Практикувате ли некогаш вакво јадење.Добро е за доручек или вечера.
(кога нема што друго, а и да се искористи тврдиот леб и нешто друго).
Јас пред малку правев една тава „градска“ тупеница (можеби има и други имиња за ова).
Потребно е еден вчерашен леб, ако е многу бајат-тврд ќе треба со вода да се попрска.
Се дроби лебот на парчиња,ситни како за нафора, се полни тавата,се става неколку лажици маргарин, се додава нешто што има во фрижидер сувомеснато.чајна,кулен,кренвишла.
Се служи со јогурт,ама и со расолница и „купечи“ буковец.
Се става тавата во загреана релна и кратко се пече. Еднаш може да се и промеша.
Може алтернатива тупеница со сирење или урда,а можеби и со јајца.(може и со цели кришки)
-
НЕ-градска,тупеница, не дека не може да се прави и во град,ама кога би имале се ова потребно подоле наброено, или донесено од кај тате.Или па може и да се купи по пазарите и маркетите.
Една векна поостојан леб, се дроби во тава, се става неколку лажици домашно сало, може и со малку топла вода тоа да се промеша и попрска надробениот леб.Одозгора се стават домашни чварки. ( може и она што останува најдоле во лонецот полн со сало-маст ). Се пече во релна.
Се служи со расолница - јува,домашна во каленица во која се дроби печена везена пиперка.
-
Може да продолжи темава и за качамак-бакардан-палента,ама за тоа сигурно има тема.