Homeland

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување
WHAT.THE.FUCK!

Најмалку очекував онака да заврши епизодата. Цело време ме изненадува оваа серија. Постојано е непредвидлива, секое пуштање на нова епизода не знаеш кај ќе те однеси.

ЦИА од една страна, Мајк и оној пијаницата од друга... shit is gonna go down. Едвај чекам да ги потврдат сомнежите на тој со патериците шо е, реакцијата на сите ќе биде прејака. :icon_lol:

Claire Danes беше супер, ама оваа епизода ја понесе Damian Lewis. :cuc:

Give this show another Emmy!

па уште и љубовните проблеми на ќерката... :tapp:
Тие проблемите на ќерка мѕ ќе бидат многу поинтересни за гледање ако светот дознае кој е и што е Броди. Ќерката на терорист со синот на претседателски кандидат...wow...ако разберат шо се случува, ќе има многу тешки последици. :P
 
Колку беше тапа епизодава само ваков крај можеше да ја извади. Твајлајт моменти на ќерка му на Броди, другар му што се сомнева во него отиде дома му, заспа на маса и си замина (патем, јак фактор што се сомневал со ваков крај на епизодата) и најтапа од се, идејата да му ја „подметнат“ Кери, единствената личност со која може да се посомнева дека го следат. Брилијантно беше тоа, нема што.

Се надевам нема да има веќе вакви епизоди, според мене оваа беше најслаба до сега (ок, не може секоја да е јака тоа на сите ни е јасно). Добро е што задржува динамично дејство серијата, не стои во место.
 
Не очекував ова да се случи волку рано. Ова му доаѓа како во Lost да дадеа објаснување на бројките уште во трета сезона (хаха објаснување). Во секој случај, ми се допаѓа ваквиот развој на настаните и едвај чекам да видам што ќе прават сега со Броди.
 
Мораше да има објаснување, ги учукаа на хач-от маме му овај... и после испадна дека се бројки на кандидати, нешо како ждрепка за ЛШ. Како тоа Дарма ги ставаше бројките на Џејкоб на хач-от никој нормален (викам нормален, пошо Линделоф не е тоа) не може да објасни, уште помалку што ги ставија пред некои од кадидатите да ги добијат бројките, или да бидат родени воопшто... Ми фали Јонзе вака кога ќе го снема одеднаш...

Ај да цитирам некого да не сум оф-топик:
EXCITING NEWS: Homeland has been picked up for a third season!
Барса џубриња!

Шо чекаја до сега? :P
Не е па ти некоја вест тоа, серија со ваков квалитет не може да дојде во прашање.
 
Кога излегува наредната епизода?...Што знам некако прерано ми дојде расветлувањате на цела ситуација, ќе падне во квалитет ако се остане на тоа да се брка Абу Назир до крајот на серијата.
Ми фаќа умот да го конвертираат Броди во дупли шпион и да го користат како мамка за да го ловнат Назир, па пак истиот да ги дупчи...
Ме интересира целата разврска понатаму, само ќе ми биде ептен лејм ако се одлучат да го пуштат во недостаток на докази или пак слично, па после пак да го бркаат од причина што Америве праќаат во Гвантанамо на кршење камен за многу поситни работи.
 
И јас мислев дека натаму може да се движи работава, да биде дупли шпион, или евентуално сега Абу Назир кога ќе разбере дека Броди е уапсен, да проба некако да го спаси и да успее да го извади од затвор, па заедно да планираат напади врз САД (иако вторава опција ми е поглупава).
 
Супер епизода.Eye to eye разговорите на Кери и Броди. :cuc:
Уште кога почнаа
децата да возат брзо, едноставно знаев дека ќе удрат некој ама дали тоа беше новинарката што единствена знае за акцијата на Абу Назир? :vozbud:Мене ми личеше на неа.
Брилијантно!
 
Епизодата беше катастрофа...само неколку часа претходно му кажа све во лице, он воедно ја прочита како буквар, за послe тоа да го убеди дека го сака, и да го натера да признае!?yea right.

По не реално нешто од тие разговори, во животот не сум видел, човек како Броди, знаеш кога ќе падне на таква финта? НИКОГАШ.
 
Се разнежни човекот, душичка. :icon_lol:
Туку ај одговорете ми за прашањето во спојлерот.
 
Епизодата беше катастрофа...само неколку часа претходно му кажа све во лице, он воедно ја прочита како буквар, за послe тоа да го убеди дека го сака, и да го натера да признае!?yea right.

По не реално нешто од тие разговори, во животот не сум видел, човек како Броди, знаеш кога ќе падне на таква финта? НИКОГАШ.

Не можеше ништо подобро да извадат од кашата во која се втераа претходната епизода.
 
Не можеше ништо подобро да извадат од кашата во која се втераа претходната епизода.

Можеше, Броди да не им каже било што, да го објават дека е осомничен (да се држи на приказната дека не носел бомба) па после да го хејта цела Америка, а он да се бори со своето семесјтво во докажување дали е или не е терорист, можеше да се оформи еден лик кој од релативен негативец, во понатамошниот тек заради масовното хејтање и притосок од медиумите и политичките игри, да станаеше по симпатичен кај публиката, да прикажеа каква е казната за такви одлуки кога ќе се дознае, една поинаква казна и масовен притисок и профил на човек кој е на работа на пропаста.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom