Група 2 (MKD, ESP, DEN, GER, CZE, SLO), главна фаза - Вараждин

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување

Кои две селекции ќе одат во полуфинале?


  • Вкупно гласачи
    137
  • Гласањето е завршено на .
Има ли шанса да е сценарио некаквп повредата на Лазаров? Да го извади у последен момент против Чешка?

Sent from my SM-A520F using Tapatalk
Поверојатно ми е дека почувствувал некоја мала повреда, па заедно одлучиле да не ризикуваат. Голем прашалник е дали и со него ќе можевме да им парираме ептен. Помала разлика ќе беше секако.
 
Малку побрзо мора да се игра со Чешка, и крилата да бидат на ниво зашто Мрква будалата јако ги бранеше тие шутеви. И Велкоски се надевам е веќе во автобус за Скопје.
убаво имаше пишано некој порано за Велкоски.. шо не земе да си заврши некој факултет за спорт секако не го бива..

Sent from my SM-G925F using Tapatalk
 
Некогаш ќе речат Кире изиграл слабо или многу промашил. Денес се виде колку фали во тимот играта во нападот без него беше катастрофа . Самото присуство негово отовра простор за другите бекови. Противничките одбрани посебно внимаваат на него па има простор за Миркуловски,Талевски или Кузмановски.
 
Што беа дрва сите, беа. Туку прашањето ми беше кој го излажал оној Велковски дека знае да игра ракомет? Абе Митков на 186 години ќе изиграше подобро од него. Ако ништо друго ќе ги разликуваше боите па немаше да подава на црвените цел меч.
 
Моите 5 збора за утакмицава:

1. Шпанија е многу потценета, што од нас/вас, што општо на првенствово. За разлика од Германија и Данска, фуријава имаат концепт во напад и одбрана. Имаат тренер кој не се губи и кој не е лесно да го надитриш. Ги пишав и пред почетокот, нема да ме изненади да стигнат до финале па и да освојат. Единствено Франција и Данска би ги чукнале, евентуално Хрватите, Германија ќе ја утепаат у последното коло.

2. Многу глупо ги мешате поимите „чување на силите“ и „лузерски менталитет“.
Чувањето на силите, калкулирањето со играчите, отпишувањето на утакмица пред крај - НЕ Е ЛУЗЕРСКИ МЕНТАЛИТЕТ.
Напротив! Одлика на голема репрезентација е да калкулира со силите. Погледнете ги Франција и Данска како постојан пример на првенствава.


Проблемот кај нас е што гапот/разликата помеѓу нашите главни играчи и резервните е огромен. Разликата во квалитет меѓу нашите главни 5-6 играчи и останатите е неспоредлива.
Затоа се деси тоа денска. Една работа е да ги одмораш најдобрите, друга работа е што нивните замени не знаат основни ракометни работи кои се учат на 15 години. Не е страшно при 2-7 на противникот да се откажеш од утакмицата, можеш да се откажеш со влечење на нападите до пасивност и умртвување на играта. Нашиве дечки губеа топки на пола терен, имаа сто неуспешни додавања.

Да шутираа барем и Варгас да им ги испофати, немаше да имаат никаква критика.

3. Тука доаѓаме до моментот на реалноста за нашиот квалитет. Ова е нашиот „квалитет“ дечки. Затоа цело време пишував дека тоа што завршивме први во група со овој тим е огромен успех. Сега се покажа дека ова е убедливо најслабиот тим што сме го имале досеа според индивидуален квалитет. Затоа калкулациите за полуфинале беа тотален нонсенс. Тале и Кузмановски имаа по еден breakout меч, но се претера со очекувањата од нив. Друго е еден меч, друго е да го изиграш цело ЕП на ниво.

4. „Еве вака ќе изгледаме без Кире“
Ни малку точно според мене. И со Кире во составот денеска бевме изгубени. Проблемот не е во тимто без Кире, колку што е проблем неговата директна замена. Со бар просечен десен бек, Македонија и понатаму (под услов тука да имаме добар тренер Раул или друг) ќе биде репрезентација која ќе учествува на ЕП.



5. Тука доаѓаме и до последната точка.
Уште кога видов дека заминале некни да слават со фановите, сигурен бев дека со тоа не се согласува и Раул. Океј е да ги испоштуваш навивачите, ќе ти дадат дополнителен мотив и слично. Ама песни, пиење и веселби сред тековно првенство, тоа треба да го искорениме.

Не викам ја овде дека се начукале ко кошаркарите на времето, туку мислам дека со самото тоа доаѓа до опуштање во тимот.

И тука на крај доаѓа она FYROMското во мене кое го споменав за време на утакмицата, а тоа е страв да не се испоFYROMчиле пак и во репрезентацијата. Страв од тоа тајмаутот со лажниот цепелин да не се префрилил и вон терен, па имало кумување кој го има задњиот збор у репрезентацијава. Затоа што денешниов меч личеше на таков, распашана и раскарана банда, со непочитување на тренерот, меч какви сме имале многу за жал изминативе првенства.

Тоа ќе биде најлошото можно сценарио за нас, поразот е минлив. Се надевам дека не е така и дека, дека Кире ќе игра на наредните утакмици и дека ќе му се даде целосна потчинетост на Раул од играчите. Оти ако и на ваков тренер му правиш заврзлами ради лично его, ондак не заслужуваш ништо освен да останеш лузер.

Чешка и Данска се јаки репрезентации, но за разлика од Шпанците, повеќе ни одговараат, чудо против една од нив е возможно, ако си ги консолидираме редовите.
 
Последно уредено:
Пуштете на телма моментално почнува репризата. Сега подобро ќе се увидат грешките.

Sent from my SM-A520F using Tapatalk
 
Кире се повредил и одма капитулација. Абе играј таму па макар изгубиле и 20 разлика, покажи борба, што имаш да изгубиш кога веќе сметаш дека покакана е работата.

Да се самодемантирам дури сум во елемент :D.
Всушност, со кој да играат кога втора постава како што вели еден член погоре, сето камења, се влечкаат ко црева по теренот, топката од раце му паѓа. Исто како да носиме два различни тима, еден од прва лига и друг од трета. Ние игравме со тимот од трета лига цел натпревар, тактички или не така ќе изгледаме во иднина, пошто тоа камењата што се тркалаа по теренот наводно се нашата иднина. Ги наполнаа гаќите од старт, никаква воља за докажување. Се штеделе сили, кои сили бе? На Талески, Велкоски? Има лом да не направат Данците ако се крстиме во нив да не вадат од гомна. Ваков таков без Кирцата се виде колку е саатот. Цела игра и тактика за оваа утакмица а богами и за предходните изгледа беше ставена на негови рамена. Една карика недостига и цела игра колапс.
 
3. Тука доаѓаме до моментот на реалноста за нашиот квалитет. Ова е нашиот „квалитет“ дечки. Затоа цело време пишував дека тоа што завршивме први во група со овој тим е огромен успех. Сега се покажа дека ова е убедливо најслабиот тим што сме го имале досеа според индивидуален квалитет. Затоа калкулациите за полуфинале беа тотален нонсенс. Тале и Кузмановски имаа по еден breakout меч, но се претера со очекувањата од нив. Друго е еден меч, друго е да го изиграш цело ЕП на ниво.



.

Не знам на кој му објаснуваш..луѓето кај нас се толку спортски неписмени што не знаат основни правила во ракомет и кога ќе губиме почнуваат со теории на заговор како "Раул му ја пуштил", "Кире намерно се повредува"..ги вреѓаат играчите "ретардирани дечишта" и му пцујат се по список...а не се свесни(или се прават ненормални) дека квалитетот на нашата репрезентација е тој и со самиот пласман во втората рунда ние веќе направивме успех..очекуваат од играчи што до вчера играле во нашата рекреативна аматерска Фиромска лига каде нема основни услови за ракомет, да се носат со искусни и докажани играчи на Европско ниво ....

Јас разбирам дека Тале и Фитиљот внесија нова димензија во играта но тие не се сеуште зрели и стабилни играчи што можиш да се потприш во вакви случаеви...проблемот кај нас во овој момент е тоа што играта комплетно ни зависи од Кире и ако тој е отсечен тогаш крилата (Манасков и жолтиот) се играчите кои превземаат а тие го немаат потребниот квалитет(како врвните репрезентации што имаат јаки крила) да поентираат во зицерашки ситуации...и двата во просек се половични што е одлика на просечна екипа(жолтиот од кога замина во Романија можи и полош е)..додека Столе е во глобала добро затворен бидејќи противникот лесно не чита во нападот.

И со Словенија и Германија бевме прочитани во нападот каде Столе неможеше да мрдни..но добрите резултати беа во глобала сплет на околности посебно со Словенија каде пропаднаа во почетокот на второто полувреме и секако тактичката умешност на Раул добро да ги изротира играчите...ама со овај фонд на играчи резултатите се тие и неможиме да очекуваме брда и долини.
 
Лоша утакмица, по лошо неможеше да биде, немаме сили да се носиме со Шпанија и тоа е факт, добра работа направи Раул што ги повлече "клучните" играчи за да ги имаме живи и здрави на лагер за средбите кои не очекуваат.

Шпанија одсекогаш е "немилосрдна" за нас во секој спорт, секој дуел соочен со нив ни се случува потоп, понижување.. таа Шпанија ни ги згасна надежите и во кошарката во 2011.
Мора да се избегнува фуријава, многу лесно се прилагодува на тој "балкански стил" игра, и на сите балкански селекции им дели лекции во секој спорт, не само во ракометот.
Интересна е статистиката што никогаш не доживува пораз од "просечни" селекции како нашава, може да загуби од некоја "крем" селекција како Данска,Германија,Франција .. ама никако не си дозволува "изненадувања", ги убива во поим таквите противници, им дели лекции до понижување, како што беше случајот со Чешка, а еве и ние го стекнавме ова искуство, за жал.

И 200% од можностите да ги оставеа ракометарите на терен, не верувам дека би оствариле позитивен биланс против Шпанија.
Оваа катаклизма може да ни донесе психолошка "предност", и да изгледаме како Чешка во престојните натпревари... со зачувани играчи, оладени глави, "борба" за успех..
Но секако, може и негативно да влијае врз играчите, сеуште се надевам на ова првото.

Е сега, доколку е повреден Киро, искрено нема што да бараме понатаму, самиот Киро и ништо да не одигра како што кажа @Xsago , секогаш му се обраќа најголемо внимание, па така другиве играчи би искористиле, а реално Киро е вистински ментор, дели асистенции, погодува кога најмногу треба, баш како што кажав, ја има оваа менторска улога во тимот и пак е најбитна алка без која цел систем би ни доживеал тотален распад.
Затоа што не е лесно за 1 ден да ја промениш хемијата во составот и да очекуваш резултати, Раул уште кога е тренер овде за ова ЕП го има насочено на Киро како ментор, секоја топка да зависи од него, не за џабе е во топ 5 асистенти.
Значи ако го нема Киро буквално доживуваме катаклизма и нема што да бараме шанса за пролаз даље.

@DimceY
Јас го пишувам тоа за Велковски во секоја можна прилика, детево уште во Металург Јуниор беше еден од најслабите, и премногу чудно ми изгледа што доби дури шанса и во репкава...значи чудно ми е што во 2018 ова дете го гледам како репрезентативец, а во 2014 беше еден од најслабите поединци во јуниорите на Металург ... :toe:
Позицијава десен бек е немилосрдна и бара пред се добар шут, висина, физички предиспозиции за да ги издржува дуелите од противничките одбрани, да се носи со нив, да биде во тек со модерниот ракомет да покрие во одбрана т.е да биде специјализиран за во два правци.
Велковски нема ништо од тоа, т.е не е за ракомет.

Среќно против Чешка, сеуште се надевам дека може да ја искористиме оваа шанса за успех.
:oeoeoe:
 
Да се самодемантирам дури сум во елемент :D.
Всушност, со кој да играат кога втора постава како што вели еден член погоре, сето камења, се влечкаат ко црева по теренот, топката од раце му паѓа. Исто како да носиме два различни тима, еден од прва лига и друг од трета. Ние игравме со тимот од трета лига цел натпревар, тактички или не така ќе изгледаме во иднина, пошто тоа камењата што се тркалаа по теренот наводно се нашата иднина. Ги наполнаа гаќите од старт, никаква воља за докажување. Се штеделе сили, кои сили бе? На Талески, Велкоски? Има лом да не направат Данците ако се крстиме во нив да не вадат од гомна. Ваков таков без Кирцата се виде колку е саатот. Цела игра и тактика за оваа утакмица а богами и за предходните изгледа беше ставена на негови рамена. Една карика недостига и цела игра колапс.

Данска има посекако да не претепа,не гледам каква одбрана ќе му изиграме на Хансен ....партал ќе не направат по крилата ..Чешка се тешка бедотија од екипа и нивната утакмица ќе биди држ-недај.
 
Малку е депресивно и у најмала рака благоретардирано да се сомневаш во можностите на Раул, менаџер кој пред 6 месеци стана европски првак на клубско ниво и веќе е договорен да работи како тренер на ПСЖ. Дефинитивно, благоретардирано во најмала рака.

Зошто играл со младинци, зошто Кире не го исфорсирал, а може да прочитаме и дека Кире сам се откажал :facepalm:
 
@DimceY
Јас го пишувам тоа за Велковски во секоја можна прилика, детево уште во Металург Јуниор беше еден од најслабите, и премногу чудно ми изгледа што доби дури шанса и во репкава...значи чудно ми е што во 2018 ова дете го гледам како репрезентативец, а во 2014 беше еден од најслабите поединци во јуниорите на Металург ... :toe:
Позицијава десен бек е немилосрдна и бара пред се добар шут, висина, физички предиспозиции за да ги издржува дуелите од противничките одбрани, да се носи со нив, да биде во тек со модерниот ракомет да покрие во одбрана т.е да биде специјализиран за во два правци.
Велковски нема ништо од тоа, т.е не е за ракомет.

Сите гледам го плукате Велковски дека слаб бил..мене искрено ме интересира дали постои друг десен бек во државата што игра ракомет и што можи да биди подобра замена за Лазаров од Велковски?(намерно не спомнав пристојна бидејќи тешко дека ќе имаме некогаш пристоен десен бек или воопшто играч како Лазаров)...факт е дека левичарите се поретки па посебно некој квалитетен леворак во ракомет...па ете со оглед на тоа дека Велковски е отеран упичку матер според тебе/вас кој треба да го викнат за замена за Лазаров?..најсериозно прашвам
 
Добро бе вие што викате дека на Раул му била "тактиката" намерно да им ја предаде утакмицата на Шпанија за да се фокусираар на Чешка и Данска мрднати да не сте бе? Не без заебанција, искрено ве прашувам, нормални сте што пишувате?!!!

Или па тие дека на Кире повредата била лажна и "дека тоа било дел од тактиката" не ги видовте солзите кај Кире? Човекот од фрустрација што нема да може да го продолжи натпреварот (се надевам дека не и првенството) ко мало дете беше расплакан.

Не е нормално какви ликови држи форумов човече.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom