House M.D

  • Креатор на темата Креатор на темата John McClane
  • Време на започнување Време на започнување
Како почеток на сезона беше добра. Практично ја поставија атмосферата за остатоткот од сезоната т.е. додека е во затвор. Мислам дека ќе идат во нов правец, да се оддалечат од атмосферата со премногу драма од последните 2 сезони, и ќе почнат на ново.
Се надевам дека ќе можат да ја направат во ранг на првите 4 сезони, каде повеќе фокус имаше на медицината и како Хаус се справува со различни медицински мистерии, а не како 6 и 7 каде повеќе беше на драма, а медицината нешто споредно.
 
Никој не ја гледаше новата епизода од новата сезона? Импресии некој? Ќе го гледаме Хаус ко затворски доктор галиба
Јас ја гледав вчера. Изгледа оваа сезона ќе е многу различна од другите. Мене ми се свиѓаше, како што заврши ќе има изгледа уште многу епизоди во затворот така да... очекувам да биде интересно.
 
Добар старт на сезоната. Интересно е што е различно опкружувањето на Хаус, тука сега не е он главниот, ќе видиме и друга страна од него. Сепак, неговата единствена личност исплива на површина со тоа што ја фасцинираше докторката во затворот и таа почна да го слуша и да ги прекршува правилата исто како и другите. Каде и да го стават, Хаус си е Хаус.
 
Ја има и втората епизода на торрент. Баш ме интересира каков тип на докторка ке биде Чи Парк.
 
Интересен е многу.
Посебно како размислува, како ги спојува работите...
:D
 
Хаус доживува дно на гледаност. Did NOT see that one coming.
Излегоа многу нови серии, изгледа затоа. Јас пак од новиве ниедна не пратам.
Ама пак ко ќе видиш... 8 сезони се добра бројка. :icon_lol: и да е последна оваа ништо страшно...
 
Хаус доживува дно на гледаност. Did NOT see that one coming.

Овој понеделник цел line up им беше пореметен на FOX и мораа да го стават House во слотот од 10 (а оригинално се емитува во 9) каде што се емитуваат веќе етаблираните драми Castle и Hawaii Five-0, така што падот на гледаност може да биде занемарлив, секако ако не продолжи и понатаму.
 
Овој понеделник цел line up им беше пореметен на FOX и мораа да го стават House во слотот од 10 (а оригинално се емитува во 9) каде што се емитуваат веќе етаблираните драми Castle и Hawaii Five-0, така што падот на гледаност може да биде занемарлив, секако ако не продолжи и понатаму.
Ако се има креативност и заинтересираност, нека тера и до 20 сезони, али сметам дека е ова последна сезона, и како таква, нека ја завршат со стил. Хаус многу остарен ми делува, или до косата е? :)
 
Да, делува некако остарен и исцрпен. И подобро нека ја завршат со време, него да стане уште една никаква серија, па да ја завршат на сред сезона со безвезна завршница.
 
Can't wait to see Thirteen back!!!
Иако има некој интересни моменти новава, али нели викаа дека тимот што победува не се менува? :)
И веројатно изгледот му е да се долови целата after prison situation, али како и да е стварно е остарен.
 
Мене пак баш ми се допаѓа оваа сезона. Две добри епизоди. Пријатно сум изненаден од содржината за сега, а продукциски е закон. Сум гледал филмови со послаба продукција од оваа. Ќе видиме како ќе оде...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom