Ми се чини сезонава беше на ниво со првата, ама ептен разочарувачки беше крајот. Ич не ми сметаше семејната драма оти и Спејси и Робин Рајт беа најдобри во тие сцени, а плус одлична беше и мајка и на Клер. Ама сите тие кавги и предавства и на крај ништо како да не било. Ептен ми се допаѓа динамиката на Френк и Клер, ама во последните епизоди изгледаше како самите ликови да се контрадикции на тоа шо беа при почетокот на сезоната.
Ако можат да продолжат со ваков квалитет, би можел со години да ја гледам серијава. Не знам како Френк би се справил со ситуацијата во која е и плус ме плаши тоа дека креаторот нема да работи појќе, ама сепак се надевам за најдобро.