Група Б(MKD,CRO,ESP,JPN,BAH) - Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата The Accountant
  • Време на започнување Време на започнување

Кои репрезентации ќе ја поминат групата?


  • Вкупно гласачи
    131
Само едно ми е во глава, што иднина имаме ние во ракометот?
Борба за пласман на ЕП, и ептеен среќа ако ни се поклопат да отидеме на СП.

Да се пласираме на СП 2023 изгледа како ептен тешка мисија од овој аспект[DOUBLEPOST=1547672874][/DOUBLEPOST]И џабе се сите муабети за ЛОИ кои допрва ќе се водат АКО ги тепаме Исланд.

Шансите за топ8 на првенствоов се непостоечки...

И рековме и пред првенствово, нема да биде крај на свет дури и ако изгубиме со Исланд и не одиме понатаму, реално толку ни е силата.

Дури во моментов не ми е сигурно и дали ќе завршиме меѓу топ 14, пошто ако изгубиме од Исланд ќе играме против Србија/Русија, што не се ништо полоши од нас.
 
Имам ппмалку и повеќе веројатна теорија
Повеќе веројатната:
Раул го има искритикувано лицето Ф.Л. и лицето К.Л застанало у одбрана и се има случено пиздарија у соблекувалната после која безволно излегоа и неразбирливо Кире да игра исто 3 пати при изгубена два пати топка на таква акција.
Помалку веројатна:
Гласале у соблекувална дали да играат до крај или да ја предадат и да се чуваат за Исланд
 
Леле каква мртва атмосфера има у студиово, во болници има повеќе атмосфера :ROFLMAO:
 
Не знам што промени барате од Кире и од Раул. Не сте слепи за да видите дека топки од раце им паѓаат. Нема врска со кого ќе игра, освен Кире, Столе, Манасков и Пешевски другиве не може гол да помирисаат.
Огромна е разликата меѓу прва постава и остатокот, вториве се на ранг на РК Бутел.
Мислам дека уште може да извадиме нешто со Исланд, го чуваме најдоброто за крај.
 
Хахааааха каков цар

"Па добро, младите играа 20ина минути, и ако така гледаме разликата беше само 5 разлика што и не е така лошо"

:pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:
 
Децава и онака не ги биваше у СЕХА, после полувремево трамуми ќе имаат, па можда и ќе се свестат дека се само материјал за македонска лига и ќе зи бараат некоја друга работа. И онака нема пари у македонски ракомет, а нив не ги бива за поише. Можда за келнери ќе ги биде.

Каква иднина имаме у ракомет, доволно е да се види дека Горан факинг Крстевски догура до репрезентација. Дечкото игра среден бек, а е поспор и од успорена снимка (таков си беше и у Металург и сега), нема шут, нема скок, а нема ни некоја интелигенција за разигрување.
Чурлевски, со 26 години, максимумот му е Еурофарм.
Танковски покажа муда у ЛШ и СЕХА, али првенствово најверојатно само замена за Деки бој ќе биде.
И најисфорсираниот, Талевски. Две сезони е во РНЛ, игра таму у една од најдобрите екипи у дефанзива, а него кога го гледаш те фаќа малку жал и повеќе срам. За напад нема што да се коментира, се јадат до Филипче на Кире, кој е помизерен, кој ќе ги сокрие мудата подалеку од сала.
На Гоце доста му беше од репрезентативни настапи. Нека си ја гледа Романија таму.
Деки бој стандардно. Секогаш имал проблем со шутирање од позиционен напад. И треба да му се забрани да шутира на празен гол. Од десетина шутеви до сеа што ги имал дали два пати има погодено.
 
Мошне интересно е колку послободно и со колку поголема самодоверба игра Фитиљот кога не е со Кире во истата постава.

Не знам колку е до Кире а колку е до тактиката. Ми личи дека е повеќе до второто. Кире јасно е алфа и омега во нападот (особено при 7-6), а Кузмановски е посоодветен за 6-6 и улога во која ќе има значајна креативна одговорност.

Ако заборавиме на исходот, мислам дека тој, заедно со Митревски и Пешевски се единствено позитивно нешто од натпреварот.

Кога веќе се направи таква одлука и се укажа можност, штета само што не ја виовме реалната "идна" постава на Македонија на теренот(Манасков/Талески/Кузмановски/Серафимов/Поповски/Пешевски), па дури ни само бековскиот дел.
 
Ја продадоа факт е понаместена неможе да биде. Губиме од Исланд тоа е последно ќе ни биде европско првенство ако се пласираме и потоа ќе се сеќаваме дека некогаш сме биле 5 во европа..
 
Не мислев буквално дека ако тепаме, ќе завршиме работа туку дека немаме дисциплина во било што да работиме. Еве ти доказ, за 3 мин. ни начукаа 5 гола како од шала. Утакмицата е веќе решена, можи и да смените канал, не е интересно веќе. Од секогаш сме биле екипа за едно полувреме, во сите спортови. А за утре, колку и да сакаме сите да победат и одат понатаму, заслужуваме да не наполнат до даска, едно 10-12 разлика и да не пратат во президент купот.
Па нормално дека е готово 100 зицери утнавме, милион технички...
Не сме екипа за едно полувреме баш напротив, сме играле егал со мн посилни до крај ама сме имале барем 3ца играчи од клупа и далеку поквалитетен прв тим.
 
Борба за пласман на ЕП, и ептеен среќа ако ни се поклопат да отидеме на СП.

Да се пласираме на СП 2023 изгледа како ептен тешка мисија од овој аспект.

Среќната околност е што ЕП од 2020 преминуваат на 24 екипи, а СП од 2021 на 32, па ќе се олесни малку пласманот на самите првенства (што можеше и да се очекува со оглед дека е рипнат бројот на квалитетни репрезентации особено во Европа). Едино е прашање колку од тие 32 ќе бидат од Европа. Сега се 13-14 од 24. Ако се под 20 од 32 пак ќе биде тешко до СП да се стигне.
 
Какви црни олимпијади какви бакрачи немаме сила за 12 најдобри во светот.
Многу ме нервира што се плука по Раул, ако не воведеше 7-6 систем да раздвижи и да забрза греојте немаше да ни се гледаат понекреативни сме во напад од Бахреин со тандемот филиповци и кузмановски силеџијата безглава. Толку се можностите бе шо мислиме ние нема шо да се криви ни Киро толку е квалитетот еден играч само дели повеќе од другите. Евентуална победа над Исланд е награда за вложениот труд и нашите нерви :D мада мислам дека и со нив ќе форсираме вакво темпо 40-50 минути и силата и поединечниот квалитет нивни ќе не реши.
 
Како најодговорен виновник за овој потоп е тренерот.
И време е да се каже ова, без разлика какви успеси има на клупско ниво. За теорија можеби е најврвниот тренер во светот, но за практика?
Одбраната е катастрофално подготвена. Централна одбрана поставува двајца ракометари кои делуваат како да се паднати од Нептун, и кои имат слаби рефлекси.
Во напад упорно го форсира Филип Лазаров. Зошто? Има искуство ќе речете.. да, искуство да предава топки, и да пополнува место. Каков е тој централен бек што не може да распали и да го повлече тимот? Прво полувреме упорно започнува и со Гоце Георгиевски. Зошто? Има искуство ќе речете.. да, искуство да промашува зицери во моменти кога се крши резултатот. Го става Поповски во игра кога е веќе залудно.
Цело прво полувреме рамноправно играа. Како може од тоа, за две минути се да се сруши? Каде е да повика тајм-аут? Каде е да викне со повисок тон? Каде е да ги мотивира овие играчи? Да ги разбуди? Слабокрвно молчи, мирен е. Најверојатно и тој како Гоце мисли дека се игра општинска лига.
Каков е тој тренер што се откажува на 20 минути пред крајот?! Да им се направи две исклучувања и се враќаш назад во игра. Да, толку едноставно е.
..Со мислите биле кон Исланд вели коментаторот.. Свесни се дека утре ќе им биде потешко?
Свесен е Раул дека е поставен да ја води македонската репрезентација? Што толку сите велат дека требало да се одмарат ракометарите? Ако е така, нека не се ни појавуваат на овие шампионати. Отидени се таму да играат за својата држава и народ, да се докажуваат. А не да калкулираат на ваков начин. Се одмараат за финале?
Што се однесува до Шпанија, и коментарите кои ќе не преплават од типот: Појаки се од нас.. Воопшто не е така. Таква слаба шпанска репрезентација одамна не е имало. Толку технички грешки, пречки, за таква божем јака репрезентација е смешно да се каже.
Чекам да играт со Данска/Германија/Франција, па да видете каков потоп ќе им направат. Затоа што имат тренери што сериозно си ја сфатиле работата, и не им е се исто. Затоа што овие за разлика од нас, ракометарите им играт машки, со борбен и победнички дух, со жар, со ум.
И за крај, за овој коментатор на МРТ ние плаќаме?
 
Абе чим Филип Лазаров успеа да изнуди онаква нервозна реакција од Раул одма станува јасно за какво дно од ракометар се работи. Еј Раул, мислам дека во животот го немам видено да викне а денес пред нервен слом се наоѓаше ради копитово.
 
Lazarov vo izjavana posle mecot izgledase i indirektno kako da kaza deka go pustija vtoroto poluvreme i se cuva za utre, taka mi izgledase
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom