Идиотизам во сообраќајот

  • Креатор на темата Креатор на темата ice_cube
  • Време на започнување Време на започнување
Идиотизам има највеќе поради тоа што приватниве школи брзо даваат дозволи па секој идиот денес вози кај нас, порано имавме навистина добри возачи и се потсмевавме на државите каде дозволата можеше да се купи со пари (Ирак, Либија)
 
Една по Илинденска возеше, зборуваше на телефон и кармин ставаше на устата. Погодете на што обрнуваше најмалку внимание. :pos:
Добро дека не пушела, кај ли тогаш ќе обраќала внимание :pos: :pos:
 
Идиотизам има највеќе поради тоа што приватниве школи брзо даваат дозволи па секој идиот денес вози кај нас, порано имавме навистина добри возачи и се потсмевавме на државите каде дозволата можеше да се купи со пари (Ирак, Либија)

Комисијата е од АМСМ сега и има еден во комисија од МВР, ова стапи во сила пред година дена мислам, порано еден период беше така, со комисии од сопствени авто школи :)
 
Комисијата е од АМСМ сега и има еден во комисија од МВР, ова стапи во сила пред година дена мислам, порано еден период беше така, со комисии од сопствени авто школи :)
Точно е ова, и убаво што направија така. Сега часови можеш да земаш од каде сакаш, но за полагање фино лепо пред државна комисија :)
 
Најмногу ме нервираат очајни диви таксисти не почитуваат сигнализација возат како луди и целта им е кеш ако треба и ќе те соберат на хауба.
 
Кај нас дефакто возачката култура е на ниво под нулата :) Колку ли само кретени и кретенки (од шоферска гледна точка) има по Скопјево... Да не почнам да набројувам што се ми се нема десено низ сообрќајниот метеж у нашето мило Скопје. Од вртење без жмигавец додека претицувам до излагање од кола и буфтање фраер на семафори :) Имам неколку хајлајтс, само колку да добиете осет за што станува збор :) По Првомајска си бичам у десна лента со мотор и возам у линија со дибек у нова мазда 6 и кога кретенот ме залепи до тротоар, односно ми се престрои у лента. Среќа што му ја сконтав намерата па дадов малце гас за да искочам пред него иначе џипот позади мене шо беше ќе ме стаеше под тркала.
Баш вчера у тек на работно време со службена кола бичам накај козле, идам преку водно за да ја скокнам гужвата. И на онаа едносмернана над државна болница си ги сечам кривините знаејки дека улицата е едносмерна кога еден будала со лада вози у спротивна насока... Гад блес АБС :) У тој момент ми се заеба денот, ама среќа ради навремена реакција не се деси беља:nesvest:
И нај нај момент кога помислив дека шансите за преживување не ми се изгледни беше кога на автопатот после Неготино улетав со 200 на блага лева (со мотор) во 3-4 вирови со вода раздалечени на 3-4 метри и така подлабочки беа... Е тогаш како ми смрзнало гомното, само јас си знам. Кога се симнав од мотор играв твист од возбуда и нервоза! Па во која друга земја на 40 *Ц има вирови насред аутопут?!?! А? :tapp:
Си идам од Н.Л. накај дома преку К.Вода и пред Макоил бензинската еден без штопови вози 3-40 и давам жмиг, испрекината линија и почнувам да го тицам. Фраерот ни два ни три усред тицање, без жмигавец врти лево со намера да влезе на макпетрол бензинската.... милиметри беа во прашање.
И највеќе од се ме нервира кога ми се престројуваат во лента во која не чекале туку сакаат да се убутаат преку ред. Па мајке му, ја идиот ли сум да чекам пола саат на семафори на правата лента, а копуците преку ред да ми влагаат?!? Да не си мислат дека хоби ми е да чекам на семафори ебате?!?! Кретени! Уфф се напнав само од муабетов што го пишав.:uvo:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom