Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.625
- Поени од реакции
- 9.156
- Возраст
- 39
Претпоставувам многумина од вас не се љубители на стар леб, па за да не го фрлате, искористете го и подгответе некој брз, лесен и вкусен рецепт.
Еве од мене неколку предлози:
Мини пици
Потребни состојки: стар леб, кечап, шунка, кашкавал, оригано, маслинки.
Подготовка: Стариот леб исечете го на кришки и секоја кришка премачкајте ја со кечап, па ставете исецкана шунка. Потоа додајте го изренданиот кашкавал, исецканте маслинки и оригано. Во тава ставете хартија за печење (за да не се мачите после околу миење на тавата
) и наредете ги кришките. Печете 10 мин. на температура од 200 степени.
Тоа би изгледало вака
п.с.За оние што не знаат да месат, супер ќе им дојде рецептов за пица 
Tопли сендвичи од ладен леб
Потребни состојки за 10 сендвичи:
- 10 кришки стар леб
- 200 гр. шунка сецкана на коцки
- 150 гр. рендано сирење
- 100 гр. кашкавал
- 3 јајца
- сол, оригано, малку маргарин за премачкување на лепчињата.
Подготовка: Изматете ги јајцата со сол и оригано, додајте ја сецканата шунка и ренданото сирење. Кришките од двете страни намачкајте ги со малку маргарин и ставете ги во тава обложена со хартија за печење. На секоја кришка ставете по 2-3 лажици од филот од јајца, шунка, сирење и на крај изрендајте малку кашкавал врз нив.Печете 10 мин. на температура од 200 степени.
Пирошки од стар леб
Потребни состојки:
- 500 г стоен леб
- 100 г кашкавал
- 100 г шунка
- 100 г лебни трошки
- 3 кисели краставички
- 1 јајце
- зачини по вкус
Плус:
- 150 г брашно
- 2 јајца
- лебни трошки
- зејтин
Подготовка:
Лебот натопете го во вода, потоа исцедете го од одвишната течност и изронете. Кашкавалот крупно изрендајте го, краставичките и шунката ситно исечкајте ги, додајте јајце и лебни трошки. Убаво соединете ги сите состојки со изронетиот леб, зачинете по вкус и измесете компактна смеса. Од подготвената смеса обликувајте пирошки. Валкајте ги во брашно, потоа во изматено јајце и на крај во лебни трошки па пржете во загреано масло додека не поцрвенат од сите страни.
Пита
Ако имате повеќе стар леб, а не знаете што да правите со него, оваа пита е вистинско решение.
Потребни состојки:
- стар леб
- 3 јајца
- 200 гр. кашкавал или сирење (по избор)
- 1 шоља млеко или јогурт
Подготовка: Лебот се крши на парчиња,се матат јајцата со сол, се ставаат во лебот, заедно си изренданиот кашкавал (сирење) се додава филџан млеко или јогурт. Се заедно се меша, се става во тава и се пече.
п.с. Може да додадете и шунка, оригано, маслинки за да би добиле пица вкус :smir: