Прилично добро изгледаше таа 7на6 игра во напад,7 гола од пикер,односно 8 со голот на Никола Маркоски,плус тие два пробиви на Жути во 6,ова ти се 10 гола баш заради тој ВИШОК шо беше во напад,премалиот и нетипичен број на технички грешки беше уште еден фактор плус,а и упали тактиката(најверојатно ова беше интенцијата)ДА СЕ ИЗМОРАТ ТУНИЖАНИТЕ,со оглед дека немаат ротација и клупа,на крај успеавме да ги дочекаме нашите 10ина минути,почнаа тие да маваат,не се прилагодија на слабиот и многу чуден(налик кошаркарски)критериум на ДЕЦАТА НА КИМ ЈОНГ и толку беше,21 гол за едно полувреме не паметам да сме закуцале ЕВЕР,па ниту со тие индијанци како Иран и компанија кога игравме,не е мала работа да се дадат 21 гол за едно полувреме..
Е сега малце заебана е оваа тактика шо на долг рок не е препорачливо да се користи,посебно ако играш цел меч така,зошто?
Пред се зошто ќе играме против селекции како Словенија која има долга клупа,страшно спремни играчи за игра во одбрана,знае Вујо да намести одбрана,овде можно е да налетаме на нагазна мина,ќе мора сериозно да се спреми тактика за дежелата.
Имаат и опасни дефанзивци,пред се Цингесар кој ќе оди на Кире,тројца суртуци од пикери кои играат доста грубо во одбра,Потеко,Габер и Благотиншек,доста добро се движат во зона,ќе имаме проблеми.
А ако имаме проблеми и се намножат техничките грешки ќе нема АМНЕСТИЈА ОД ГОЛОВИ НА ПРАЗНА МРЕЖА,вчера во прво не примивме ниеден гол на празна мрежа,во второ сркнавме некој гол,со брза и технички поткована селекција како Словенија лошо ќе е,плус имаат широка клупа и сигурно нема да има умор овде.
Ќе видиме како ќе оди,јас мислам имаме шанси со Словенците,не сме без шанси,и тие доста играчи изоставија.
Имаат два млади дебитанти како Ник Хегинман кој е бекап за Мачковшек на лев,и Тилен Кодрин на лево крило.
Во одбрана ќе мора да се затегнат штрафовите,не смее да има простор,играчи како Доленец,Кавтичник,Безјак,па и Јанц можно е да го пребацат на десен по потреба,Мачковшек ако има простор можно е да напрај беља,ќе мора сериозно да се спремиме,имаме шанси да ги чукниме,должници ни се.
И голманите ни се по мерка,Скок и Каштелиќ,треба да имаме добра игра,само ќе мора нападот повеќе да се рашири кон левиот бек,мора да се ослободат и Талески и Нелоски,кога ќе ја имаме таа ширина ќе е полесно,тогаш ќе има повеќе простор и за комбинации по таа страна,вчера се преку десната страна одеше,посебно во второ,мора да искористиме овде.
Сега уште повеќе ми е криво шо се повреди Кузмановски,како кец на десетка беше ова дете за оваа репка,имаше партали да напрај,кај се повреди кај се запусти,дуел игра,финта со тело,добар прв чекор,знае да влези во зона од 6,да испуца од место,при трк,играч како шо ни е повеќе од потребен,за разлика од ДВА СТАТИЧНИ ТОПА како Нелоски и Талески на кои им треба далеку повеќе простор и работа за да распалат,Вилипче веќе не го ни сметам

Со Исланд ќе имаме и со нив мака,тие за разлика од времето почнаа да играат РОВОВСКИ РАКОМЕТ,многу малку голови паѓаат на нивните мечеви,значи играат и одбрана,а нападот не им е како на времето,но знаат да бидат опасни,овде и ние ќе мора да се прилагодиме,барем за ваков антички ракомет поголем специјалист од Лино нема

На негов терен се

Вчера одлична одбрана изиграа Исланѓаните во прво,во второ не можеа да фатат ритам,сепак со Шпанија не се садат тикви.

Ги уништи Де Варгас во второ.
Иако според она шо го покажаа во прво ќе мора да се сфатат максимално сериозно,и не се толку БОСИ како шо многумина мислат,имаат уште некои интересни играчи кои ако добијат простор ќе пуцаат,пред се Карасон на десен,Гудмонсон и Атласон на лев,стариот добар ГУДЈОН,лудакот Густавсон на гол,искина вчера

,и овај пикерот Арнасон не е лош,ќе ни напрај бељи ако не се внимава на него.
Ова ни е сеа домашната задача,брзата и технички поткована Словенија на чело со Вујо кој добро го знае Лино и нашите играчи,и Исланд кој напрај ТОТАЛЕН РЕСЕТ.
Една победа против овие е полна капа,да се избегнат Французите во 1/8 финале,со сите други имаме шанса да играме.
Норвешка не е ни налик од лани,вчера се изнамачија против третата постава на Полска,односно сеа е прва постава

,Русите се наш ков и имаме шанси со нив,плус САМСОНИТ КОНЕКШН.

Сеа да се одморат добро,да се уфрлат во игра со Ангола сите резервисти,да добијат на самодоверба,да се навикнат на играта,истото важи и за голманите,па одморни да ги чекаме Словенците.
Со Шпанците да се проба,ако ни дозволат да играме,ако не да се чуваат силите,и тие доста сменија,многу нови ФАЦИ,како Гони на лев,Фигуерас на пивот,исто и Балагуер како замена за Томас на десно крило,полека ја менуваат генерацијата.
Да се проба и со нив,не се и тие семоќни,само да не се предадат уште од старт како во Данска кога игравме на ЕП,со бело знаме уште од старт излеговме,таков пристап не смее да има,да се игра машки па колку ќе успееме,па да сме на чисто до кај ни се можностите.