Hustle

  • Креатор на темата Креатор на темата Dee_Jay
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 август 2007
Мислења
3.609
Поени од реакции
2.656
Претпоставувам сите го имате гледано филмот Ocean eleven. Значи серијава е нешто слично на тоа, имено група од пет луѓе се преваранти, и бираат мета од која што ќе изнудат пари. Правилата се таа мета да не е поштен човек, и да сака да учествува во матни зделки . До сега има излезено 6 сезони, со по 6 серии по сезона(50 мин. од серија). Инаку станува збор за англиска серија од BBC продукција. На сите што сакате криминалистички серии, би ви препорачал да ја гледате. Јас вчера почнав и не можам да престанам, се навлеков:)

Инаку јас би ја оценил 8/10, но само заради тоа што има моменти каде што глумците се обраќаат на камерата,т.е. на гледачите. Можи на некој тоа ќе му се бендиса, ама мене ме иритира. Инаку се друго 9/10.

zy90g3.jpg
 
Пред некој ден ја заприметив серијава на Fox crime и одма се заразив не пропуштам епизода.

А и оваа глумицата не е лоша :)
 
Ја гледам и јас серијава, омилен лик ми е Ash... Инаку за тие што ја имате гледано 4та сезона... Кај појде Mickey? Не приметив да навестија каде ќе оди...?
 
Баш сакав да отворам тема за серијава, ама ме мрзеше да пишам нешо за нејзе. :) Најдобра серија за мене, дефинитнивно вакви филмој ептен сакам... :)

Иначе, сега почвит репризата од вчера на Fox Crime...

Ја гледам и јас серијава, омилен лик ми е Ash... Инаку за тие што ја имате гледано 4та сезона... Кај појде Mickey? Не приметив да навестија каде ќе оди...?

Го викнале некои други измамници во Австралија, да ја продајт Opera House, барем така мислам. :)
 
Леле една од моите омиление серии. Ocean's 11, 12 и 13 во епизоди. Мики се враќа, ама Дени и Стејси заминуваат. Во последните две сезони место нив доаѓаат Ема и Шон. Али допадливи се и тие многу, оваа Ема е позгодна од Стејси, а и Шон си има свои моменти. Иако Дени ми беше омилен лик (заедно со Еш и Мики), го засакав и Шон.
Инаку, серијава НЕ избледува со текот на сезоните, има епизоди од новиве сезони кои ме воодушевија.
 
Серијата е закон..Маестрално е направена секоја епизода и јас ја гледам на Фокс Крајм и епизода не сум пропуштил..
 
Која сезона е оваа што оди на Fox crime?
 
Леле една од моите омиление серии. Ocean's 11, 12 и 13 во епизоди. Мики се враќа, ама Дени и Стејси заминуваат. Во последните две сезони место нив доаѓаат Ема и Шон. Али допадливи се и тие многу, оваа Ема е позгодна од Стејси, а и Шон си има свои моменти. Иако Дени ми беше омилен лик (заедно со Еш и Мики), го засакав и Шон.
Инаку, серијава НЕ избледува со текот на сезоните, има епизоди од новиве сезони кои ме воодушевија.

Аман бе, Дени ќе го немат во следните сезони!? Омилениот карактер, не само мене, туку верувам на повеќето шо ја гледаат серијава!? :'(
 
А бре немојте спојлери луѓе :)
користете ја алаткава ко ќе кажувате спојлери :)
 
Ги имам изгледано сите сезони, ја приметив серијава уште пред 3-4 години кога одеше на ХРТ...
Од секогаш сум сакал вакви серии кои умеат да бидат забавни и да релаксираат, а плус можат да те научат на некој симпатични трикови за да ги зезнеш другарите :)
Инаку за квалитетот на серијата мислам дека како се развиваше така и опаѓаше истиот... првата и втората сезона се the best барем за мене, иако вреди да се погледне се до 6-та сезона, не заради друго туку заради тоа што после првите 2 сезони ќе се заљубиш во серијата.

Инаку за информација “Мајк“ (црнецот) не глуми во 4-та сезона, а Дени и Стејси не глумат во 5-та и 6-та сезона...

Инаку најдобра епизода за мене е “Еye of the beholder“ односно финалето на втората сезона, брилијантна превара која ќе ве оставам да ја погледнете, да уживате и
да се изненадите до бесвест


 
Навистина една од појаките, ако не и најдобра епизода е последната од втора сезона...
 
Инаку за квалитетот на серијата мислам дека како се развиваше така и опаѓаше истиот... првата и втората сезона се the best барем за мене, иако вреди да се погледне се до 6-та сезона, не заради друго туку заради тоа што после првите 2 сезони ќе се заљубиш во серијата.

Зашто бе, има и од новиве сезони ептен добри епизоди. Од последнава сезона мене ме бендиса таа со стауата тигар, а од постарите на таа со синот "рапер" сум се газела од смеење.
 
Зашто бе, има и од новиве сезони ептен добри епизоди. Од последнава сезона мене ме бендиса таа со стауата тигар, а од постарите на таа со синот "рапер" сум се газела од смеење.

А бе не дека нема... аама неможат да се носат со првите две сезони (инаку и мене ми се свиѓаше со тигарот, добра превара :pos2:)
 
Fox Crime ќе ја преносвит 5 сезона? И од кога, ак ја преносвит?
 
Ауу последната епизода од втора сезонааа :vozbud: А и епизодата кај што ќе се натпреваруваат Мики и Еди е топ :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom