој џип:toe:
После следеше викање, не треба така, за кој кур ти се ретровизорите и слично :) Од тогаш секогаш гледам на ретровизор пред да поминам некој :)

Сподолете и вие некоја ваква случка:smir:


P.S.: ги молам модераторите да најдат посоодветно име за темава, доколку има, и оваа реченица да се избрише
 
ппппуууууууууу какви кретени има по светов....ама мене ми се чини сите се собрале у скопје...такво неодговорно возење никад не сум видел...пример класика пази сега ваму:
ја и другар возиме по огњан прица од центар према кисела вода(више К вода бевме) и пред шампионче пред кривината одма возиме со точаци од десно на улица(имаше контењери на тротоарот) и он ме тица и лежечкиот полицаец го скока другаров...и си продужува...од лево една плавушасо матиз жут ни да свирне ни да поткочи него му влага бе...ја не му се извикав пошо он ке се свртеше и ке настанеше паника...и знаете како се праи калифорниа стоп????????? епа женската покуша така да го прегази другаров..и он се извади фала богу искусен е...и и се дере ти ма плавуша да не си а-у и оваа уште вика ти си крив...аууууу кретенка...ама ни да закочи ни да свирне...имало вакви дешавки 1000 и ке има...тоа е мора да се пазиш...
 
Да не кажувам какви се дебилизми не сум сретнал.

За жал, околу 95% од тие случки биле заради жени позади воланот, наречете ме шовиниста, али тоа е тоа...

А јас, само еднаш се имам ептен изглупирано. Кај соборна семафорите бев во средна лента, но видов дека циганите идат накај мене да ме замараат, па сменив лента без да видам лево (на ретровизор немаше никој)...Типот бил баш точно во слепа точка позади, па се "гребнавме". :)


П.с. Највеќе ќе сум настрадал со точак, кога еден типац со мерџо на Џон Кенеди пресече(сврти) на Т-кривина од погрешна страна. Милисекунди беа во прашање. Но, што да му кажеш :))
 
Веќе од толку зборење за оваа тема досадно станува. Идиотизмот постоел и ќе постои како што гледам. Само појаки казни од овие што се па и полицајците малце повеќе да се фатат за работа може да се поправи тој идиотизам. За нас само по џеб кога ќе удри тогаш се опаметуваме.
 
Секој кој вози имал горе долу ризични моменти, ама за мене идиотизам во сообраќај е паркирање на кривина. Стварно се нервирам кога ќе видам такво нешто. Па добро бе луѓе толку ли ве мрзи 5-10 метра да попешачите?
 
Идиотизамот во сообраќајот за мене претставува кога некој ќе паркира или застани привремено пред раскрсница, да отиде до продавница или слично(случај кај помалите раскрсници и улици), страшно ме нервира, ми се иде да испаднам и да му ја земам колата и да ја забодам во ѕид.
Исто така голем идиотизам ми е кога не ми се дава предност, предимство на минување, иако знакот голем стои ама кој да го види...:tapp:
Друг идиотизам ми е кога некој упорно вози со долги светла. И уште еден така, уште на семафор, уште не запалено зеленото светло и од позади ти свират.:tapp:
Ги има многу што секојдневно се случуваат и ме иритираат.
 
И уште еден така, уште на семафор, уште не запалено зеленото светло и од позади ти свират.:tapp:
Ги има многу што секојдневно се случуваат и ме иритираат.
Ова највише ме нервира. Оние семафори со тајмер, уште 2-3 секунди пред да се запали зеленото свират. :tap:
У Куманово идиотизмот во сообраќајот е на максимално ниво. Сега најново, деца од 16-17 години возат и автомобили, без да ги знаат основите правила. Еве у недела имаше доста заебана случка, која за малце ќе завршеше лошо. Ја и еден другар со скутери возиме по „III Македонска“ и гледам позади еден со зелена Астра вози како да е на трка. Добро е што беше подалеку, сменив лента, ама другарот продолжи да вози по истата, а до него возеше еден џип... Овој ретардираниот со Астрата иде меѓу нив, добро е што другаров закочи нагло, иначе ќе леташе по булеварот. После излезе дека некое дете од 16 години возело со Астрата. kibrit
 
Најголемиот идиотизам што сум го приметил а тоа најчесто се случува во Скопје е кога ќе видат Скопјани дека некој доаѓа од „провинција“ и сака човекот културно да се престрои бидејќи треба да врти некаде а идиотите не му дават пат и се буткаат како волови на корида!
Па добро бе луѓе, кога некој дошол од друг град тој значи не го познава градот, татко ми не го правел Скопје па да знам кај да возам, ако ти дадам трепкач значи дека сега сум приметил кај да вртам, попушти ја малце гаста и секој ќе се престрои и колоната се движи без застој а кога се правиш идиот и некому не му даваш пат тогаш се ствара поголема колона и се случуваат вакви ситуации како на видео клипот :pos: :pos:

 
Еден такстист кај беше крив уште излезе да се тепа со мајка ми.:uvo:
 
Сите знаеме дека сообраќајот кај нас е во хаос... Не се знае кој вози, каде паркира, каде застанува, каде врти... Нема потреба да пишувам за тоа.

Е сега, како тоа да не е доволно, па и кога ќе видам некој како оди на сред улица (буквално!) не можам да трпам. Одат два-тројца, прикочуваш, свириш, не бре брат, мака да се нема. Тргни се еден чекор мајка му стара... И кога ќе ги погледниш или ќе им кажиш некое зборче уште те прават будала.

Пред две вечери случајно застанав пред дуќан. Некаде 19 часот, гужва во градот. Мајка со мало дете ја минува улицата, ама никој не ја забележа. Излезе од позади кола и ниту да погледне лево или десно. Секако, не беше ниту на пешачки. Ќе ги згазеа и двајцата со Југо, човекот едвај закочи. Ако ги видеше секунда подоцна отидоа...
 
Идиотизам има многу...
Ќе почнам првин од сообраќајната инфраструктура, па ќе се префрлам кај учесниците во сообраќајот...
Конкретно Струмица...семафорите на центарот...
Самото поставување на истите на бул. Маршал Тито има една премногу глупа погрешка.
Имено, оној за право нормално си стои на десната страна кадешто и му е местото, ама оној за вртење лево...стои на почетокот на спротивниот зелен појас, а оној висечкиот исто така покажува возење право (?!) а позициониран е над лентата за вртење лево...машала...! Додуша, така беа поставени едно 14 години, ама мислев овие актуелниве ќе ја средат работата, ама ништо...
Актуелниве ја заебаа работата и со самата сигнализација. Паметно е што ги одвоија зелените бранови за лево и право, ама премногу трае црвеното, и на тесните улици, наречени булевар станува хаос...башка, заради тоа треба човек и да се изначека на пешачки...
Дефинитивно, најголемиот идиотизам е т.н. пајак... Блокираат улица, и тоа најфреквентната (бул. Ленинова) и се обидуваат да подигнат возило...па чекај ги ако немаш попаметна работа...а тоа гревчето од возило нема сила да подигне нешто потешко од тон...ама битно ИМААТ ПАЈАК!!!
Не дигат кајшто треба, туку кајшто ќе бидат видени.
Идиотизмот кај учесниците во сообраќајот е исто така голем проблем...како пешци кои поминуваат на црвено, возачи кои не почитуваат пешачки...до залетани идиоти кои удараат во вашето возило додека пропуштате пешаци на пешачки премин (последна случка).
За среќа, не ми беше оштетено возилото :)
Мојот најголем идиотизам се случи пред едно 10 години...на патот Штип - радовиш излегувам да претекнам автобус...ама не ѕирнав во ретровизорот...се извлеков за влакно.
 
Прва незгода предизвикана од сообраќаен дебилизам ми беше на 8-9 годишна возраст, кога пијан возач влезе во спротивна лента и излетавме од патот во близина на Дебар. Се преврте колата ама среќа не бевме повредени :)
Потоа мене на велосипед пред едно 2-3 години, кај поштата во Карпош 1, бев со точак и на пешачки ме собра еден ропак кој зборуваше на телефон. Среќа по падот не ми беше ништо, само што не можев добро да одам едно недела дена.

А како возач на моторно возило, уште почетник, почна да ме нервира тој сообраќаен дебилизам. Правило на десна страна кога не работи семафор - што е тоа? Се пикаат од секаде, гајле им е, уште па свират а немаат предност. Ме нервираат и личностите кои не користат жмигавци или па ги вклучуваат веднаш пред да се престројат/свртат. Како и таксистите кои застануваат секаде, излегуваат од секаде, ретко почитуваат правила и личностите кои возат и зборуваат на телефон. Имате хендсфри за 200 денари, купете, слободни ќе ви се рацете.
За ова време, постапка од друг возач што ме има изнервирано е кога пред некој ден беше зелено за мене и возам јас по улицава (главна) и од лево се уклучува еден батка, без ретровизори, не ни погледна лево, си се вклучи типот. Бравос баце, среќа не возам брзо, да беше некој засилен ќе беше многу интересно.

Сега за сега немам предизвикано некоја голема опасност по сообраќајот освен кога уште земав часови за возење па инструкторот касно ми рече оди лево престрој се, па им се упикував па им го измешав редот и така, малце понервозни станаа.

Инаку се согласувам со Мац)), жените се полоши возачи низ градов колку што имам видено. Една по Илинденска возеше, зборуваше на телефон и кармин ставаше на устата. Погодете на што обрнуваше најмалку внимание. :pos:
 
Не дигат кајшто треба, туку кајшто ќе бидат видени.
Идиотизмот кај учесниците во сообраќајот е исто така голем проблем...како пешци кои поминуваат на црвено, возачи кои не почитуваат пешачки...до залетани идиоти кои удараат во вашето возило додека пропуштате пешаци на пешачки премин (последна случка).
Стави си кука назад (со зелено тенисерско топче :baeh:) па да има во што да удираат :)

Последен идиотизам што ми го направија беше во неделата кога си го паркирав Фордот на паркинг, бев на пазар по пиперки и некој успеа на полу-празен паркинг за 50 возила да ме заглави. Арно стариот беше со мене, ке му покажев за што служи куката, бидејки така добро ми се имаше наместено, само требаше назад да вратам :)

А најголем дебилизам имам забележано во Скопје. За некои сообраќајните правила и семафори не важат, така да ми се има случено за влакно да избегнам лудак кој врви на црвено со голема брзина да не ме собери.

Инаку, досега најдебилската ситуација беше кога јас стоев на семафор со моторот, а одзади жена со рено 4 ме удри. Среќа што ја видов во ретровизор (само да замислите како доаѓаше) па бев спремен + имав среќа што бев прв на редот и немаше сообраќај па кога ме подтурна имаше каде да одам. Поминав само со скршен штоп.

А мојот најголем идиотизам беше јануари 2003 кога со цел памет излегов да го возам моторот. Времето беше топло (топло мадиња таман се стопи снегот) арно ама имаше и голомразици во осојниците. Е на таква осојница успеав да паднам со 25 км/ч. а притоа не носев кацига. Моторот беше воопшто неоштетен, а јас имав огромни гребаници на десната страна од лицето, ништо друго. За среќа ми поминаа за брзо и не ми остана лузна. Тоа ми беше лекција за нареден пат на мотор без кацига да не се качувам.

Со кола сум немал којзнае какви идиотизми.
 
Секогаш кога одам за село ми се случува истиот дебилизам. Кога треба да се исклучам од главниот на спореден пат треба да се сврти кривина од 90 степени влево. и јас кога ќе дадам жмигавец и додека да ја намалам брзината за да влезам во кривина, дебилот позади мене го користи моментот за да ме претекне:tapp:
 
Кога се враќав од охрид на спуштање од стража поминував еден матиз кој го возеше еден старец пред да влезам во лента му дава гас на матизот ми се лепи не ми дава да влезам во лента а од другата страна ми идеше кола ама не го вртев пет посто и му влегов во лента и ми блендира од позади, он идиот ја поголем од него ке бидам си реков и не му се одвоив дочекав еден правец намалување на 40 и етего почнува да ме поминува и давам гас не го пуштам да помине од кривината почнаа да надоаѓаат коли и почнаа старците од внатре да лупаат на прозори го пуштив и му блендирам од позади после следниот пат кога го поминав дури и кочница стисна да ме пушти :pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom