И стариот леб може да биде вкусен

Стариот леб е секогаш повкусен од топлиот пресен, пред се за желудникот, инаку да има многу начини како дополнително да се зачини да се приготви за да биде уште повкусен..

секогаш е подобро да јадете вчерашен леб :)
 
Пита попара

Потребни состојки:
- 1 стар леб
- млеко
- 1-2 кисела павлака
- 5 јајца
- сол по вкус

Подготовка: Стариот леб се сече на кришки со дебелина 1 cm и се реди во претходно намачкана тава со маргарин така што целото дно да биде покриено со леб да би добиле кора за пита. Издробете го сирењето, заедно со 1-2 павлаки и 2 јајца. Прелијте ја кората од леб со оваа смеса и повторно ставете кришки леб, за да се прекрие. На крај изматете 3 јајца со млеко и прелијте ја целата пита. Печете на температура 180/200°C додека фино не порасне и порумени.

Топеница од стар леб

Потребни состојки:
- 1 леб
- 200 гр. црни и зелени маслинки
- 200 гр. шунка
- 50 гр. путер
- 4 јајца
- 200 мл + 50 мл вода
- 100 гр + 50 гр. кашкавал
- 1 лажица пире од домати
- 1 мала лажица оригано
- масло за јадење, сол и бибер

Подготовка: Лебот се сече на коцки и се прелива со вода. Се додава половина од маслинките исецкани на кругови и половина шунка исецкана на коцки. Се посолува и смесата се замесува со раце. Потоа се распоредува на намрсена тава со путер и се пече 15 минути на 200 °C.
Во подлабок сад го рендате кашкавалот и се додаваат јајцата. На пирето од домати се додава 50 мл. вода, 1 мала лажичка оригано и малку зејтин. Ја вадите тавата од рерна и топеницата ја преливате со смесата од јајца и кашкавал, па сосот со домати и зачини. На крај ги додавате останатите кругови маслинки, сецкана шунка и рендан кашкавал. Печете уште 10 мин. на иста температура.
topenica.jpg
 
Абе правам и јас топеница од стар леб ама не како специјалитет со се и сешто, онака едноставно го запржувам лебот со масло му ставам сирење и јогурт за поттурнување
 
Абе правам и јас топеница од стар леб ама не како специјалитет со се и сешто, онака едноставно го запржувам лебот со масло му ставам сирење и јогурт за поттурнување

Мене ми е совршен доручек! Се поправив, не знам кога да запрам со јадење. :kesa:
 
Во Тетово продаваат леб од вчера од Жито Полог, леб на прво место во Македонија.
Самиот леб од Полог е подобар кога ќе се јаде после еден ден.
Цената од 25 денари утредента му е на 8денари.

Јас фино лепо си купувам 20 леба, таман за мојве дома за 5-6 дена ќе си имаат занимација, ги ставам сите во замрзнувач.

Таквиот леб за што и да е само 5-6 минути во рерна да се загрее, е одлична нафора за било кое јадење.

Овие рецепти добро ќе ми послужат :)
 
Одбегнувам стар леб, никад не ми е вкусен, го ставам обично на тостер..
 
Кај мене дома пирошките се практикуваат..а ова пица лепчиња што ќе начекам тоа ставам....иначе си печам рибанчиња на шпорет и со маргаринче одозгоре вагетичка ор мелена сол ор буковец.. мх мх
 
Попара од стар леб!
Највкусен доручек на свет.
Ви треба кило стар леб, исечен на коцки, една коцка Кристал маргарин, чаша вода, сол и рендано сирење.
Ќе го стопите цел маргарин во тенџере, дур не почне да прави меки меурчиња, ќе ја ставите водата да рсне малку:), солта, и после тоа лебот внатре. Мешајте додека не си се спои фино лебот со миксот од масло-вода. Ренданото сирење на крај, и оставете го да истине.
Можам со денови да си мцкам ваква попара.
 
Првиот рецепт често го практикувам, исто така стар леб може да се искористи и за пржени кришки во изматени јајца.
 
Пржени лепчиња? :)
Јајца (сол внатре), ги матиш во чинија. Лепчињата пред да ги пржиш во зејтин, ги мацкаш во јајцата и тадам.
Иде со ајвар, маслинки, сирење, саламче какво било, со што сакаш можеш да се комбинира.
 
Леле леле како се потсетив на тој стр рецепт со сувиот леб искинат на парченца....мммм....можда 10 години не сум го јадел тоа...деновиве обавезно го правам, само да ми текни да купам стандард леб, кој ќе треба 3 дена да отстои да созрее за намената :D
 
Им го давам на кокошките они несат јајца пола од јајцата си правам кајгана другата половина ја продавам и си купувам топол леб ,like a boss ? :pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom