Со тоа авиончето од Втора светска војна, успеав пред малку да соборам 7 борбени авиони, и тоа два соборив со мое десно крило чукнато, а еден со двете крила чукнати. Штосот е да летате во круг, на пример се на десно, и полека авионот ќе ви излезе пред очи, е тогаш почнете да пукате, и гледајте да летате на иста висина, и во ист правец. На почеток е малку тешко, но после ќе се навикнете. И, полесно е ако времето е пладневните часови бидејќи ноќе, на изгрејсонце или на зајдисонце слабо се гледа.
Да се дополнам: Не сум ја превртел, бидејќи запнав на една стаза уште од ноември сум таму. Стазата е онаа што со мотор треба да влезам во авионот што полетува. Bike skill ми е до крај, ама не бива, никако да го стасам. Пробувам и на различни временски термини, ноќе, сабајле, со олуја, кога е мирно, али не бива. Да не знае некој некое штосче?