Група Ц (MKD, GER, SLO, MNT) - Загреб

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување

Која екипа нема да се пласира понатаму?

  • Германија

    Гласови: 9 6,2%
  • Словенија

    Гласови: 14 9,7%
  • Македонија

    Гласови: 14 9,7%
  • Црна Гора

    Гласови: 108 74,5%

  • Вкупно гласачи
    145
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Мојава математика кажува ако победиме 2 утакмици ќе имаме 7 поени. Две други држави да не престигнат значи да имаат по три победи. Тоа е невозможно. Германија треба да победи сите три, што од другата група тогаш тимовите ќе имаат максимум 6 поени па ние и Германија одиме во полуфинале.

Нерешени утакмици почнуваат да ја матат работата. Шпанија, Данска и Германија имаа подобра гол разлика од нас ако и тие имаат 7.

Две наши победи, Германија 3 и сме во полуфинале. Ајде немци
 
http://www.balkan-handball.com/ehf-...azena-protiv-sampiona-sa-tri-boda-u-varazdin/

Makedonija – europski šampion 25:25. Nije san, nije nitko umislio, stvarno se dogodilo. Ove januarske noći u zagrebačkoj areni bez utjecaja ikakvih sila…. I moglo je biti bolje, da je Stojačne imao malo više sreće – dva puta. Prvo ona kontra za Popovskog, pa onda onaj zicer protiv letača Heinevettera. Nije zabio Stoilov, ali je Prokop nacrtao najgoru akciju u povijesti rukometa za zadnjih 12 sekundi, Weber bacio dijagonalu na krilo ničim izazvan i iz samo njemu poznatih razloga. Nijemci nisu ni šutnuli za pobjedu. Svakome po bod. Makedoniji zapravo tri jer idu u Varaždin s nestvarna tri boda.


Штета што немаме некој спортски образуван новинар, па да читаме прекрасни колумни, вака мора да чекаме од нашите соседи. :cuc::cuc:

Прекрасна колумна.
 
DTxdfcVWsAIMYAJ.jpg


Штокур сеа и за оваа група ли треба тема да отворам? :D

*Лагано Данците ги газиме во дербито за 1 место у група. :kafence:
 
Веројатноста на еден од тие три исходи не е 33%. Затоа постојат коефициенти.

Во нашата група нема да бидат први, ама во новата група ќе бидат подобро рангирани од нас, така да првото место ќе можеме во гз да си го напикаме :D

Пак ќе кажам, сто години играме во истиор формат на првенствава, уште постојат фаци што не ги разбираат работите. Уште почудно е што повеќето активно следат ракомет.

Очигледно и памет не е за сите. Натпреварот може да биде со победа на домаќинот, победа на гостинот или нерешено. Едно од тие три ќе биде сигурно. Со тоа имаш 33% шанса да го погодиш.

Ај погоди точен резултат да те видам. Имаш милион комбинации.
 
Ако не ја добиеме Шпанија се пропаѓа....иако желбата за одмазда над Данска е голема сепак тешко дека во евентуален решавачки натпревар(доколку ја добиеме Чешка) ќе успееме да ги добиеме....да се надеваме дека нашите ќе се надминат со Шпанија и после драстично ќе биди полесна ситуацијата.

Џонка менувај мислењето брат, не зафркавај. Што убаво ни тргна.:D
 
Хаос ќе биде новава група...Словенија може да замати сметки на некој исто..Чесиве нас ќе не мачат сигурно..

Ништо, сами си решаваме ако не можеме ни Данска ни Шпанија (да не зборам за Чепка) да ја тепаме онда не заслужуваме полуфинале.
 
Да ни понудеше некој дека со 3 бода ќе поминиме понатаму во втората фаза на почетокот ќе прифатевме со две раце. Ама вака треба да ни е криво шо не победивме ги “имавме“ денес Германците. Секоја чест на Раул за тактиката секогаш беше чекор понапред од Прокоп.Изигравме мајсторска одбрана Германците се мачеа со 7 играчи во напад да постигнат гол. Да имавме голман од врвна класа пример Штербик :icon_mrgr: ќе ги изгазевме. Не победивме само заради промашените зицери. Имавме лоша рализација од крилата Манасков и Гоце ни се неконстантни некогаш знаат да погодат од мртов агол а кога имаат оторен агол го годат голманот. Плус ги скапавме стативите колку погодивме 5 или 6 пати? Се на се дечките изиграа машки нема тука никаков простор за критика.
 
Р А У Л ГО Н З А Л Е З !!! :cuc::cuc::cuc:

Ова име и презиме треба да остани запишано во нашата ИСТОРИЈА, се на спортски план шо направи додека е во нашата држава ! ТРЕНЕРИШТЕ, МОЗОК, КОМПЈУТЕР е чоекот !
Како одеднаш само се промени играта со Раул додека е селектор, дефинитивно најдобриот тренер во сите спортови кој дошол да работи во оваа држава !
Аххх да го имавме Раул претходно, сигурен сум дека ќе имавме МЕДАЛ во најмала рака од Европското во Србија ! Шо ти значи професионалец кога имаш на клупата...

Групите испаднаа како нас да ни имаа дадено ливче и пенкало и ние да си испишиме како сакаме ! :D:pos:
На крај за во Вараждин одиме и како 1ви со 3 бода во тоа вкрстување со таа група :roker::ojeaa:
Чешка си изигра за нив исто и за нас, браво за Чешка, ако поминеше Унгарија мислам позаебана ќе беше со нив отколку со Чешка, поголеми шанси имаме против Чешка, плус ако поминеа унгарците сигурно ќе беше салата со повеќе фанови во Вараждин, поради местоположбата на таа група каде се поблиску до нивната граница !
Браво и за Данска ! Нас ни одговараше победа на Данска, од таа група сите влегуваат со по 2 пренесени бода :kezec:

Штета шо не погоди Столе на последниот удар, убо се отвори Хајневетер како лептир и одбрани, нема замерки за Столе, до сега и тој игра МАЕСТРАЛНО, жива легенда е Столе ! :цицки: Ако го погодевме тука, одевме со 4 пренесени бода !
И речиси со само една победа против Чешка и освоени 6 бода ќе бевме 95% во ПОЛУФИНАЛЕ ! :oleee:
Ама и вака не е лошо, кај е Господ никој не е, со ова тренериште на клупа се е можно !!!

Добро е шо фати некој какви-такви топки кивата во второ, на крај дури и со 38% на одбранети топки завршивме, повеќе од Германија :pos: Во прво беше дупка, 50 литарски бојлер да му фрлеа ќе влезеше во гол :cautious:
Вајнхолд НЕ УБИ кај нив ! Опасен играч....
Филип Талески, дефинитивно го изигра најдобриот меч во репрезентативниот дрес! :aplauz: Тоа е тоа, треба малку храброст некогаш да се оди на тие удари, има скок детето се, добар одраз, ама му фали машкост тоа шо е кај Кузмановски !
Сепак после толку кукање по него се покажа и тој !

Момент на мечот дефинитивно, последниот тајм аут на Раул :pos::pos::pos:
Киро: Ако не ни оди низ средина, да фрлиме цепелин на таа страна......
Раул: Не, не, не нене и оди му шепти после на уво :pos::pos::pos:
Каква легенда е Раул, ама ФАЦА ПРАВЕЊЕ КАКО - АБЕ КАЈ ВИ ИДИ ТОА СО ЦЕПЕЛИНИТЕ o_Oo_Oo_O
А Столе па, да пробаме лажен цепелин :pos::pos::pos:
 
Добра анализа. Германците беа спремни за цепелини и два пати не спречија. Раул тоа го знаеше и затоа отиде на друга варијанта. Велемајстор
 
Раул е генијалец. Нека му дадат договор на човеков до 2050год со по 1м еура годишно и да завршиме една огромна работа. Кој и од каде ќе ги најде тие пари не ме интересира.

Утакмицава беше перверзии. Реално командантот им еба матер на германциве до тој степен што истите не знаеа каде се наоѓаат. Уште во старт се виде дека се изненадени од тоа што стартуваме со 7 играчи и Талески и Кузмановски во прва постава, но апла се изгубија малку подоцна кога Кире отиде на среден бек, а неговото место го завзема Кузмановски. Нашата неспретност и 2та гола на празна мрежа ги вратија во игра инаку ќе имаше циркузи. За тоа колку беа изгубени говори и фактот што за 15 минути они имаа само 4 постигнати голови, а 2 од нив како што веќе пишав беа на празна мрежа. Тука следеше она што го пишав после дуелот со Словенија, а тоа е дека со Германија мора да стартува Поповски на местото на Гоце. Морковов со тоа што го ‘‘игра‘‘ до сега заслужува вечерва да биде вратен во Скопје. Зборете сега што сакате и кажувајте како секогаш наоѓаме причина за плукање, но во ваков меч за кратко време да земеш 3 шута и сите да ги промашиш треба да си ептен голем шутрак. Гоце е до толку мизерен на првенствово што и Манасков кој што важи за најглуп играч што некад стапнал на терен изгледа сосема пристојно. За она што беше поблиску да ја фрли топката во аут него ли да погоди празна мрежа нека дадат објаснување тие што го бранат ДекиБој од нереалните Комити. :D :P Во тие моменти и Кире извади два очајни шута и мислам дека баш по негов шут ги примивме тие 2 гола и отиде нашата предност во вода. Второто полувреме одново (трет пат во три меча) изгледаше многу поинаку од првото кое овој пат за среќа беше пристојно. Што и како прави Раул со играчите во тие 10ина минути немам појма, но знам дека во второ вади за класа појака екипа. Денес изигравме толку добро и тактички точно што и ова нерешено е разочарување ако се знае дека многу лесно можевме со гол на Столе да ги добиеме швабите и да пренесеме 4 бода во втората фаза. Само изгледа дека и многу добро не е добро, иако Столе она што го утна го утињаат само он и Марсениќ. :D Во играта дефинитивно има уште простор за напредок, но сега прашањето е дали Раул може да најде лек за зицерите кои ги промашуваме. За Гоце и Манасков не верувам дека има лек, Столе денес 3/4 со тоа што за жал утна зицер и можеби најголемиот проблем за нас е тоа што на Кире ваљда му се гледа крајот. :( За негов стандард игра просечно првенство до сега, но еве ќе има одмор од 4 дена па се надевам дека ќе ги наполни батериите и ќе распали во втората фаза. Борко гледам бааги сте го критикувале, но не гледам причина за такво нешто, барем не денес. Очигледно коментарите ви се базираат на претходните 2 утакмици кога не постоеше и покрај тоа што фати во двете утакмици 2 клучни топки, но денес да го критикуваш при 13 интервенции и 37% одбранети удари во најмала рака е срамота. Точно дека можеше да собере уште некоја топка, но сепак одигра денес натпревар кој што мислам дека е врв од него, барем според бројот на одбранети топки и процентот.

Што се однесува до вторава фаза јас сум голем оптимист, како што веќе и пишав после утакмицата со Словенија. Ја очекував Унгарија место Чешка, но чесите изненадија бааги и никако не смееме да ги потцениме. Победа од 6 разлика против Унагарија и победа против Данска се нешто кое што јасно укажува на фактот дека поседуваат и они одреден квалитет. За Шпанија и Данска нема што многу да се збори, но мислам дека можеме да се надигруваме и со нив. Квалитетот е на нивна страна, но желбата за да направиме чудо е на наша страна, а и утакмицава со Германија треба да ни биде ветер во грб и показател дека можеме со секого да играме. Доста важно за нас е и тоа што влегуваме со 3 бодови како првопласирани во втората фаза и со паметна игра може и тоа како да се искористи ваквата предност. Ќе имаме доста зафрканти 3 меча во оваа фаза, но и Шпанија и Данска ќе мора да играат против незгодни селекции па се може да биде. Германија сигурно сеуште се гледа во 1/2финале и со тоа може слободно да се очекува дека ќе влезат со 200% во трите утакмици, а и со Словенија постои можност за кикс на Шпанија/Данска или барем да изедат саглам ќотек :D Како и да е, влегуваме со предност и со самото тоа сега се зависи од нас, а ако се влегува од натпревар во натпревар со ум како и до сега мислам дека крајниот резултат ќе биде ептен добар за нас. :)
 
Последно уредено:
После овој натпревар, мора да веруваат нашите дека можат против секој, па зашто да не ја победат и Шпанија.
Мислам дека нашата шанса треба да ја бараме против Шпанија и Чешка.
Лошо е што последните две ги играме без никаква пауза, а Данска ќе има дури 3 дена пауза.
 
Го следев во живо како копиљ:pipi: првиот официјален меч на :oeoeoe: што се играше во Битола, е сеа не ми текнува дали со Бугарија или Холандија беше,:icon_mrgr: оттогаш поминаа речиси 25 години, на прсти се бројат мечевите на репката кои не сум ги следел ( макар и на радио, на времето кога даваа, КОЛЕГА СИПКОВСКИ ДАЛИ СЕ СЛУШАМЕ):pos:, досега вакво нешто од наша страна неам видено
Ваков меч против една репка како Германија не паметам да сме одиграле досега, не зборам за бодот. играта ја гледам.:bravobe:
Посебно во второ полувреме, она шо го изигравме денес во второ полувреме во двата правци е за ракометните учебници, ако некогаш некој издаде книга/ правилник за ракометни тактики за оваа наша игра треба да посвети посебно поглавје, нека ме поправи некој, дали 2 или 3 топки изгубивме во напад, игравме игра без тие вообичаени turn-овери, страшно нешто, ниту чекори, ниту пробивање, ниту престап, карактеристика која не следи децении наназад.
Ова денес беше FULL HD SMART ракомет, невидено досега, барем не на ова ЕП, ваков плански ракомет како ние шо изигравме денес посакуваат сите тренери, па уште кога е одиграно од нас уште повеќе дава тежина.
Да играш ти против европскиот првак речиси цел меч со играч повеќе, и да не изгубиш глава и концентрација навистина треба шо би рекол Столе муда,:pipi:
Ќе го сонуваат Жарета Пешевског, ејјј со Жаре, Талески, Кузмановски , Поповски, играчи кои играат или до вчера играа во наша лига им играме на Швабите:cool:
Ги искина Поповски на одбрана , браво за малиот, вистински потег на Рауп шо го седна Џомба, деконцентриран тоталка е на цело ЕП, се испука со Србите и го снема.
Талески:aplauz:, конечно се одважи МАКАРОНАТА ( шо би рекол @Џонтра Волта ) :ROFLMAO:,покажа зошто е во Бундес Лига, браво младиќу(y), и Кузмановски заслужува пофалба.
Можеби требаше и во второ да добие некоја минута, но Жути добро си ги работеше мајсторот, оној старт, односно бодичек од Вебер не смееа да не го видат судиите, но да не се жалиме, повеќе од задоволително беше судењето,
За последниот напад, шта речи? Штета, каква акција, по сончоглед ги испративме сите тие њемачки киклопи:vozbud:, штета за Столе, можеби требаше малку повеќе да се задржи во тој шут, да го види Силвио залижаниот каде ќе се отвори, но и овај шут беше повеќе од добар, едностано камикази стил тргна Силвио и рефлексно го пресече ударот, ја погоди страната, рефлексно ја испружи раката и баш таму го погоди, тоа е, нема жалење, секоја чест за Столе, онај гол што го закуца во второ е гол на досегашниот дел на ЕП ( според мене), машина.
КОЈА ЛЕГЕНДА, КАКВА ХАРИЗМА, едноставно НЕПОВТОРЛИВ ЛИК, УНИКАТ, кој цар, реакцијата, ставот, и изјавата при последниот тајмуаут, ,ааааа:vozbud:
ЛАЖЕН ЦЕПЕЛИН:zver::kruna:
Околу одбраната, навистина машки изигравме, конечно, со прекини, со густина, по којзнае колку време(y)
Промена на формација, прилагодување кон играта на противник, се гледа Раул импактот, која легенда од тренер:kruna:.
Да напрајме една разлика-лани на СП кога игравме со Чиката 7 версус 6, и сега, значи не е само до формација, тактика, многу работи, детали, ситници, финеси како селектор мора да ги разработиш како селектор за да изгледа на терен онака како што изгледа(ше).
Не доаѓа успехот во модерниот ракомет само со МАФТАЊЕ СО РАЧИЊАТА, АЈМОООО ДЕВОЈКЕ:icon_mrgr:, ТИ ЧЕШ МЕНИ ЛОПТЕ ПРОДАВАТ:ROFLMAO:,
Боре ОК, задоволи, процентот над 30%, супер, но голема замерка за тие поставувања од крило, и кога некој од бековите ќе влета со шут од странична позиција, колку не знае да се постави страшно, баш го пратев во второ кога ни закуцаа голови Ванјнхолд и Грецки, првиот пат ја бранеше РЕКЛАМАТА, значи буквално излезе и подалеку од прва статива, па јас да одев во таа акција шо појма неам од ракомет ќе дадев гол:facepalm:, исто и Грецки кога закуца, цел гол незаштитен, тотално лошо поставување, да го имаше ова ќе беше повеќе од солиден голман, вака ќе си остане топло-ладно стил на голман, но да не го критикуваме на секое, денес повеќе од солиден, скина тоа што требаше, на крај и два тешки шута, можеби и клучни, се надевам дека ќе се поправи за Вараждин.
Кога сме за вториот круг, џабе прајме математики,
КОЈ САКА НЕКА ДОЈДЕ
, со ваков пристап на игра нема од шо да стравуваме, зошто да броиме кој колку бодови собрал?
Треба да одиме од меч во меч, од противник до противник и да си ја играме нашата игра, и нема од што да стравуваме, другите нека се замараат со нас.
Од кој да стравуваме?
Шпанија долги години не била толку да ја наречам скромна.
Се гледа, не се тоа што беа, иако сеуште се одржуваат, и реално не ни одговараат според играта, но за се има прв пат, ако некој знае да измисли лек за нив е Раул.
Данска, кога можеше една Чешка со нив нема од шо да се плашиме, и тие си имаат големи слабости, само треба да ги пронајдеме, лани на СП им се случи Унгарија, сеа Чешка, зошто и ние да не ги тепаме препотентните Данци?
Чешка, редовни пациенти ни се, иако во гости имаме имаме мака со нив, зедоа сила, искрено ни на сон не ми идеше дека една Чешка ќе има две победи во таква група, па уште и денес ја тепаа Унгарија предводена од Врањеш со 6 комада, со цела артилерија од Веспрем и Сегед.
Мора сериозно да се удри на овие, да им покажеме кој е кој.
И на крај, за нас е подобро што ќе играме во Вараждин, помала сала, далеку поакустична од огромната Арена, доколку се зголеми бројноста на "бригадите на фалангата":icon_mrgr: би требало да сме како дома, а кога играме како дома сме сосема поинаква репка.
Нека одморат сеа, па да се удри машки на Фуријата, да ги ишлакаме нив и ќе нема ко нас.:oeoeoe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom