Тоа е, се што можеше лошо да се случи се случи....
Не е толку за високиот пораз. Ментални хаварии одвреме на време на сите им се случуваат. Повеќе е за повредата на Кире. Без него немаме шанси за 2 победи никакви, веројатно ни за една. А лошо изгледаше. Изгледаше како првенството да е завршено за него.
Инаку нема што да се каже за натпреварот. Страшна одбрана изигра Шпанија, Де Варгас растураше на голот се она малку што помина. И згора на се по само десетина минути се повреди Кире. Тоа е рецепт за тотален психички колапс. И затоа им паѓаа топките од раце, затоа сите тие изгубени топки... контрите... Само Борко и особено Митревски не спасија од тотална катастрофа. -11 дури и добро изгледаат со оглед на колку можеше лошо да биде. Нема да именувам поединци, сите крахираа под притисокот, што од народот/медиумите и тие несреќни муабети за полуфинале, но многу повеќе мислам од повредата на Кире. Џабе ги пцуете, лесно е од пред телевизор, ситуацијата во која се најдоа беше таква што и многу поголеми екипи се распаѓале, на сите им се случува. Примери има колку сакаш. Полска дома во 2016 против Хрватска за полуфинале, Данска дома во финалето против Франција во 2014та, дури и истата оваа Шпанија пред 2 години во финалето во Полска против Германија.... За нас овој натпревар беше исто што и финале... Тоа е, нема потреба од анализи, ова не е мерило ни за нечиј капацитет, ниту за можни резултати во иднина. И на Раул му е јасно тоа па уште во 15та минута го предаде натпреварот и ги одмори сите што треба да одмараат. Паметно.
Како и да е, одмор ноќва и разработување на тактика утре. Чешка не очекува за 2 дена. Потребна ни е победа. Секое место плус за нас е важно, нема откажување. А Чесите самите ни се доказ дека се е можно. После -17 од Шпанија во првото коло (32-15, многу поголема катастрофа од нашава), за 2 дена се вратија психички и ја тепаа Данска. Главите горе, одиме на победа до крај па што биде нека биде.