Лоша утакмица, по лошо неможеше да биде, немаме сили да се носиме со Шпанија и тоа е факт, добра работа направи Раул што ги повлече "клучните" играчи за да ги имаме живи и здрави на лагер за средбите кои не очекуваат.
Шпанија одсекогаш е "немилосрдна" за нас во секој спорт, секој дуел соочен со нив ни се случува потоп, понижување.. таа Шпанија ни ги згасна надежите и во кошарката во 2011.
Мора да се избегнува фуријава, многу лесно се прилагодува на тој "балкански стил" игра, и на сите балкански селекции им дели лекции во секој спорт, не само во ракометот.
Интересна е статистиката што никогаш не доживува пораз од "просечни" селекции како нашава, може да загуби од некоја "крем" селекција како Данска,Германија,Франција .. ама никако не си дозволува "изненадувања", ги убива во поим таквите противници, им дели лекции до понижување, како што беше случајот со Чешка, а еве и ние го стекнавме ова искуство, за жал.
И 200% од можностите да ги оставеа ракометарите на терен, не верувам дека би оствариле позитивен биланс против Шпанија.
Оваа катаклизма може да ни донесе психолошка "предност", и да изгледаме како Чешка во престојните натпревари... со зачувани играчи, оладени глави, "борба" за успех..
Но секако, може и негативно да влијае врз играчите, сеуште се надевам на ова првото.
Е сега, доколку е повреден Киро, искрено нема што да бараме понатаму, самиот Киро и ништо да не одигра како што кажа
@Xsago , секогаш му се обраќа најголемо внимание, па така другиве играчи би искористиле, а реално Киро е вистински ментор, дели асистенции, погодува кога најмногу треба, баш како што кажав, ја има оваа менторска улога во тимот и пак е најбитна алка без која цел систем би ни доживеал тотален распад.
Затоа што не е лесно за 1 ден да ја промениш хемијата во составот и да очекуваш резултати, Раул уште кога е тренер овде за ова ЕП го има насочено на Киро како ментор, секоја топка да зависи од него, не за џабе е во топ 5 асистенти.
Значи ако го нема Киро буквално доживуваме катаклизма и нема што да бараме шанса за пролаз даље.
@DimceY
Јас го пишувам тоа за Велковски во секоја можна прилика, детево уште во Металург Јуниор беше еден од најслабите, и премногу чудно ми изгледа што доби дури шанса и во репкава...значи чудно ми е што во 2018 ова дете го гледам како репрезентативец, а во 2014 беше еден од најслабите поединци во јуниорите на Металург ...

Позицијава десен бек е немилосрдна и бара пред се добар шут, висина, физички предиспозиции за да ги издржува дуелите од противничките одбрани, да се носи со нив, да биде во тек со модерниот ракомет да покрие во одбрана т.е да биде специјализиран за во два правци.
Велковски нема ништо од тоа, т.е не е за ракомет.
Среќно против Чешка, сеуште се надевам дека може да ја искористиме оваа шанса за успех.
