Јас ги имам завршено сите Half-Life продолженија што се излезени до сега... и има толку несватливи работи што дури и неможат да се добројат
Сеуште се очекува Episode 3, но се слуша румори дека Valve првин ќе ја направат Left 4 Dead 3, па после ќе ја довршат Episode 3 итн.
За G-Man и Гордон, јас мислам дека се исти личности така што G-Man е од иднината. Само забележете, G-Man може да значи Gordon-Free
Man, и доколку не сте забележале, G-Man во Епизодите од Half-Life 2 се појавува на некои места пред тебе (те штити од непријателите) може да се забележи преку прозорец кај мостот (во Half-Life 2: Episode 2 (мислам дека беше)) каде што за прв пат го земаш автомобилот. По мое мислење, со некој си портал од каде што дојдоја чудовиштата (зомбијата како и да се) G-Man е Гордон од иднината, и ти ја прави мисијата полесна (односно сам си ја прави мисијата полесна во минатото).
Или можеби Valve произведува такви личности за ние гејмерите да дискутираме за нив
Ова е моја логика колку што ја имам сватено играта... можеби сум 100 % во грешка... али тоа е тоа